Фала ти многу, и претходно користевме маст со иста активна состојка Clotrimazolum само не се сеќавам на името, но секако исто е, ќе пробам со канестен.
Да ти кажам искрено, јас не се разбирам многу од состојки, што и како има. Кај мене и двете се момичиња, па често знаат да имаат габична инфекција, иако редовно одржувам хигиена на дунде и газе, редовно мијам газиња и на двете на секое какање, и пак на одреден период знаат да имаат. Кај женските деца почесто е. Педијатар ми кажа да го користам. Еднашка ги купив сите креми за осип, и не помина со ниедна, ја однесов на педијатар,и од кога почнав да мачкам за 2 дена и се повлече. Од тогаш ја сфатив работата
Син ми 14 месеци утрово качи температура 38. Го туширав со млака вода, ладни облоги, не спадна под 37.7. Немам далерон, дадов Алгофрен сируп од Грција ми е земен, ибупрофен има во составот, веројатно сличен на блокмакс. Падна температурата накај 10-11 и добар беше до сега, мерев, не одеше над 37.2. Сега е 38 пак. Се слушнав со педијатар, рече да дадам сируп пак, на 8 часа се давал, ама да сум дала предвреме. Дадов.. Не знам што друго да му правам..
Имагел ленти за симнување на температура во аптека. Се ладат во фрижидер, се сечат околу 3 см и се лепат на чело. Пробај помагаат.
Ќе тркнеме до аптека.. Без возило сум сама... ама не можам по жешково да влечкам и бебе со мене.. А дозирањето како оди? Бруфен ми рече доктор 5мл.. Далерон исто?
Значи на пример на 15 кгр.на цртичето на 15 не на пола? Сите различно ми кажаа,да не звонам кај матичната сега. Фала
А да прашам, давам на 4 часа наизменично ибупрофен, па парацетамол. Е сега да не грешам работа, имам шприц за дозирање од далерон сирупот, и со истиот шприц дозирам и од другиот сируп. Ок е така ? Не знам да не различна густина имаат па да не грешам?
Ако не крева над 38, нема потреба од постојано давање сируп, не е толку висока тт. Примени други методи, како туширање, ладење, ладни облоги на топли нозе... со сирупите може и хипотермија да му направиш, па да треба да го загреваш, а не дај Боже од нагло симнување, особено ако даваш сирупи на база на бруфен, може да се јават грчеви.