Ана од риностопот спие, јас еднаш се напив и излегов нешто да завршам работа едвај се вратив до дома. Многу успива, ама пак за настинки и грипови и треба многу сон. Не знаев дека има детски искрено, досега никој не ми го спомнал. Знам тилолхот детски дека има и сум му давала на големиот. Штом ти го кажал доктор и покрај тоа што не е за под 6г вајда не е до толку контраиндициран кај помали, не знам што да кажам. Уште не е подобар? Грип излезе? Уф ајде полесно да мине. Малав да не ја подречам е ок од понеделнилот, чат пат ќе подзакашла и малку и тече носето, се мислам да почнам пак со дефендил едно 2м како пауза направив после 3м пиење. Не сум сигурна колку има фајде или пак се поклопи тоа што се разболе бргу откако престана да го пие. Ама вајда не е на одмет сепак не е некоја хемија, што мислите? Докторката што ми ја следи малава не е баш за имуностимулатори од било кој тип, посебно од појаките што не се само нултивитамински. Ја прашав еднаш за изопринозин ми рече не. Ама пак ептен утепан имунитет има зверкава и покрај тоа што уште не оди во градинка, а јаде се, и овошје и манџички и салати се.
Мајки прочитав на интернет некој лек со мед маслиново масло и брашно се прави густа смеса и 3 часа пред спиење да се залепи на детето да му постои било многу ефикасно па дали некој некогаш го пробал Не сум правела вака досега па сакав да сподели некоја ако има искуство
Не дека имам нешто против сите вас кои сте пишале ама темата ја замислував само за итни случаи, а во претходниве 20тина страни само неколку такви прашања има. Цело време ја отворам темава, можеби ќе можам да помогнам на некого ама цело време одвишок мислења. На пример во ред е прашање детето ми падна од кревет што да правам ама не и дали на 20 степени им облекувате хулахопки на децата, за тоа има соодветни теми. Низ многуте мислења може да се заташка некое итно. За доброто на сите. Само добра намера имав со мислењево. Ако грешам @RainBow исправи ме.
@An-na помага риностопот, дефинитивно. Малово утрово е подобро, фала Богу, ама вчера цел ден спиеше, од него изгледа. Барем носот помалку тече, кашлицата драстично се намали, додуша сега е влажна, не е веќе сува. Кога сме кај кашлица, нешто за сува од аптека? Природното е се испробано (чај од кромид, јаболко и оревче, лекот од пиво и шеќер, чај од ловор, прегорен шеќер...), не помага, давав мукоплант од тегавец и пастили од мед и лимон. Нешто друго за сува кашлица да може да се купи во аптека? За дете од 9 години е.
Анат, мене овие пастили многу ми помогнаа за кашлицата, ама никаде не е наведено дали се и за деца. Односно не пишува ни за возрасни, ни за деца. Прашај во аптека што ќе ти кажат.
Фала, јас сум заборавила на исландскиов лишај. А имам дома и таков сируп. Ај да се јавам да им кажам да и дадат.
Мајки итно ми треба дадов парацетамол во 17ч а малиот сега има тт 39.4 туширав и пак исто Што друго можам да направам дали да дадам сируп на 3ипол часа
Јави се на матичниот. Да ти каже како што и на колку часа на даваш. Темп е голема и според мене треба да се јавиш на лекар.
Смееш да дадеш друг сируп на 4 часа. Наизмечно на 4 часа два сируп. Оцет и вода на чорапите. Полесна облека. Туширање само на тело, глава не, ладење на раце и нозе. Луфтирање дома и свеж воздух, изнеси го надвор макар на тераса. Сирупот се дава откако ќе качи тт, односно откако ќе престанат да му бидат ладни рацете и нозете.
@Annath мојот од грипот спиеше еден ден цел, нејќеше да станува воопшто. Од омалаксаност и плус риностопот заедно може кај твоето. Ама мене ми рече педијатарот ако мирно спие и убаво диши да го оставам да се одмори организмот, само електролити да му давам по една лажичка ко ќе се буди, и вода по некоја голтка. Друго што сакав да ти пишам за изопринизонот, нас ни го пиша матичниот веднаш ко испадна дека е грип. Ми рече ќе му помогни и сега да се избори полесно, иако е имуностимулатор. И на него во упатството покрај другите состојби пишува дека се препорачува да се пие за грип. Ние се спремавме за вакцина, ама сега се мислам уште колку пауза да правиме. @Alishan30 ако имаш мислење те молам советувај ме, на 2ри февруари први симптоми на грипот појави, 5 дена имаше тт, две недели траеше заедно со кашлица. 2-3 недели ми кажа педијатар ама се мислам да не е малку, да не треба да закрепни повеќе. И дали може ако ја прими вакцината да го пие изопринизонот во исто време?
И ние им кажуваме после настинка 2-3 недели па вакцина. А изопринозинот го стимулира имунолошкиот систем да се бори против вируси. Некако не ми е логично да прима вакцина а од друга страна да се дава изопринозин да се бори против вируси јас не би дала.
@Alishan30 фала ти, ќе рачунам ко ќе е на пауза од сирупот да го однесам за вакцина, само се друго да е во ред. Почна и јајце да јади, не повраќа повеќе значи или тешко му беше за варење ко беше помал, или ја надмина алергијата или нетолеранцијата, што и да беше.
Малиот денес скоро 40 тт ми качи со ништо не симнуваше, го боцнаа Дексазон.За што е тој лек? Повеќепати ни имаат боцкано при многу висока температура. И што ако не симнува и со инекцијата?