@Annath ,ве замолувам за мислење На малата и се појави гнојна фистула на горната двојка, која е изронета,т.е само коренчето стои. Бевме на стоматолог и ни препорача да ја премачкувам со сода раствор, но еве веќе трет ден не помага.Замолив за антибиотик, рече немало потреба, а се плашам бидејќи мала,3 ипол години е. Дали би можело да се искомплицира и дали да инсистирам за антибиотик ? Благодарам
Треба да се отвори забот, да дренира и од фистулата и од коренскиот канал. Ако има болки, отече, крене температура, тогаш обавезно антибиотик. Најчесто амоксиклав даваме, 2.5 мл е дозата на 12 часа, а ако е алергична, тогаш макропен.
Еве ме и мене со мака. Синко од вторникот до четвртокот беше со температура 37.5-38.5. Без други симптоми никакви. Во четвртокот и кс правевме само намалени леукоцити - матичната припиша на вирус. Е ама маката е што вчера ми се осипа по меше и грпче. Го однесов сега на дежурен да го видат, грло чисто, плуќа чиста, температура нема веќе втор ден. Таа таму вика од температурата реакција или нешто да не каснал. Ни препиша витамин ц и летизен.некој со слично искуство. Незнам дали да го давам сирупот или да одам на второ мислење во систина. Не ми се влече по болници со вирусиве, таман пркна
После температура се појавува таков осип.летизен и витамин Ц е доволно.доколку не е варичела се е во ред со терапијата. Леукоцитите штом се пониски укажуваат на вирусна инфекција. Давај доволно течности и витамини
Ано, пробај рашири ја кожата со палец и показалец, ако му се губи шаренилото е исфрлено од температура. Ова ми е совет од педијатар. За два-три ддна се губи сам. Ништо не треба да даваш.
Ано нема потреба уште еднаш да влечеш дете по болници во ек на вируси па и епидемијава со морбили. Не е страшно ништо осипот, штом нема околу уста и по лице најверојатно е од температурата. Сепак и да дадеш летизен не е ништо страшно, ако е алергија од 1 доза ќе има подобрување па самата ќе оцениш.
@Alishan30 @Lolipop23 @Leo_29 Благодарам за советите. Решив да не го влечкам по болници. Дадов прва доза летизен па ќе видиме. Фала богу не се појачува осипот, нема по лице и околу уста, дете е весело и разиграно. Пие течности и си јаде. Ќе видиме до утре како ќе.
Веројатно. Не се разбирам јас многу . Што и да беше веќе поминува. Денес веќе е намален осипот скоро целосно.
Претпоставував по се што читав тука, ама во сезона на сипаници човек не е сигурен. Затоа и најмногу однесов на лекар. Не е мешан со деца многу ама пак не бев мирна. Битно помина.
Малата 16 мес многу се поти во главата кога заспива. Значи од кога ќе заспие потењето и трае некои 2 часа па почнува да се смирува. Не е покриена со памучни пижами ама главата утоп. Од лекар добив само дека е од забите и дека детето е с'клетџија. Дали на некој од вас му се случува слично, или да посетам и друг лекар?
Мајки искуство некој ако имал со тромбоза кај дете Прво се сомневаа на тромбофилија но излезе тромбоза Док ни рече дека е ризик и како расте се повеке ризикот ке се зголемува До напредна недела ке прима сеуште клексани,а потоа ни рече ке се договориме понатаму за терапија Но рече дека мора цел живот да е со терапија Премногу ми е страв како ке биде, ке биде ли се добро Некој ако се соочил со вакво нешто споделете
Нема ни да сети дека има мака При интервенции, операции, бременост ќе треба да контролира и да прима профилакса. Буквално и ако треба заб да вади со кратка анестезија ќе треба заштита. Ама во сето останато време најверојатно ќе пие апчиња по шема или може и без шема, е сега не знам кои се за деца, па како иде баш кај нив. Не мора ни да значи дека тоа ќе трае цел живот. Едно апче насабајле и готово. На што треба да внимава е да пие многу течности и да нема прекумерна тежина. Со лесно мајка и без паника, верувам самиот збор страшно звучи, многу е и мала, душа, но тоа е, ова не е болест, туку состојба.
уопште нема врска потењето со забите. Ни логика нема се чудам кај му текнало. Такво си е детето топлина не трпи. Не затоплувај многу додека спиете полесно облакај и не го туткај многу со ќебиња. И моето е такво. Јас сирота виткај го да му е топло а тоа утоп се прави. 6 години има и секоја вечер лето зима е така. До 4 години го легнував после 2 саата спиење го пресоблакав и продолжувавме со спиење. Сега поретко се поти но такво си е детето. Не можеш да делуваш многу.
Мајки, кажете нешто против пролив? Малата ми е со стомачен вирус, па плус со покачени гранулоцити, примаме панцеф,наусолвит капки и електролити давам по малку зашто пред малку и давав повеќе и ми ги поврати. Прееска само имаше еднаш пролив, ама омалаксана е. Ве молам за совет.
@Black girl пробиотик обавезно покрај постоечката терапија, и тоа два пати на ден. Ние кога бевме со стомачен вирус, ни рекоа Биогаја сабајле и навечер по 5 капки и многу брзо помина.