Исто, и свекрва ми и мајка ми ги фати, пошто само со нив се имавме видено претходно. Чудо од вирус еј, никаков период на инкубација, одма не’ пореди еден по еден сите И моиве од градинка го донесоа, не знам која од двете, ама нема од каде инаку.
Девојки како беше дозирањето Далерон на 5 год дете?Исто се одеше пола од килажата?20 кг има,треба да дадам 10 мл Далерон?
Мојот повраќа од шумско и јагода Ич не ги сака дали дека благи @mariz потврдувам за алвоген само лимон се изгледа со помин
Женски, ај вака : Од 21 Јуни малата почна до антибиотик Алмацин, маст Хлорамфеникол, 2 инхалации на ден со физиолошки 5мл со 0.2 мл пулмикорт, влечење на мрсули, ставање спреј во носе, бидејќи спушти на гради, има Стрептокока во носе. Се управи, се беше супер, завршивме со антибиотикот, кога на 4 Јули пак почна со антибиотик Зинат дека не беше долечена, ама овој пат помалку инхалации без пулмикорт, и ставање на маст Бактробан во носе. Неќна заврши со антибиотикот, еве ја од денеска пак хрчи на градите. Што да превземам више, пукнав не можам. Не сакам повеќе антибиотик да давам.
Давај нешто природно, сируп природен за исфрлање на шлајмовите кои се останати внатре. Недолечено е, да. Можеби треба 2 дози антибиотик да испие за да се исчисти скроз. Пробај хомеопатија. Јас ги лечев, т.е.син ми повеќе со хомеопатија и сум мн.задоволна.
Црп кај 4 годишно дете 35.4. Дали е многу високо и има место за паника? Доколку некој знае да ми каже, додека утре да отидеме на педијатар.
Моиве не одеа минатата, големиот ич, малата само пон и вторник беше. Сега мислам мислам кај беше големиот не ми текнува... А некој да има вирус стомачен од наши познаници, нема.. Којзнае од кај го закачил. Таман се израдував дека сме добри другите, почнавме јас и малата да повраќаме сега од 12ипол Исто како Тео, на пола саат... И свекор ми и свекрва ми имаат контакт со нас, па тешко на сите
Минатава недела го поминавме сите, синко година ипол не оди во градинка, не се мешаме мн, ама ете прв он го закачи. Повраќаше на саат, цела вечер. Дури и водата ја повраќаше. Го однесов на матичен ни даде сируп Локомотив на база на ѓумбир, веднаш го смири. Орс електролити и пролајф пробиотик. Повраќањето се смири, вечерта качи температура 38.2,му дадов Далерон и чорапчиња со оцет. Течности постојано, 3от ден беше баеѓи подобар. Во меѓувреме ние закачивме, веднаш на лекар, инекции, терапија обавезно, што побрзо да се реагира, ептен е лош вирусов. Локомотивот баеѓи помогна против повраќањето, дури и јас го користев. 500 ден е во Зегин, со лесно нека ви е.
Значи нема две недели како го заврши антибиотикот денес повторно поткашлуваше . Не е честа кашлицата други сомптоми нема ни течење ни затнат нос ни тт. Страшно поминавме со 40 температури константно 3 дена не пајѓаа никако на ренген се виде вирусна пневмонија. Дали имате искуство со виранто форте ? Немам сила да проаѓам низ истото. Дали навистина спречува?
jaс сум задоволна од виранто форте и давав на големата пред 1 недела,ама се дава на почеток на настинка за да има ефект..за брзо делување,и навистина да не ја урочам одлична е ама се зезнав што не давав на малото па еве тек денес е подобра,изгоре од температура 3 дена со 39 цркната сум...нема па и од кај да фати да се чудиш,дома сите сме ок,големава не оди во градинка веќе 3 недели..навистина незнам битно полудев
Како е бактериска инфекција ако се чисти брисевите? Вироза е, не бактерија, не знам зошто алмацин ви дале. Вредност на црп до кај 50 може да укажува на вирус, ама се гледаат и други параметри на крвната слика. Повисоки вредности ос 50 обично укажуваат на бактерија.
Со таа проверка на црп, децата ги отруја со антибиотици. Нашата матична не проверуваше црп на секое разболување, настинка, температура, само обична крвна слика. Прво се чудев кога се префрлив кај неа зошто не, ама после сфатив дека подобро не. Сега сме кај друга (дека таа си отиде во Тетово), не сме биле многу кај неа ама мислам и она не проверува на секое.