Што се даваше за повраќање?? Одамна не не снашло ова... На пола саат повраќа и бетер. Од 1 ноќеска до сега сигурно 15+ пати поврати.. Веќе вода и киселини само повраќа Дадов јаглен во 3 и пред пола саат... Друго?
Отиде маж ми да земе.. им истекол рокот на овие дома што ги имам... Колку трае? А не беа во градинка со сестра му, дома се со мене една недела, кај закачил...
Јас не паметам ваков стомачен. Во средата го донесе ќерка ми од градинка, до сабота веќе сите не фати. Тоа повраќање страшно беше, киселини и вода баш исто. Повраќањето помина, ама децата се уште се изредија со проливи, никако да запре, давам пробиотици. Електролити давај, алвоген орс само ми ги пијат и аква мента е добра за гадењето.
Леле катастрофа е сега за сега. Повраќа на 10,20 мин сега го следев, 8, 8:20, 8:50, 9:20, 9:30... 5 пати за саат ипол... Абе малата пред некој ден ми поврати во кола, ама мислев дека од топлото, а може и неа ја фатило прво. Па и мирисаа каките ептен овие денови, не беше пролив ама така помека столица (ама она како офцичка кака од 1г, топчиња, пролив во живот немала). Се што давам повраќа, се надевам нема да ми дехидрира... ако продолжи вака често ќе го носам некаде..
Јас на син му давав едни шишенца од зегин ги земав пробиотик како пролајф ама друга фирма се ми рекоа од зегин тие биле подобри и електролити, друго ништо... И кај него така почна со нагло често повраќање од после полноќ до сабајле до 8 после беше добар се жалеше само на болка во стомак, кај нас вирусот траеше само еден ден.
Не знам, кај секого е различно, големата ми поврати неколку пати, во тек на неколку дена, исто така и пролив имаше ама не беше страшно, ова малово имаше само проливче, нас не не фана. Кај секого различно е, само нека мине побрзо
@mariz кока кола голтка по голтка давај, да го смири малку стомакот и да намали повраќањето. За електролити знаеш, давај колку може да пие, голтка по голтка. Ќе пројде и ова.
Мислам дека се смири малку со кока кола. Дека му се грозни електролитите, голтка од тие, голтка од к. кола. Сега повеќе издржува мислам... Престанав да гледам на саат, ама не е како прееска на 10,20мин.. Лапна и 3,4 парченца варен компир.. Фала на совети
Не знам на кој принцип делува, ама смирува чести повраќања. И јас не верував во тоа, ама кога имаш мака, ќе пробаш се што си прочитал или слушнал, само да помогне. И помага.
Никогаш не сум се запрашала зошто, а од мала знам ми давале некоја голтка за да се смири повраќањето. Сега прочитав малку по нет од кога праша ти, содата и шеќерот во кока колата помагаат за да се смири стомакот и повраќањето... Еве од сабајле што не пробав, многу повраќаше. После кока колава многу се смири, дури и живна, стана..
Ова не сум го знаела до сега, фала за објаснувањето, ќе си го имам на ум, не дај боже..ама пак е супер да се знае
Ми спомна една тетка, ама ми е страв без консултација со докторката. А сега во недела да и вртам или пишувам не сакам, плус на одмор мислам е. Подобро е малку, како и секој вирус, ден, два и ќе биде подобро, до утре како нов
24 часа трае. До два дена макс. Мариз земи алвоген орс електролити. Се друго и мене ми е гадно, не пак нив.
И јас Алвоген електролити би ти препорачала, покрај кока колата (супер што делува иначе ). Штом мојава ги пиеше Алвоген, значи ок се. И јас пиев, нас дома сите 4-ца не’ фати, Господ го видовме Големата исто мн повраќаше, ама само еден ден траеше. Уште првата вечер прекина да повраќа. Малава помина само со смрдлива потечна столица, мм со гадење, јас и со повраќање, и тт, и гадење, и се’ што можеше Доброто е што за ден два поминува, утре ќе е ко нов. И ептен е пренослив вирусов да знаеш, нас дома сите 4-ца во 3 дена не’ фати, така да мразам што морам да кажам, ама очекувајте сите да ве фати штом сте дома заедно Брзо ќе помине
Исто и кај нас. Сите го пројдовме. До моите дома, сите по ред. Свекрва ми, девер ми кој го видовме само на 15мин. Баш ама никој не скокна. А ни го донесе малиот од градинка. Прв пат вакво чудо никој да не скокне.
Маж ми вакви ми земал... Испи 100мл... Ќе земам и такви ако продолжи да повраќа. Сега за сега смирува, во 12 последно поврати... Сега да очекуваме да не подреди (особено мене, мене не ме скока ништо ). Фала ви