направи си урино култура, кај нас два пати со високо црп и температура излезе бактерија во мокрача и тоа од приватна градинка ја фати
И пред две недели сакав но бидејки неможев да му земам мокрача прашав дека доколку има нешто и во мокрача амоксиклавот ке исчисти
Напротив, мене педијатарот ми рече да му давам соленки кога беше болен,за да биде жеден и да му се припие вода да внесува течности. Ако има бактерија во урина си пишува на антибиограмот кој антибиотик одговара. Можеби амоксиклав не влијае ако има некаква бактерија па џабе се труел со антибиотик.
Растечен/затнат нос,благо болно грло и тт до 38.... Има ли некој вирус или можна е гнојна ангина? Притоа прави некакви гргорења како да сака да оттргне нешто од грло ретко и поткашлува. Повеќе мислам дека е гнојна ангина ама не ми е мирна душата. Овие симптоми излегоа од 20h вечерва. Еве сега гледам топол е на лице и чело тт 37.8 ставив чорапи со оцет. На лекар сабајле ќе одиме. Ваше мислење? Станува збор за големко дете.
Требаше да ми кажат , но секако не е џабе имаше премногу шлаеми и поткашлуваше, а мокрача незнам навистина како да му земам, значи и лепенка кога ќе му ставам и кога ќе дојде да му се мочка не моча, плаче сака да му ја тргнам, кузне што си мисли,бидејки пред едно 3 месеци курето му го отворија на сила во систина и после јас морав цел месец да отварам во камица го држев и сега има дете фобија
Има вирус Јас го ставив во коритце и пуштив вода од чешма да тече во лавабо. И седев и чекав да му дојде да мочка Кога му дојде го дигнав во вис и му ја ставив чашката за мокрача. Не треба кој знае колку да се наполни.
исто и нас не лечеа со амоксиклав додека не испитавме ама ништо, по антибиограм излезе зинат дека треба да прима и од тоа се исчисти
Малава од градинка веќе 2 ден е со некоја чудна температура до 37.5 се качува и варира цел ден 37 па 37.2 итн. Нос затнат/растечен давам Виранто ама ваква температура на вирус ли укажува?
Испадна и streptococcus pneumoniae дека имамте во нос, и од дијареава незнаете како се иафрла на газето и кај курето. , Незнам што да правам ,сеуште не престанува , мачкам и цинк крема и тересиан масло, и по 2 пробиотика, значи градинкиве не утепаа
Кај нас се исфрли во пеленска регија од антибиотикот - аугментин. Жар црвен беше. Мачкав канестен со гентамицин измешано на прст ,2 пати на ден ,а измеѓу ставав судокрем. Го шлапкавме во коритце со сода во водата 2-3 пати на ден и совет од педијатар беше што повеќе да се луфтира без пелена. Кога помина осипот почна да се лупи кожичката па ставав Бепантен.