Жени малиов ми се нафрла на лицето со ситни црвени точки вечерва. Ми дојде на памет да не се сипаници? Не се полни туку само се ситни кругчиња. Ме фаќа паника пошто бебе е само 5 дена стар, да не му се пренесе нешто од него.. И друго, бебево има жолтица а на испис ништо не ни кажаа освен да го дојам. Сега дома изглрда ппжолт и ме фати страв. Надоле и нозете му се само без рацете и стапалчињата.
Вински оцет се става, не јаболков, не алкохолен, а и да е разреден и на топли нозе, не ако се ладни. Туширање, расоблечено дете, и многу течности. Ако цица, нека си цица постојано. Со помин ! На брадавички ми личат, вирусни. Ама тие не се појавуваат сезонски, па може и не е тоа. На кожно најубаво да го видат. Може реакција од сонце, од нечисто, од нешто полазено. А за малото, доење и сончање (не директно на сонце) на дневна светлина. Ќе се исчисти, обично се чисти од нозе нагоре.
Ако може итно совет, и педијатар ако има некој од вас. Син ми 2години пред 2 недели 2 дена имаше температура и една недела му беше растечен и затнат носот, оваа недела имаше само секрет, вчера ми крена температура 39.3 го носев на доктор црвено му е грлото и ми рекоа ако крева и денеска темп да испитаме црп и мокрача за антибиотик. Денеска крева пак 37.8 имаше, ама немам лабораторија шо работи денеска, дури утре. Матичната ми рече да дадам трицеф.. дали да дадам без испитување или да го носам пак на детско? Избезумена сум скроз..
Го слушнаа ли на плуќа? Мојот имаше слични симптоми,имаше спуштено и се лечи со инхалации. Проверивме брис ,немаше бактерија, кс беше уредна. На 7ми ден спушти на плуќа.
Белодробието му е чисто ми рече, само што сега кашла и гласот му е зарипнат. Тој од грлото крева темп па незнам дали да дадам антибиотик..
Јас сега давам антибиотик за грло. До сега беше без антибиотик за грлото ама сега ми рече дека мора дека било многу црвено. Послушај ја да не направите уште по лошо до понеделник.
Без брисеви? Јас сега сакав да го носам ако може денеска да му земат зашто вчера му беше малку црвено, а сега му се фати гласот. Температурата иста песна.
Абе уште да приметеше таа арно ке беше, вчера го носеше мм на преглед само сируп за шлајмот му дала, и од ко се вратиле дома тој му мерел темп 39.3.. Значи ни темп ни црвено грло приметила како можеше уште се чудам. После го однесовме на детско и ми рекоа дена не емн црвено да оставиме сам да се избори организмот, а ако крева пак да испитаме црп, затоа сум збунета јас..
Без брисеви. Што знам ја сметам за доста искусна докторка и не давала од рака антибиотици, до крај остава да се бори телото ако смета дека може. Смени педијатар. Ако не качува пак висока температура ваљда се намалува болката и црвенилото.
Добивме и ние антибиотик, искрено и затоа најмногу го однесов. Грлото беше црвено, едвај дише од носот. Па здравје, ќе видиме за брисеви дали ќе има потреба од понеделник.
Малиот пие антибиотик веќе петти ден, носето поднамали ама не нешто значително, секретот е жолт. Гласот му е фатен 2 дена, па се мислам да пробам со диво оригано или мал е? Друг совет да му помогнам со носето?
Диво оригано е над година дена. И прилично помага. На секретот му треба време да се среди. И обично без капки и чистење редовно на носот нема да се среди никогаш. Мора локално да се делува покрај системскиот антибиотик.
Година и 20 дена е. Му прскам Синомарин ама џабе е, само што ќе го исчистам одма се полни. Лесно го поднесуваат ориганото? Дека јас еднаш пробав и повраќав.
Исто е и син ми, петти ден со антибиотик и носот му течи, ама влечам со аспиратор и спреј му прскам. Ке се исчисти полека јас мислам не им треба нешто дополнително.
Веќе недела дена како почна да одбива вода прво во градинка, зошто не сакаше да оди, ама последниве денови и дома. Еве од 12 е дома нема две голтки испиено, ниту пак мочкал. Се сомневам и во градинка дека пиел. И со јадењето штрајкува ама колку толку јаде со водава ептен ме загрижува. Пробав секако и со уцени ( нема да гледаш цртани, неможе грицки, нема да си играме со тебе) ама не попушта. Незнам што друго да превземам
Мајки ве молам за совет, од кога тргнавме градинка дерман не видов. Имаме 2 год ,пред две недели црп беше 50 имаше шлајмови и ни даде педијатар амоксиклав , сега повторно со температура направивме крвна слика црп 18 и повторно ни дава антибиотик , мене некако не ми е овој пат бидејќи крева темп но сам спушта до кај 38 со 5, незнам што да правам, брисеви правев рез во сабота??