Mislam deka posle 6 casa moze, ako sum greska neka me popravi nekoj. A zosto ne probas so blokmaks ili nekoj dr sirup
Пробај да свариш ореви скршени на пола да ги свариш со се лушпа. Оставиги да повријат и после исцеди водичката и давај му како чајче.
Не се спушташе ниту со далерон по 4 часа од чепчето. Не помагаше ниту туширање мачкање со алкохол ниту киселина. Се спушташе до 38.1-38.3 но по пола сат креваше. Важно ја преживеавме ноќта. Утрово право на матичен крвна Слика и црп кажаа на бактерија во цревата проследено со дијареа и две-три повраќања. Антибиотик и блокмакс. Дадов во 9 блокмакс и за 10 минути почна да му паѓа тт. Еве оттогаш дури сега крена 38.5. Ама мака мачиме за давање на сирупите... Истта бев јас пред две недели само со тт ми беше помала и истата терапија ми ја даде матичната. И сега бактериски или вирусни е?
Мајки кој спреј е подобар за 3+ дете, Синомарин или Аква Марис? Прскам Синомарин, ама матичната ми рече да земам Аква м. И дали на толку големо дете има потреба од чистење со пумпица, зашто дува малата и сама, цел ден го бришеме носот. Пишував синоќа малата кашла растура. Сабајле дадов и лоратадин зашто не знам што после антибиотик, друг сируп, спрејови и инхалација, а кашлањето не запира. Е матичната ми рече подобро навечер. Дали вечер да дадам пак, помалку од 5мл на пример или дури утре вечер? Сабајле рано и дадов. И може ли да споделите некој природен/домашен лек за кашлица слично што пиша @kiki_riki ама што би го пиело тригодишно дете? Или нема таков ахах. @eli.karameli Те прочитав дека и твоето кашла многу. Какво кашлање влажно или суво? Колку долго кашла? И што даваш? Давам и јас некој таков сируп ама мислам да престанам дека е за искашлување тоа повеќе ја тера да кашла. (Моја логика) И ние правевме инхалација ама со кортаир. Зошто вие декса, какви други симптоми имаше? Извини, прашувам зашто барам нзс за кашлањево додека ме чека уште една непроспиена ноќ..
Колку имаше црп и какви беа леукоцитите? Тоа би требало да укаже на едно или друго. Како е сега? За сируп давање ... Хорор.
Се молиме и да касни нешто, цел ден е на малку супа, пола банана и 4 стапчиња соленки. 50 мл вода и 300 мл чај од нане. Моментално е 38.1 без сируп, Маже го истушира и му падна малку. @duffi како се дозира линекс кесичките кај дете 4 год и 8 месеци.? Имаме дијареа. Дали можи по две кесички, една наутро и една навечер?
За спреј за нос мислам двата се ок. Лоратадин да знаеш се дава навечер затоа што делува на поспаност и успива. За природен лек ни мојата ништо не пие. Да пробаш имсше нешто со кромид и јаболка амс некоја членка ако знае нека каже точно како беше.
Штом има тт и сега дефинитивно има жариште. И самата крвна слика покажува дека има воспалителен процес, инфекција. Не е многу црп 12 и леукоцити малку над граница ама за Др ова е за антибиотик. Сепак и општата состојба укажува дека е. А дали е бактериски или вирусно треба и другите параметри, покачени демек укажува на вирус. Трудете се течности само, храна не мора кога има тт само мачење е за детето, посебно ако не сака сируп може да предизвика и повраќање. Само течности и нешто ситно суво од храна доволно е. Штом пие чај добро е, мешајте со електролити. Пробиотик. Мојата не помирисала чај.. Ајде ќе биде, како велат нашите мајки, како сите деца така и твоето. Па веројатно е така..
А да дадам вечер пак или не смее. Дека пишува 5мл на ден. Или да дадам 2-3? Да не се глупирам ок. Хахах
Многу е 5мл, за таа возраст 3,5 давај пред спиење. Декса имав затоа со тоа инхалирам, слични се со Кортиар. Тегавец смирува, не надразнува. Чај од ловор исто давам. Направете брис, кај нас сигурно е некоја бактерија ама до понеделник не знам веќе што да помогнам да се смири. Медикаменти све давам, и ова со ловоров чај исто, ама хаос е.
Па 3+ ама повеќе е безмалку 4год. Не знам ни јас веќе, претера со кашлање. Ама давам антибиотик веќе, ќе почекаме за брис. Моето имаше и тт. Чај не пие воопшто. Давам и јас 300 чуда и лижавчиња и мед итн ама не помага очигледно. Значи зашто сабајле дадов 5мл лоратадин вечерва воопшто да не давам, дури утревечер 3.5?
Еднаш се дава Лорадатадин. За таа возраст 5мл, на вечер. @24.07 Можеш две ќеси на ден ако има дијареја.
@Вереничка те читав погоре: сируп за искашлување( јаглика или некој друг) само на продуктивна кашлица.За сува никако оти само ја дразни и ја тера да кашла.Нека го влажи грлото цело време со чајчиња и лижавчиња.Лоратидинот би требало да ја смири.
Здраво мајки, ќерка има 2 год и 5 месеци, два дена нема излезено по големо вц, инаку јаде палента и сл, денеска се буди 3-4 пати и повраќа, како да ги поврзам двете работи? Има ли простор за паника? Помош, очајна мама
Едното со другото не би требало да има поврзаност. Два дена и не е толку страшно. А повраќање неколку пати е нешто на што треба да се посвети внимание. Иако и за тоа има еден куп причини. Јадела нешто "лошо", стомачен вирус, итн. Како е сега малата?
Сирупот прв пат го користиме, и искрено не пишува дали смирува или е за искашлување. @eli.karameli Што мислите според ова дали треба да го пие? Беше продуктивна/влажна кашлица, па се смири, почна поретко и како сува. Ама од завчера пак почна многу да кашла и мислам пак е продуктивна.. не знам длабоко остро кашлање. Вчера не и дадов еве и денес од сирупот, да не ја дразни ама таа цела ноќ кашлаше а и денес исто е. Не знам дали да продолжам да давам.
Баш е како микс од два сирупи мислам повеќе ќе разводенува него да смирува. Кај моиве деца ниту еден сируп не помогнал, све сум пробала. Чај од ловор смирува во комбинација со кромид. Кашлиците се досадни и траат за жал. Да минува брзо.
Прв пат го гледам сирупов,ама ми стои како да е повеќе за искашлување.Би требало педијатар да ја слушне на гради и да каже дали има или нема шлајм и дали треба или не да искашлува.Соодветно на тоа да даде сируп за смирување на кашлица или искашлување,секако ако е потребно.Ако не си задоволна од сирупов ќе ти даде замена,ги има еден куп.Ама јас би ја носела на слушање,вака само нагаѓаме и нема правилен одговор.