Дали носи пелени? Ако да од топлото е и се исфрлаат во овој дел најчесто. Јас сум мачкала здраве крем со цинк за да исуши и поминувале за брзо.
Здраво девојки. Ако може некој да ми каже сега скоро да е купувал Носко за чистење на носето и од каде точно, сакам да порачам да ми донесат оти јас не сум во Мк.
Според мене ова е иритација од нешто што носела. Убаво рече членката, или пд пелена ако воопшто носи или од друг материјал. Јас обично Синопен мачкам и минува, но ние сме со атопична кожа и со алергии 101
@duffi Duffi,ni dadoa kapki antialergenski, ja vidov dozata na upatstvoto, sakam da prasam,samo navecer mozam da davam od niv? Mi potenciraa deka ke bide pospana,nekoj drugi nus pojavi moze da razvie? Gi prasav vo apteka dali se kako loratadinot kaj nas,rekoa slicni se, Fenistil se kapkite.
Женскава поткашлува бајаги долго време, ама онака ќе се накашла 2 дена по ред па не кашла некој ден па пак и така веќе 2-3 недели. Нема тт, весела е јаде игра се е ок. Нос не течеше завчера почна ноќта да кашла повеќе ама се смири и цел ден 2 пати дали се накашла... Вчера почнаа малце мрсулчиња ама ништо значајно. Дадов сируп за алергија и ноќеска не кашлаше. Дали е алергија или нешто друго не знам, не ми се носи дете по доктори шо се вика за џабе. Давам и виранто и вит ц.. Прскаме прополис на грло. Некој со сличен проблем?
Да. Давај на вечер. Знаат да делуват како седатив, што не значи нели. @Цвет88 давај лоратадин неколку вечери и ќе видиш дали има промени. Ми личи на алергија. Слободно можеш да даваш 10 дена.
Ми качи температура 39 и ставив чепче ама мало немаа од 300, и се намали ама пак држи нагоре надоле, цело време стига 38.. на колку време можам пак да и дадам или далерон..ама ова поефикасно ми е некако
Мајки ми треба совет. Малиот го изгреба куче со забот. Еден дел е површински, ама има и дел кај што појави крв малку. Кучето е вакцинирано со сите вакцини. Ја измивме раната, исчистив со хидроген и бетадине и ставив антибиотска маст хлорамфеникол. Дали да го носам на ургенетен или доволно е ова?
Еферларган... ми држи 38, 38 со 5 ја туширав ама не помага мн тоа, сеа и дадов 5мл далерон .... став ми е за навечер ако не помогне сирупов што да и правам
И дадов од капките прегеска,ама стана со страшно чешење. Можно ли е таква реакција? Барав тука бела пудра,ама не произведувале, што друго можам да и ставам? И дали може со шампон да ја бајнам или да не ризикувам да не се прошири ептен,само со вода и камилица?
Да се одржува носот прооден е клучно. Затоа аспираторот помага ако тече носот и има многу секрет. Ако е затнат носот, прво физиолошки, без аспирација, после Оперил П или Мералис спреј за деконгестија на носна слузница, покрај антибиотикот. Доволно е. Ни тоа не морало, особено ако се работи за куче што се чува дома. Длабоки гризнатини, рани и слично се секако за ургентен, ова не.
Фала. Се јавивмеи на ургентен, тие ни рекоа само убаво да исчистиме и за секој случај да намачкаме антибиотска маст. А во ветеринарен центар кога се јавувме исто ни рекоа ништо, доволно да се пребрише со алкохол. Не е гриз туку гребаница. Младо е кутрето и си играа, па несакајќи го закачило. Он дури не ни изреагира, јас кога го видов малку се уплашив. Јас сум израсната во село, со мачки и кичиња и останати домашни животни, комарци, бубабчки. Гребена, гризена, ама кога е за свое дете поинаку реагираме.
Еферглан и Далерон можиш да комбинираш најрано на 4 часа ,макар што јас би оставила да видам дали ќе оде над 38.5 ,ако не качува пробај со туширање и разладување.Како сте сега?