Добар беше не повраќаше заспа па поврати и после се смири. Вчера беше подобар само на мешето се жалеше. И јас мислев да го носам ако продолжеше со повраќање. Фала што не мислеш
Невозможно е, мора да се чека 24 саати, ако не расте бактеријата, може да се очекуваз негативно, но мора да поминат барем 24 за негативен, или 48 за позитивен, најмалку.
Аххх деца...како ќе остариме.... Во саботата поврати 2пати вечерта качи 38,7 ајде мачкање, сирупи ја симнавме...вчера исто качи 39 бевме болница докторката ни вика останете викенд е....ние се вративме дома ајде масажи,чепче в газе парацетамол по 3ч и сируп блокмакс мачкање спирт,чорапи со вода на нозе.... И ја симна денес бевме на лекар од истата друга од градинка уште 2дечиња со истото....докт.вика вирус има темп.грло и повраќање...амбицилин сируп ни дадоа,инсталации по 2пати и тоа.... Среќа што јаде,пие игра колку и да има тт.... Пазете се кај нашава докторка имаше 1месечно бебе со истово ај тоа не оди во градинка
Теоретски е невозможно да добиеш резултати од брис истиот ден. Брисот мора да се насади на соодветна подлога погодна за раст на бактерии и се чека минимум 24 саати да се види дали нешто ќе се развие или не во текот на тие 24 саати. Ако ништо не се развие и брисот остане стерилен тогаш по 24 саати можеш да добиеш чист резултат. Ако има некоја бактерија се аплицираат различни антибиотици и се гледа во следните 24 саати кој најдобор ја уништува. Така што минимумот е 24 саати (ако брисот е стерилен), ако има бактерија мора 48 саати да чекаш. Ама ако примало детето антибиотик може и да не покаже валидни резултати.
Не е итно ама не знам во која тема да прашам. Дали имате проверено трет крајник и на кој начин? Да ми кажете каква е процедурата со сонда, дали е болна итн?
Мене ми гледале со мало камерче низ уста. Не е болно ама е непријатно. Само поголема бев тогаш. Не знам за многу мали деца како е. На син ми сега не му ни гледаа. Рекоа по симптомите и тоа може да е проблем, ама терапијата е иста како при проблеми со крајници и уво. Му дадоа одреден период еден кортикоспреј за нос за да се намалат крајниците и со тоа завршивме. Годинава (оваа зима) пу,пу да не урочам немавме проблем па немаше ни потреба од терапија. Во принцип после 5 години почнуваат да се намалуваат крајниците (вклучително и третиот) и веројатно тоа почна да се случува кај моето дете. Поентатат е да се издржи до тогаш некако.
Не сум проверувала, ама пријателка моја знам го носеше малот. Ми е останато во сеќавање дека детето треба да е здраво за да се види реално колку е зголемувањето, зошто при воспаление секако растат.
Да, истото го рекла докторката денеска. Јас на телефон ја сфатив дека денеска ќе го провери ама на преглед рекла на мм дека мора да заврши прво со антибиотикот. Се сомнева на гнојна ќеса.
Што ставате на набиено ноџе? Бевме на болница ништо не му е ни рекоа, освен набиено, за тоа ни препорачаа ациди борици и еве му ставам облоги и далерон сируп му дадов друго нешто што може да му помогне? Многу го боли неможе ни да спие само што ќе заспие станува со плачење, има мал оток...за 2 месеци 2 годинки ќе има..
Ќе ве молам за помош некоја памет да ми даде. Во петокот детето стана со болки во меше, имаше еднаш само течна столица и цел ден болки во стомак. Крена и температура 37.7. Од тој ден до денес често се жали дека меше ја боли. Кратко и трае болката ама се појавува 1 до 2 пати на ден. Давам пробиотик, 2 пати и јаглен. Од што може ова да биде. Пред 10дена крвна слика уредна. Да носам ли на ехо?
Каде да барам трето мислење за трет крајник и слип апнеа? Бевме ремедика и воена болница и имам две спротиставени мислења, па морам да барам трето. Кого препорачувате од приватниве?
Кај кого беше во Ремедика? Ние треба да провериме трет крајник кога ќе оздрави, можеш да ми ја опишеш процедурата?
Кај доктор Весна, ученичка на Оровчанец, една од најдобрите е. Моментално ради коронава Оровчанец не прави прегледи. Доктор Весна го оперираше брат ми и ептен бевме задоволни. Јас бев со малиот поради слип апнеата предизвикана од трет крајник и вовлечени ушни тапанчиња. Прегледот е многу непријатен за малите, мојов ја дигна цела ординација во воздух, се утепа од плачење. Седнуваш со него, го држиш меѓу нозе и прво му проверуваат грло, па ушите и носот. Ако има потреба и пикаат камерче во носот. Препорака ни е да вадиме трет крајник зошто прави проблеми. Ама зошто е многу мал решив да барам второ мислење и денес ми кажаа тотално различно и ептен се изнервирав.
Баш тоа ме интересираше, фала ти. Ние утре сме на преглед кај Весна за ушите ама третиот крајник ќе почека. Инаку, кај Искра го носам сега и таа се сомнева дека има гнојна ќеса на крајникот. А се почна со бактерија во нос која наводно не беше воопшто страшна. Кај Оровчанец сум била, ултра антипатичен ама одличен доктор, штета што не работи. Ако слушнам за добар орл специјалист ќе ти пишам.
За проблеми со крајници мене колешка ми ја препорача Мирка Шалиќ. Не стигнавме до неа зашто се среди проблемот во тој момент и после почна Корона.
Пиши ми како ќе поминете те молам. И нас Искра не праќа на преглед за уши но и трет крајник (дополнително и алерготест) ама јас не сум воодушевена од Весна. Можеби грешам, јас имав проблем со ушите и она ми констатираше дека во едната ноздра имам оток, веројатно алергиски а во другата девијација. Првиот пат ми даде спреј за во нос а вториот ми рече дека џабе одам додека дојам. Да престанам да дојам и да одам на операција. Искрено не сметам дека имам толку голем проблем. А дополнително и што после тоа правев алерго тест и алергична сум на многу работи. Инаку прегледот во нос е многу непријатен дури и за возрасен @RAK91
Ќе споделам секако, јас работам во тоа време, па мм го носи ама ќе пренесам импресии. Инаку, консултирај се и со друг лекар за проблемот што го имаш, јас не би оставила така особено за оток.
Ова може да е и од некоја инфекција. Синчето кога имаше проблем со ушите, прво се почна со болка во стомаче и еднаш поврати. Бевме на клиника му правеа преглед (меѓу кои и ректално за жал) и на крај не упатија на ехо. Ехото покажа воспалени жлезди во абдомен кои му правеа грчевити болки. Тие се активирале кај мали деца од инфективен процес во организмот. Работи Шалиќ, еве ја има и на мој термин, само фул и се термините, а мислам дека наслушнав сега со коронава работи само со упат, затоа што матичните и се веројатно филтер. Секако јави се и прашај, ова секако ако сакаш . Инаку и на клиника незнам дали работи сеуште д-р. Елена Димеска, одлична докторка детски орл и хирург(она му ги ставаше цевчињата на мали) или Докоска (Марија мислам беше).