Обично ништо, ако е длабока и голема раната чистам со 3% хидроген и прскам Виоплекс спреј. Ама генерално, во 95% од случаите ништо не ставам.
Па не е нешто длабока,ама е голема. Му ставив хидроген ,па ми изреагира може го печеше малце. Не може да го преболи коленцето, само го бацува или нас не тера да го бацуваме Глумец на мајка Мислев да не треба некоја крема,невен,павловичева,кантарион...
На тазе изгребано мрсно не би ставала, туку може кога ќе падне крастата сама. Кога е раната свежа, мрсното само ќе го успори заздравувањето.
Ако имаш ставај кандатион. Од неколку ставања ќе му помине. Да се едитирам ти одговориле веќе за кантарионот. Ова не сум го знаела. Јас па стално и ставам од него кога паѓа и си ги изгребува колената.
Искуства со haemophilus influenza во нос? Си закачи малиот уште една бактерија, уште моракселата неизлечена. Може е глупаво прашањето, но можно е од оваа бактерија да му падна нагло хемоглобинот? Зашто гледам првиот збор е хемофилус, па некако логично ми е да има поврзаност со крвта. @Alishan30 @Annath или било која што може да ми помогне.
Не, нема врска бактеријата со хемоглобинот, не влијае на него. Една од "миленичињата" од градинка е. Ако не дава симптоматологија, може локално да се среди.
Мајки не најдов соодветна тема..ако не е за тука прашањето префрлете Бевме денес на ортопедски преглед за малата и успут го прегледаа и баткото 5 год е. Е сега рече дека има испакнат граден кош,(меѓу ненародот познато како кокошкини гради) не како деформитет туку му се појавува..и јас не сватив добро.Со вежби се корегира.Ама читајќи по инт.и баш не е етака едноставно,демек со операција,го отежнува дишењето и работата на срцето. Некоја со искуство?
удрено е на вена и е доста отечено. Стаив одма мраз ама не остава. Да одам на лекар или нема место за паника?
Здраво мајки , ќерка ми е 2год. Пред неколку дена и се растече носот и траеше 1 ден и толку. После неколку дена приметувам на спиење (само кига спие на грб) знае да се закашла во сон. Исто и сабајлето ке стане ке поткашла и толку цел ден нема ништо не кашла, нема мрсули се е ок. Легне ли навечер пак истото. Мислев дека се лиги (знаеше од лиги да кашла во сон кога вади заби) , ама сабајлево некако како влажно да ми се закашла. Почнав Виранто форте превентивно зошто одиме на одмор од наредна недела. Некој со слично искуство? Секако ја носам на педијатар пред одмор да се прегледаме. Треба да паничам?
Ете денес истото и мојата, само што она е помала, 15 месеци, од неделата носето и се растече, прифати од брат и, во петокот тој се затна цел и му течеше носот и поткашлуваше и сега е добар, благодарение на сирупите што му ги давам. А малата само ден и пол имаше секрет и толку, преку ноќ престана, ама кога и го чистам со физиолошки има секрет длабоко изгледа каде што нема шанси сам да излезе, нос не знае да дува уште, мала е и викам и се слева до грлото и затоа се накашлѕва, ете сабајле само што се разбуди се закашла и се исплашив, ама без шлајм, суво кашлаше и толку, после тоа веќене. Се јавив на педијатарот и кажав, ми рече сигурно ноќта што спиела и се собрало од секретот што е длабоко и не може да излезе па од тоа се закшлала, не знае како да го исфрли и тоа ја гребе на грлцето и ја тера да кашла. Да продолжам со чистење на носето само и ништо друго и да ја следам денес и утре со кашлањето да видам како ќе е. Инаку јас и давам и на неа сируп на Хималаја,еден за секрет и друг за кашлање, 100% природен е и се дава од 1 годинка па натаму оти има и мед.
не знам зошто речиси при секое удирање паѓање... (Зашто ко ќе се удрат тоа е квалитетно удирање ) ме фаќа паника па помислувам дека е за на лекар. Количка за бетон пренесување се сврте на него и душа ми излезе. Денес нема ништо
Со шприц директно во уста. Го земам во скут,го легнувам како за доење и почнувам да му раскажувам нешто за да му одвлечам внимание,у меѓувреме на два пати шприцам.
Здраво мајки, дали имате искуство со набиено прсте на рака? Падна пред 2 ипол недели одприлика го наби средниот прст на раката. Ја снимаа рекоа нема скршеница и и ставија само шина да ја носи една недела. Значи поминаа скоро 3 недели, не ја боли веќе, ама како подискривено и малку отечено и е уште прстето и кога ќе проба да направи тупаница средниот прст не може да го свитка скроз и и оди малку настрана. Закажав денес на ортопед да ја види ама да прашам и тука дали имал некој вакво искуство, колку време е потребно да заздрави ?
Мајки здраво, малата 2 години на грпчето е лом. Некој искуство и што мачкате? Ја прашав и докторката ама сеуште нема одговор, што мислите, да и ставам судо?