И мојата беше со такви пликови, дури и тврдички на допир. Неколку дена мачкав, и обледија, сега се како точки белези. Ни мапез не ни помага, ја отрув мачкајќи и пак е изедена по раце и нозе.
Мислам твоето веќе не е така мало. Јас го користев, само внимавав да не ставам на рацете за да не го лапа
Лапа лапа се, 9 ипол месеци е. Мапезот ми го лиже.и на раце, на дланкиѕе не и ставам. Тргнав по аутан ама во аптека баш прочитав и не е дозволено за деца под 2г.
Слободно ставај го, на двајцата ставав. Ќе си пазиш исто како и со другово. Прскав и на облеката, количката и сл
Mousticare да видиш... тој па бетер од Аутан мириса. На километри се осеќа. Ама мислам дека е поприроден. EDIT: да, на природна база е. Ама не знам дали можеше да се користи за помали од годинка.
Јас користам на Бекутан за комарци. Не прскам никогаш директно на кожата, прскам на мојата рака еднаш -два пати и потоа ги минам на нозете, и на рацете. Комарец не ги чепка.
Јас ставам од зелениот рол он на чико пишува над 2 месеци може и алката до нозе и е кога спие или кога шетаме со количка, подзаскриена да не ја гледа да не ја дофати, и пак имаме по неколку убоди ама не толку страшни
Musticare е за деца над 6месеца, јас за поголемиот го користам и е баш ефикасен прскам по облеката шубе ми е на кожата, а мирисот точно ептен е јак.. Бебушот е мал 2.5 месеца па само мрежа над количката убаво наместена, алка зедов една од Зегин божем за на количката ама дома видов дека е за над 2 години и не ја ставив... Тие се опциите за малите
Онаа екстремната малаксаност не држеше 3 дена мене и мм. Треска имав неколку пати и температура 3 дена. Маж ми повраќаше два дена, јас 5 дена пролив. Малиот само еднаш поврати, ништо друго. И од други примери помалите полесно го поминуваат.
Кај нас вечерва почна кај големата. Повраќање екстремно од сите страни. Сега се ребрам за малиот кај и да е ќе јави. Очекувано ми е да трае два дена отприлика.
Malata mn.imase sekret vo nos i sea potkasluva. Doktorkata vika ke potkasluva normalno od nosot nema temp.bitno. Da dadam nekoe sirupce 15meseci
Еве што им давам и на двајцата за мрсули и за кашлање Овој е за течење на нос да не тече повеќе А овој е за кашлица. Природни се и двата сирупа од билки само и се многу ефикасни, барем кај нас така се покажа. Ги има во Бугарија, таму е седиштето кадешто ги произведуват, јас тука во Гр ги порачувам од една аптека преку интернет која работи со Бугарија и така ги порачуват од таму. Ако имаш некој во Бг порачај му повеќе оти таму се 2 и нешто евра како што гледав по интернет, јас ги купувам тродупло, 6 евра во Гр
Мајки, детето ми е 2 години, вчера крена 38.9, му дадов блокмакс и бевме кај матичната, ни даде упат за крвна слика и црп, крвната слика е супер, црп мирно, на гради нема ништо. За 5 саати пак крена 39.2, пак му дадов блокмакс, и до 5 сабајле немаше тт. Во 5, 39.4. Пак му дадов блокмакс, му се симна до 37.5 и еве сега пак е со 39.1. Се слушнав со матичната, да му давам Далерон и блокмакс наизменично, туширање, оцет или сенф на стапалата. Дали има некој вирус, колку трае, што друго да преземам, паника ме фаќа, до сега не кревал вака висока температура. Дај утешете ме, дека не е страшно, дека не е само моето.