Јас имам од Микролајф од Еурофарм. За температура и носе и ништо да не даваш, не е страшно. По потреба само Парацетамол сирупче или Блокмакс(Бруфен е тоа). И вит Ц. Можеш и Виранто сирупче. Го даваат за настинки, за имунитет ,на природна база.
Ве молам за инфо за некој сируп за искашлување. Кога ќе легне, дете се дави од кашлање+дека и млеко пие пред спиење. Вчера успеав да поврати се да му олесни, се шлајмови кога бришев. Што да земам за да му биде полесно спиењето? Крвна слика, црп супер се.
Прашај лекар што сируп да земеш. Ние сме добивале различни врз основа на мислење на лекар. Сега последно користевме Проспан. Пред тоа еде од Исландски лишај.
Исфрли го млекото, создава екстра шлајмови, може затоа и кашла. Сируп за искашлување може уште повеќе да го раскашла детето, ти треба нешто да го смири. Ама не знам која е причината за кашлицата, ако е алергија, не знам колку би помогнале сирупите.
Татко му го држи цврсто, јас ставам најбрзо што можам и не му дозволуваме да се исправи одма. Насилно знам ама нема друг начин. Инаку, стававме 5 дена и на контролниот брис пак ја имаше.
Што да му дадам против повраќање? Денес бевме во еден ресторан јадеше пица незнам дали е од тоа ама по некој час почна да се жали на стомачето и почна да повраќа. Од кај 7 ова. Еве досега и уште повраќа. Пие водичка и алвоген му растворив. Заспа и пред малку стана со повраќање. Ми е страв да не дехидрира. Внесува вода ама пак.
Керка ми(3годинки) од сабајле има температура, сабајле и беше 37.5 и околу 15часот почна да качува повеке до 38.8. И ставив чепче ефералган од 150мг почна да и се симнува. Други симптоми освен температура нема. Течности пие, си јаде, само што малку е малаксана. Сега ја мерам има 37.5 - 37.7, цело време варира до 37.7 најмногу, освен сега откако заспа ако не качи повеке. Прашањето ми беше дали еферлган чепчиња да продолжам да ставам на 6часа или да ставам само ако во случај пак покачи над 38?
Добро чепчињата не ли се за многу висока тт, пр 39 веќе ако крене? Организмот се бори со инфекцијата и тоа е добро Крвна слика и црп направете, моето испадна со стрептокока во грло, температура и до 40 крена на два пати. Јас над 38.5 давав далерон, туширање во меѓувреме, три дена беше со тт, сега веќе нема.
Со алкохол може да го ладам само ако му се топли рацете и нозете или нема врска? Каде е најдобро да ставам ладни облоги?
Нас др.ни кажа кога дете ке крене темп.еднаш чепче па после 6 до 8 сати сируп зависно од темп. сендвич техника да не се оптовари стомачето.
Мислам дека не. Секако ако има појава на бактерија потребно е да поминат 48часа за да извадат антибиограм.