имаме 3ипол годинки и околу 20 кг качуваме блага температура до 37,8-38 и не фати стомачен вирус. Сирупи нејке да пие за темпреатура па прашање ми е дали може апче парацетамол половинка да и дадам. Апче сака да пие сируп не.. За вирусот и давам пробиотик и електролити бидејки се што ке апне поврака.
Добра вечер, ќе почнам од почеток зошто збрлавев више. Имено, малата од март месец е со затнат нос, една недела инхалации чистење носе, бла бла бла, ќе се управи 3 дена и после пак истото. Големата чат пат ја фаќаше ( почна во градинка од Јуни). Кога, пред 3 недели салам се изнервирав и ја однесов малата на брисеви, испадна дека ја има стрептокока пнеумонае, баш дента кога ги добивме резултатите качи температура, одма ни препишаа антибиотик и маст за во носе. Арно ама на големата не и земав брис И се управи детево, и двете беа супер, ама по 2 дена почнаа и двете пак со затнат нос. Земав и на двете веднаш брисеви, и двете ја имаат. Во меѓувреме, големата намали на јадење, и ми поврати неколку пати во млазеви, не секој ден, него преку еден ден, исто така и проливче имаше, а јас будала мислев дека е ради балгамите, а проливчето дека е од антибиотикот,исто така имаше и температура, кога ве читам тука дека имало некој стомачен вирус, зарипнат и е сеуште гласот на големата, и има мрсули ама бааѓи. Од вчера, иако се и двете на антибиотик, почнаа да ми кашлаат, почнав и инхалации да правам. Луѓе, кај грешам ? Што да превземам ? Давам прополис капки, давам мед, давам вода да се пие, давам овошје и зеленчук, чистам носови, прскам капки аква марис, на едното му ставам оперил , а на другото и спреј од диво оригано. Еве ја нарачав и маста од Бугарија Бактробан, се надевам она ќе се спаси. Дајте идеи, до кога вака ? Едит, и двете се вакцинирани за стрептокока.
Баш ќе те прашував дали се вакцинирани, па видов си едитирала. Мене матичната ми рече да прекинам со инхалации кога виде дека е бактерија. Среќа два дена само го инхалирав и онака не седеше мирен. Веројатно големата пак и ја пренела на малата вториот пат или недолечена била како кај нас од претходно. Пример, алицеф пиеше прво и не помина туку закачи и втора бактерија, па со панцеф помина. Втората бактерија преживеа и панцеф, па се надевам сега ја нема после Сумамедот, сеуште не сме биле на контролен брис. Што можеш да правиш, градинките се такви. Едно ќе се излечи, друго ќе закачи. Давај нешто за имунитет, носињата проодни да бидат цело време и редовно на контроли, ќе помине. Многу е мачно.
И за рубела е плус. За варичела има вакцина ама во Мк не се дава. Веројатно од градинка, само 3 дена беше па настина, седеше дома 10 дена после Никаде не била со други деца.Само нека поминува...
Си пишав со други мајки, заедно што одат децата со моето, ми кажа дека имало стомачен и ларингит, па се мислам моево и двата ги фанало. Кој ли знае.. Иначе, инхалација правам оти кашкаат, имаат густ секрет. По сето ова што го прочитав, мислам дека стрептококата е одговорна само за мрсулите, за другото вирусиве се криви А заедно дома си играат, се бацуваат, па се префрлуваат.
Мојот кога го фати првиот вирус му се фати и гласот, па после стомачниот кога го фати само еднаш поврати ама јас и татко му го кркавме јако. Исто имаше густ и зелен секрет од бактериите ама и многу висока температура качи. Со лесно
Фала ти Значи моите го минат истото низ кое што твоето го поминало Дијареата ја нема веќе, повраќањето исто така помина, гласот и се пушти, пу пу пу. Остана само секретот и кашлицата. Оф, ајде..и тоа ќе помине
Дали некој се соочил со алергиска кашлица и како истата се манифестира? Детево буквално на секои 15 секунди кашла како да се дави. Нема затнат нос, нема мрсули, нема тт. Освен кашлица. Ноќе се смирува ( на пр. 2-3 часа нема да се накашла), преку ден на секои 15 секунди. Ептен е жален. Педијатарот даде инхалација со вентолин, сируп за алергија и б6. Дали да го носам на др.место (искрено не знам и каде) или да чекам подобрување. Вчера направивме 2 инхалации а треба 7. На педијатарот му верувам. @Annath @Alishan30 извинете што ве тагнувам ако имате совет пишете. Или ако некој знае да ми препорача кај кој доктор да го однесам за второ мислење. Претпоставката е дека е алергија бидејќи неѓа др симптоми и кашлицава во поблага форма само, трае веќе 3-4 мес (претржно кога ќе стане од спиење) ама сега нон стоп.
Чисто инфо. Искочи бактерија во нос Мораксела. Си доби антибиотик на прво разболување Ниту сме се виделе со некој ниту ништо. Од кај ја закачи незнам! Со леукоцити покачени, црп 37 и тт 5 дена до 38 со 5. Од втората доза на антибиотикот и се спушти температурата конечно. Се надевам ке биде добра.
Секогаш можеш да побараш второ па и трето мислење. По ова што опишувваш, толку долг период кашлица, укажува дека нешто го дразни детето.и можно е да е алергиски причинител. Сигурно сте испитувале брисеви и преглед од ОРЛ да исклучи и од негова страна заболувања. Алерготестови може во Козле да направите, или по приватниве . Штом веруваш на педијатарот, тој најдобро го слуша детето, ние вака од страна може само да сугерираме и да дадеме мислење плус. Нека се средува побрзо.
Здраво мајки, синко 19 месеци го фати стомачен вирус, цела вечер повраќаше. Го однесовме на матичен, електролити ни даде и сируп Локомотив. Вчера воопшто не јадеше, касна само малце палента со јогурт, инаку јадач е, но пиеше доста течности како и секогаш. Ноќеска качи тем. 38.2 му дадов парацетамол, чорапчиња намокрив со оцет, добро поминавме Сабајлево е доста подобар. Мене ме фати вирусов, за никаде сум. Дали трае кај маливе дечиња или се средува со терапија за кратко време? Или индивидуално е? Фала ви
Индивидуално е, но кај дечињава што ги гледам обично 2 до 3 дена се со симптоми, потоа изнемоштени се. Битно е течности да внесува. Добро ви дале, ќе се среди, уште неколку дена внимавајте на исхраната