Дали има некоја Микролајф инхалатор да ми каже што правам погрешно што нема пареа или да го вратам? Само првиот пат кога го пуштивме имаше пареа 1 минута и од тогаш 3 пати пробав нема ништо, а течноста си кружи.
Zdravo majki nekoja privatña klinika za vadenje krajnici od vase iskustvo posto vo drzavna se ceka mnugu i ne se znae za termin zagrizena sum mnogu a i cenite kolkuse neznam
Оровчанец во Ремедика е многу добар, само цената беше 40000ден за ласерска пред неколку години, сега мислам поскапено е.
Пред неколку дена ќерками почна да има мрсули и да кашла. Ја однесов на педијатар ми рече да не паничам дека нема ништо ( алергија имала)и да давам Летизен. До вчера давав од сирупот а денес на бетер стана детето. Страшно кашла и сега исповрати се. Дали имал некој вакво искуство? Секако дека повторно ќе одиме на лекар. Да напоменам тргнавме во градинка после 5м и почна да кашла на вториот ден (сигурно е алергична на неа ).
Може да поврати и од шлајм што има насобрано. На мојот редовно му се случува да поврати кога од затнат нос му се слева во грло. Годинава и алергијата закасни па наместо во Април кашла и кива сега во Јуни мојот. Претходните две години цел Април бевме со Зиртек. Сега е поголем па решив да не му давам нит да го носам по лекари. Ако ептен згусти тогаш. Кружат и вируси сега низ градинки и по луѓе па може да е и од тоа.
Здраво, дали некој знае зошто денес Идадија е скроз затворена, а доктор Драгана не можам да ја добијам на моб. едит: имаат измени
Здраво, дали може два пати по ред чепче, на 6 часа? Сирупот го плука, ова е полесно. Сега ставив и во 3 мислам дека ке е полесно да ставиме чепче.
Докторката вели според крвна слика корона. Мали само температура, до 38,5 макс качува ама давам ефералглан на 6 часа, омалаксан е. Нос не, кашлица не. Само грлото малку црвено, и температура. Не знам ни од каде можел да фати, ние возрасните немаме ништо, со деца не се мешал. Утре ке прави брз антигенски па ке видиме што и како.
Леукоцитите се ниски? И кај мојот беа ниски 3, сите прво ми рекоа корона ама им беше чудно дека короната не предизвикува толку висока температура. После два дена црвено грло, па антибиотик, па растечено носе и еве 3 недели покасно уште не може да се оправи. Што и да е, нека помине побрзо, нема потешко од детето болно да си го гледаш
Дали сте го користеле досега овој сируп за дечињата? Ни го дадоа и случајно сега прочитав некоја глупост па се загрижив..