Пак качи 39 не успеав чепче дадов далерон 5мл ама мала била дозата симна нешто па заспа и после пак качи и еве од сабајле сме цело време 38 со нешто држи..7,8 5 кога како туширам ладам цело време , сеа и дадов даленон 9мл рече педијатарот за кг толку требало па сеа ќе видиме .. и ми поврати во меѓувреме едно со овошје што го изеде неќе друго ништо.. и се кенка и со мешето ко за какање ама нема што, ништо не јаде
Може да е стомачен,мојата го помина со 38.5 температура и болки во меше само ,така беше 2 дена и и помина . Инаку да Далеронот оде по килажа ,пример килажата поделено на 2 ,толку сируп треба да даваш.
Ништо неќе да јаде одвај и дадов сеа пак овошје малце дека се мачи да кака ја гледам се стиска као ај ќе помогне и го поврати и тоа, и сеа уште ми држи 38 со нешто џабе туширам... дека поврати не можам сеа сируп да дадам... Што дававте вие
Ако не може сируп ставај чепчиња ,не е страшно .Нормално е да не јаде кога е со температура ,форсирај течности ,храна не мора.
Дете ми се удри од железото од вртелешка на игралиште. Мн малку крв потече, отече малку носето. Вика не го боли... што да ставам? Дали да носам на ургентен?
Од петокот вечерта повремено поткашлување, од саботата температура највисока до 38.5 во неделата едно 3-4 пати повраќање. Сабајле бевме на лекар гради чисти црп 28, а неутрофилија 80%. Земаа брис од грло и нос. Амоксиклав 2 пати на ден и септаназал во нос. Искуство, бидејќи многу во меркиве не се разбирам. Инаку малиот е 4 години.
2 дена температура на 6 саата од сируп. Крвна слика океј, урина океј, едино црп покачено малку. Симптоми од типот нос кашлање стомак повраќање - нема. Не ми е јасно никаков показател во кс, а тт уште трае. Искуство?
Цела вечер се истури од повраќање. Прво мислев од лубеница што јадеше, парчиња имаше повратено. Ама после на секое сакаше да цица и после 10мин млазови.. Температура едно време измерив 37.8. Пролајф дадов уште одма, накај 6 успеа да испие електролити а да не ги поврати. Сега пред малку цицаше и мислам дека нема да поврати, поминаа 15тина мин. Два дена во градинка оди. Од понеделникот и гласот и е засипнат. Можно ли е да е стомачен вирус или што, дијареа нема денеска. ( понеделникот мм кога ја земал од градинка му кажале имала пролив, додуше цело време таму им протекува на облеките а дома нормално си какала така да нз може и имала сега ) П.С. Го чекам мм да се врати од раб и фаќаме правец кај матичната. Простете на изнапишаново, дупло почнав да гледам од што не сум спиена
И на нас малиот ни го донесе стомачниот вирус од градинка ама он среќа само еднаш поврати и толку беше, а јас и мм во кревет легнавме. Цела фамилија се заразивме, еве сестра ми последна беше и вчера и помина. До 38 најмногу качивме ама екстремно малаксани бевме со пролив и повраќање. Само многу течности, овошје, супи и електролити, ќе помине.
И ние исто со повраќање и температура ама повисока симни стани цело време и авршивме во болница ми колабираше со време на лекар , течности, без паника и ќе се среди
Големиот (8ипол год) гњурел во базен кај комшиите. Му навлезе вода во уште и сега му се затна ушето и му шлапка внатре ( не знам како да објаснам тоа шлапкање). Досега не му се случило такво нешто па не знам што да превземам
@Bupalu И матичната ни кажа стомачен дека е, многу деца имало неделава а и возрасни покрај нив. Еве среќа од сабајле нема повратено, си цицка, малце електролити испи. Супа малку изеде, и чајче дега пиеше. Само со мама спие, така е малце ‘поразлигавена’ али гревче сигурно и е тешко, и темп знае малку да се накачи па да се симне. И во спиење знае да почне да мрда, да се испрди и да се разбуди со плачење. Среќа пролив нема, ќе продолжиме со што повеќе течности и се надевам ќе и помине за брзо.
Мамаситас хелп! Малово го искасала нркоја буба (јас се сомневам на болва), црвени брунчиња се и го чешкаат. Што мачкате вие во таков случај? Ме фаќа паника дека ќе не искасаат и нас другите по дома. Гарант од дворот во градинка има закачено нешто.
Камагел, Синопен, било што. Летно време е. Нормално е да ги каса по нешто. Се додека нема силна алергиска реакција, не е страшно.
@duffi duffi si dojdovme vo Strumica kade mozam da najdam bezkontakten tiplomer? Otprilika kolku se dvizat cenite? I sto drugo mozam da zemam za temp i rastecen nos?