Sto moze da e .. sabajle burek jadese i nadvor si igrase. Swga gledam koga stana se cesa? I na nozete dole ima nekoja?
Мајки, малата заспа и почна да кашла, баш "убаво". Се дави, ја слушам како хрчи. Цел ден ништо, денес и вчера по едно кашлање сабајле. Очекував или ќе помине така или ќе се влоши. Не можам да се сетам, што можеше за инхалација кај кашлање. Последно знам матичната ми рече инхалација со пулмикорт ама немаше па кортаир или така нешто земавме. Еднаш ми се чини и едни ампули дексаметазон.. Искрено одамна помала беше и не можам да се сетам за што точно ама мислам за кашлица. Изгледа уште вечерва ќе мора инхалација за да спие или рано сабајле и ќе праќам маж да земе. Доцна е за матичната да ја барам а сабајле ќе биде рано.. Ве молам кажете ми со што можам да инхалирам?? Не знам што да правам, кашла не може да спие
На своја рака со ништо. И декзаметазон и пулмикорт се кортико. Плус пулмикорт се инхалира по шема. Прво нека ја наслуша докторката не е секоја кашлица за инјалација.
Некое сирупче можеби или само со физиолошки инхалација, другото како што ти пишаа и девојките, на своја рака никако
Ако е само на едно место може да е комарец или др бубачка, но ако има на повеќе места сигурно е алергија. Исто така може да е иритација од материјал на облеката, етикета, пелена и сл.
Мене најмногу ми личе на убод од комарец оти и мојата имаше вака на грбот и по нозете. Ама што викаш овие се како групирани. Нека каже членката дали ја чеша и има ли на други места
Се чешаше затоа вака отечија. Ја намачкав бетаметазон (по совет од матичната) и и спласнаа и се направија како мали брунчиња со водичка. Има исти и на грбче, врат и по едно две на нозе. Мене ми оде умот во болва, бидејќи само што се вративме од надвор. Од комарец не ми изгледа бидејќи се ептен ситни и сигурно 10тина брунчиња на едно место.
Црвени се. Вака се неможам да доловам добро. За алергија не ми изгледа затоа што се повлечија пликовите.
Дечки воспаление на средно уво да се плашам или не? Шмркаше една недела, имапе температура и сеа накалеми бактерија веројатно и воспалениево...
Нема зошто да се плашиш, само да се лекува со соодветен антибиотик и доволно долго, за целосно да се излечи.
Од што може да се вака поместени вредностите, над и под граница? Требаше да прима вакцина Ммр, ама леукоцити покачени, па ќе чекаме. Ама гледам резултативе ми чудни, ама освен за леукоцитиве ништо друго не ми спомна. Слабокрвен е?