Син ми го касна пчела, не видов ама имаше боцка на петата свекрва ми рече од пчела е, неможи да стапни, го намачкав синопен на местото, треба да дадам нешто друго? Ми е страв вака да го оставам а му се спие
Мајки, ве молам за помош и совет.. Малата почна со кашлање пред една недела. "Убава" продуктивна, влажна кашлица. (Недела-две претходно качи тт до 39 на 24ч од нигде никаде без никакви други симптоми, црп високо над 50, но помина за една ноќ и без никакви други симптоми не прими ништо, по неколку дена имаше црп 1)Сега пред една недела почна со кашлицата и после 3-4 дена качи и тт до 38. Зашто природните лекови и витамини не вродија со плод, црп 12, а кашлицата лоша почнавме антибиотик. После три дена антибиотик, вчера кашлицата се смири, тт и онака имаше само ден ипол. Но денеска повторно кашла почесто. Како се разбуди сабајле кашлаше многу, во текот на денот почесто и сега еве половина саат кашла. Не е веќе толку влажна, сега е посува и гласна кашлица. Навистина не знам што да правам, вознемирена сум. Дали има некој вирус? Дали може да е алергија? Што би можело од искуство ве прашувам? Навистина сум вознемирена, веќе една недела кашла, пие сируп на природна база, витамини, пробиотик, јаде и пие супер, пие и антибиотик. А кашлањето не престанува... Хелп?
Да не е бактерија? Кај малата така крена 40тт со зелени мрсоли ,црвено грло и примаше антибиотик, после една недела пак зелени мрсоли и кашлица. Сега чекам резултати од брис ама скоро сигурна сум дека има бактерија. Некако ми се чини периодот најмногу се активни бактериите.
Мрсули има проѕирни, де лигави де водичка само. На ден два малку жолтеникави кога ќе станеше од спиење, ама воглавно само белузлави "обични" мрсули. Црп имаше само 12 , а леукоцити мирни. Ама поради лоша кашлица и дека пред недела две имаше високо црп и тт 39 сепак одлучивме да почне антибиотик. Патем заборавив, и инхалација правевме прво со кортаир, ама кашлицата продолжи и качи тт па почнавме антибиотик. Навистина сум нервозна, таман се смири малку и веќе пие антибиотик мислев ајде ќе помине, денеска повторно кашла. Еве пред да заспие кашлаше цело време, сега заспа и ја слушам хрчи со носот, а направивме и инхалација со физиолошки. Викенд е пред нас, навистина се "исплашив" сега кашлаше пола саат пред да заспие. А и денеска богами си кашлаше често..
Проверете бактерија, нос, грло, трахеакален. Можеби антибиотикот не одговара. Искрено ме чуди како првиот пат со црп 50 не сте направиле плус испитувања и терапија.
Може е во грло бактеријата. И мене матичната ми мрчеше да не испитувам па си ја однесив на приватно да ја испитаат, ништо работа и не е скапо, барем ќе ви се тргне од глава и ќе барате друга причина.
Качи тт попладне, ноќта најмногу до 39 и сабајлето појдовме на доктор. На преглед нема ништо ни грло ни гради. Не кашла, не тече нос. Крвна слика стаса, црп многу високо. А таа веќе немаше тт, и никакви други симптоми. Рековме ајде да видиме ден два како ќе биде. Немаше ништо, за два или три дена ја повторивме крвната слика и имаше црп само 1.... Тоа беше пред десетина дена отприлика. Не знам што да кажам искрено.
Можам на приватно Биотек Авицена итн? А без упат ќе може така? И треба да се потенцира за која бактерија или не? Само од грло или и нос? Извини, не сме проверувале досега затоа не знам..
Ако прима антибиотик моментално џабе ќе проверувате бактерија, негативни ќе се резултатите. Една недела после антибиотик ќе проверите.
Да како што ти кажа членката прво нека помине време од антибиотик. Во Авицена без упат и зедоа. Не потенцираш ништо само кажуваш дали од нос и грло или само од едно. (300ден ти е од едно)
Инаку прима ко алмацин на Алкалоид. Мене ме чуди што вчера и завчера се потсмири кашлањето. На пример навечер пред спиење и во спиење престана да кашла. Еве вечерва повторно почна, тој момент ме изнервира и вознемири..
Пак да се подадам. Исто е и мојата ден два кашла, па мирно, па пак кашла исто и со мрсолите. Мене освен бактерија не ми оди умот на друго.
А какво е кашлањето? Изразено ли е многу? Кашла ли во спиење? И дали кашла на пример повеќе пати во пола саат? И колку време веќе кашла? Таа кашла цело време една недела. Ама вчера навистина беше потсмирено и вечерта не кашлаше во спиење. Се загрижив, сега ако е бактерија не може да провериме поради антибиотик, ако не одговара тој значи џабе пие. Па ќе кашла ли цело време, може ли да се влоши не дај боже? Викенд! Уф!
lДва дена кашлаше во спиење без престан дури и неможеше да спие. Еве а сега ништо воопшто не кашла. Моето пиеше цефалексин и само една недела ја држеше добра да биде. Сега симптомите се по слаби со оглед на тоа декс првиот пат имаше до 40 температура и траеше 4 дена проследена со треска и жар црвено грло.
Мојата имаше најмногу до 38. Ден ипол. На преглед рекоа црвенко грло, на гради ништо. И тт скоро на нога ја помина, и јадеше и пиеше за цело време. Навистина не знам што да мислам ама кашлањето како во срце да ме пецка. Посебно што навистина беше подобра, на пола пат со антибиотик и две вечери не кашлаше во спиење. Денеска пак, пред спиење сега ме уби со кашлањето одвај се смири..
Ајде издржите викендот после пак носи ја на преглед. Што и да има трк на детско, не се плаши. Секогаш викенд се разболуваат, веќе се навикнав дури. Со лесно
Синко има 4 год и 9 месеци тежи 21 кило по колку далерон треба да пие?? Му дадов 10 мл но немаше ефект по 4 часа му ставив чепче парацетамол, но по еден час го покака "парчиња". Дали да чекам да измина 4 часа од чепчето или можи да дадам далерон???
Дете кашла без престан. До понеделник дур носам за брисеви што да давам да се смири? Давам тегавец сируп, инхалирам со декса ама џабе...