Не знам дали ми е прашањево за во оваа тема, каква крема за сонце ставате за деца и на колку време? 1 година сме
Не е за тука прашањево, ама јас на таа возраст ставав Еуцерин 30. Битно е кремата да е со физички, а не хемиски заштитен фактор. Потоа свртев на Бекутан 30 зашто и тоа е со физички заштитен фактор. Ако излегувавме во парк го мачкав само пред излегување и толку. За на плажа, планина и слично еднаш на саат и пол или по секое излегување од вода и ако видам дека поминало прилично време и пред влегување во вода.
Да, земавме аспиратор и не спаси 2 ноќи за спиење, а инхалатор среќа што не земав зашто испадна бактеријава, матичната ми рече сега никако инхалации. Мада, пред некој ден на невидено ми рече да го инхалирам, среќа не ја послушав.
Не знам колку е итно, ама само што го бањав, и позади надоле од ушите има две внатрешни топчиња, од двете страни. Последниов период цело време ги тегне ушите, матичната викаше од забите е така. Сега кога му ги допрев, се испаничив. Утре ќе го носам одма, што може да е ова??
Лимфни жлезди, кај повеќето се чувствуваат на допир додека се мали, до кај 5-6 години, не се поврзани со инфекција, бар не секогаш. Детето ги тегне ушите кога растат заби, не му се секирај, ако го болат, ќе знаеш.
Majki ve molam za pomos. Imame osip po celoto telo,premnogu. Maticniot rece virus i ni dade samo B complex i C vitamin. Ima li nekoj sto se soocil so istoto,premnogu e isfrlan.
ние го поминавме на 6 месеци, 3 дена температура 3 дена осип после се повлекува преку ноќ. Прогуглај Розеола вирус ќе видиш како изгледа
Жени на колку време давате риностоп? Малиот е 2 години и пиеше по 2мл 2 пати на ден, 3 дена, пред 2 недели и еве сега пак го фаќа, почнува да кашла и мрсули му течат. Сама сум и со него и со бебе ми е страв да не го настине и него, 20 дена е старо. Не знам што да давам поефикасно, да сопреме на време. Матичната му е на годишен и не враќа на вибер, не знам што да правам.
и ние поминуваме со растечен нос и повремена кашлица. Претходно (пред 2 недели) со антибиотик. Користам пумпица за чистење на нос и наизменично капки диво оригано и физиолошки. И да ти кажам префатливо е, сите деца од фамикијата кои живееме блиску го префатија,мислам се збореше дека е вирус. Можеш и капки прополис да даваш да пие.
Некој природен лек за кашлица? Носот пак полн и доста кашла, апетит слаб и како мрзлив е До пред една недела пиеше антибиотик, сега еве пак го фати
Само што наполнивме годинка и се разболее, температура на секои 4-6 часа ми качува. Прв пат сака со мене да спие, препиена до мене, еве денес и пролив очекував примаме антибиотик дадов Проливе пробиотик 3 часа после антибиотикот, Орс нa алвоген, цица кога ќе посака си пие чај, и нудам јадење често но по малку јаде мстичниот ми рече дека трае 3-4 дена ама мене не плашо моменталното качување на температура е детето е весело игр, оди... Се работи зс вирудна инфекција, давам наизменично на 4 часа Далерон после 4 Блок Макс. Во саботата тоа што го видов во ресторан де запрепастив си седат фамилиарно детето трча наасекаде едно време таткото со пумпича и вади мрсилу од нос, значи колку несвесни луѓе има
Како се дозира сируп Алмсцон кај деца од 2 години? Синко е 14кг скоро, 2.5 години. Прв пат му давам атб, ама не ја слушнав матичната прееска во гужвата, мислам ми рече на 8ч по 2.5мл. Сопругот во аптеката не прашал за дозата. А на кутијата пишува 3 пати по 5мл. @duffi @fana ако не се лажам, вие сте аптекарки