Овие ги проба? Мојот не ги сакаше на Хип ама овие сам ги бараше да ги пие. Инаку не пие ни сок, ни чај ама за овие не направи проблем.
Мене ми препорача педијатарот, претходно ја имав купено маста за курето му се затвори. Прашај дали смееш да мачкаш. Од електролитите по една лажичка давај на сила,мора да ги прима ако има дијареа. Добри се овие орс, хипот и мене баш не ми ги прифати.
3 ден сме со диареа , нема проблем утре ако дадам електрол, вака добар е пие течности, но неможам само банани ориз компири бара и друга храна,
матичниот даде антибиотик,вика грлото е. Сега е добар ама и малото фати исто. А баш на почетокот на месецов беше исто настинат. исто бевме со големиот. 37.8 најмногу
Малата веќе 4 дена качува тт, од 38 до 39,5 најмногу. Плус многу кашла. Однесена на педијатар, и поради крвна слика уредна, црп во граница не ни даде антибиотик. Малата вика дека мн ја боли грлото, ама мене и тт ме плаши. Давам блокмакс и правиме инхалации, не знам дали на своја рака да дадам антибиотик...
Антибиотик на своја рака никако. Може да ја носиш пак да ја видат, може нешто се сменило. И ако треба направете брис. Инаку има вирус што кружи кај деца, ама не е со олку висока температура. Дава растечен/затнат нос и боли во грло и кашлање.
Мојот фати вирус во градинка и качуваше 40. Изгледа кој организам како ќе го поднесе или пак до возраста е, не знам.
Каква крвна слика укажува на вирус ? Јас знам ако црп е високо дека е некоја бактерија.... Кај малата црп и е 3,49
Ниско ЦРП, високи лимфоцити, намалени гранулоцити. Во основа тоа покажува. Јас не би давала антибиотик на своја рака. Матичниот доктор што го следи детето најдобро може да процени што треба да се даде како терапија.
Ако е истиот вирус трае и до недела дена. Сега сум јас болна и сум со ларингит од вирусот. Детето е веќе добро.
Да, и ние сите дома го пројдовме, од малиот префативме пред 1 месец. Пројде без антибиотик, нема потреба да се дава ако е мирно црп и ако укажува се на вирус. Од ноќеска мали кашла со секрет, а нема темп, и е супер расположен. Да не кружи и нешто вакво, многу кашла?