@Annath јас имам дадено еднаш-два пати риностоп на мојава исто на таа возраст,ама пола доза отколку што пишува навечер пред спиење за да ја смири секако по препорака на лекар.Му се спие дека е истоштен од вирусот,нека си одмара детето,и ќерка ми беше таква лани од грипот дури не ми беше својствено за неа,она не седнува пет минути да одмори. @chocolade супер ви е крвната слика и ние со слични параметри отидовме на вакцина Во поглед на пробиотици јас во последно време користам едни германски Livsane капсули се и за возрасни и за деца мислам над две години, се раствораат и со храна,ама ќерка ми ги голта,плус содржат и цинк во нив за имуниот систем.Овие ги користиме и за нас и за неа,задоволна сум. Лани прележавме и ние еден грип ,цела група во градинка беше покосена од 30 деца само три одеа,тоа ни беше единствено разболување и држеше тт пет дена,а после продолжи со многу лоша кашлица без престан,ништо немаше на гради ама за да се смири тогаш матичната ни даде пулмикорт во инхалациите.После тоа за имунитет ги користевме таблетките мултивитамински на forever living aloe vera исто се покажаа доста ефикасни,отвараат и апетит а во нив има исто и цинк и селен. Оваа година да не е за подрек само едно течење на нос и кашлица фати што помина од нога за пет дена ,и без отсуства од градинка,освен периодот пред вакцинирање и после тоа.Користам само пробиотици,витамин ц,рибино масло и мед со матичен млеч и секако внимаваме на исхрана. Периодов сите болни,на другарки деца со исти симптоми како тука што набројавте. Им посакувам на сите дечиња брзо оздравување
Ве молам за мислење за флорадикс - киндервитал за деца и за мешавината од Бо мед (мед, млеч и нешто...) за 20 месечно дете.
Пиши дали ќе има подобрување од Риностоп? И мојава се раскашла, размрсулави и раскива пак. Два дена беше подобра, сега пак
За кој Риностоп зборите ? Има и детски или оној истиот за возрасни ?! После која возраст може да се дадат на деца?
Има сируп, детски, пишува дека со полни 6 се дава, порано над 3-4 пишувало, сега над 6. @An-na ќе пишам дали ќе помогне. Ама еве кашлицата е смирена малку, вчера многу лошо кашлаше. Денес помалку кашла, ама не сака ништо да пие и јаде. Ај не форсирам јадење, ама ни вода не пие.
Моево пие, ама јадење никако. Еве се слушнав со дадилката, ни под разно омилената храна не ја става во уста. Јогурт испи вчера литар ипол, помина замини со чашата на фрижидер е. И свежи овошки јаде, јаболче, портокал, киви...
Две недели е каскашлана со растечен нос. Имаше и Т до 40. Се смири два дена, од вчера пак. Често има алергии, ама матичнава вика ова не е. Јас на своја рака денес и дадов Аериус, па ќе видам до утре треба да има подобрување ако е алергија. Во петок сме на контрола со нова к.с, па ќе видиме. Ти што мислиш за сирупот Риностоп? Би помогнал во ситуацијава? Фала ти
кашлањето може да е алергиско, ко што вели Алишан, и да нема други симптоми освен кашлица нос и малку покачени имуноглобулини
Пред Нова година од алергија и се воспали увото, ама тогаш немаше Т, само нос течење и кашлање. Сега температурава ми е Скоро една недела има. Првите два дена над 40, останатите помеѓу 37 и 38.
Риностоп сирупот содржи 3 активни компоненти (1.парацетамол, 2.псеудоефедрин и 3.хлорфенамин) 1.за ублажување на болка и зголемена температура 2.назален деконгестив, ги стеснува крвните садови во носот и се намалува секретот од него 3.антихистаминско дејство, ја намалува затнатоста во носот и солзењето од очите Дозирање: 6-12 г. 4 х 5 мл. >12 г. 4 х 15 мл. дневно КОНТРАИНДИЦИРАН е за деца на возраст <6 г.
Postoi nogripin sirum. Moze da se dozira i kaj deca od dve godini nagore. Sodrzi paracetamolo, chlorfenamin i uste Edna komponenta koja ima antitusicno dejsrvo, i ja ublazuva suvata. Kaj deca od 2 do 6 godini se dava 3-4 pati po 2,5ml
Мајки дали може нешто како превентива да дадам на малото Денес по малку подкашлува не тече нос нема други никакви знаци но може и да одима па сакав да прашам дали можам нешто како превентива Дали инхалациите би спречиле/помогнале Малата таман помина и си помислив добро бар тој не закачи и еве денес подкашлува па се надевам некако да успеам да го ублажам Секој совет ми е добредојден
@blessed.an инхалации со физиолошки раствор може да, може и во носот да му капнуваш од нив превентивно, кашлицата често е од слеани мрсули.. а најважно е самиот воздух што го дишат дома да е ладничок и влажен, посебно за спиење. некаде пишувавме за кашлица може и сируп од кромид и мед (над 12 месеци).
Ова дете од седење дома пак болно. 2 ило 3 дена беше ок, освен јадење и вечерва пак 38. Ќе полудам. Кашла и нос и тече. Уште на антибиотик. Утре на доктор па ќе видиме. Колку лоша мајка се осеќам некогаш