Аспираторот не прави компликации на уши, компликации прави секретот и непроодноста на каналот меѓу ушите и носот. Притисокот од затнат нос со секрет предизвикува болка во увото, советот од лекар секогаш бил да се одржува носот прооден, и без секрет. Затоа препорачуваат деконгестиви. Иначе го имам аспираторот откако се роди малото, никогаш не ми направил компликации, а често го користев. А со големиот имав многу мака со чести воспаленија на уво и покрај редовното чистење со НосеФрида (немав тогаш Носко).
Па изгледа тој секрет и направи проблем на малата, чистев со спреј солен раствор синомарин, и влечев со уста такво како носко, сега земав носко, ама нешто грешев изгледа Почесто треба изгледа, јас 4 пати на ден само според препораките Како по темелно во иднина да знам да чистам секрет совет?
Нема посебен совет, чистење колку што можеш, 3-4 пати дневно е доволно. Ама треба и деконгестив, види што ќе ти препорача педијатарот. Нас ни даваше Мералис спреј, и Оперил П.
Продолжи да чистиш, и солен раствор што почесто, Оперил само наутро и навечер. Јас така ставав. Ќе помине, ама мора антибиотик барем десет дена да се пие. Не помалку.
Еве сум пак јас. Значи малиот беше болен, пиеше антибиотик пред една недела, па откривме мораксела и ставав Цитерал 5 дена и сега почна да кашла продуктивно и носето не прекинува. Доста намален е секретот од носе и проѕирен е ама кашлицата е нова. И сега матичната рече дека или е недолечено од претходно или алергија и почнавме со инхалации од денеска со физиолошки и кортико. Не дека барам некој совет, не знам ни јас зошто пишав ама некако самиот збор кортико ми ствара немир и не знам дали постапив правилно. Знам дека е докторка и го почитувам мислењето ама не знам зошто не сум мирна.
Немај гајле. Ако е правилно дозирано кортико може да помогне, не да одмогне. Од неколку дена ништо нема да му биде.
Те прашав зашто на ќерка ми и течеше нос скоро пет месеци, како постковид последица. Ние не ни знаевме дека прележала, испитавме антитела и на клиника ни кажаа дека постојаното течење на носот е токму постковид последица. Кај вас не е тоа веројатно.
Па не го исклучувам тоа ама ако сме прележале било без никакви симптоми. Ова разболување почна од градинка, претходно ни носето не му течело, не бил болен. Фала ти сепак, убаво е да се има како информација.
Се извинувам што ви упаѓам во муабетот, ама би сакала да знам колку чини Носко и од каде го купувате? Благодарам
Мајки, малава (скоро 4 год) бутна чепкалка за уво во увото. Почна да плаче ја здоболе моментално. Сега нема ништо не ја боли, проверив нема крв ама сепак ми е страв. Знаете кои се симптоми на дупнато тапанче? Ептен ми е шубе, се мислам на лекар да ја носам.
Мајки синко има како лишајче на едното обравче со ситни мозолчиња и баш му е сува кожичката веќе месец дена, од што би можело да биде и што да мачкам?
И кај мојата покажа мораксела, она со температура и мрсули, ама не и дадоа ништо зашто нормално си живеела во нос?!? Е сега воспаление на средно уво и викам што го предизвикува- мораксела меѓу другото! Еве не сум паметна веќе Инаку тројца доктори ми кажаа не давај ништо, еден од Систина а и Пановски. Е да дадев еве сега читам цитерал немаше уште да мачам дете
Симптомите се болка во уво, зуење и намален слух. Можеш да и ставиш 3% хидроген за дезинфекција и да и ставиш памук од надвор за да и го заштиитиш увото за секој случај. Јас би ја однела на лекар за секој случај со уво баш нема игралка.
Да, ја имало многу често кај дечиња и на самиот резултат пишуваше ако нема никакви симптоми дека не се препорачува терапија. Но, малиот имаше зеленкасти мрсули и ни препишаа Цитерал. Не знам зошто не ви дале, може така мислеле дека е подобро ама ете поголема беља се направила.