Здраво мајки, ве молам за совет. На одмор сме во Струга, синчето има за 1 месец 4 години. Стана сега до плачење исповрати. Претпоставувам или вирус или од водата во базенот и езерото, не е излезен. Сега еве му беше подобро пак заспа. Ве молам кажете ми што можам да направам да престани повраќањето. Во мене носам орс, имам кока кола, антиметил носам но нема да испие апче. Кога да дадам од орс, дали сега да оставам да се смири стомачето? Утре треба да се враќаме за Битола, се плашам како ќе поминиме ако продолжи вака. Помагајте ве молам
Едит: три пати поврати досега само две три лажичиња кока кола дадов залудно. Дали да одиме на инфузија?
@SophiaBella дали повраќа обилно, дали јаде детето, дали е малаксано, електролити да пробаш да му даваш лажиче по лажиче? Да не јадело нешто расипано? Доколку е малаксано и не сака ништо однесете го на лекар, во меѓувреме форсирај течности, вода, сокче, чајче, супа, има капки Наусолвит за гадење и повраќање само не знам дали смеат под две години. Со лесно!
Како сте сега? штом имаш орс ептен е добар ама ако може да пие давај му лажичка по лажичка и внимавајте со јадење па и со вода пиење
Мајки што да му дадам на син ми 14 месеци од сабајле почна многу да кива и носето почна да му тече ? Од климата во кола му е знам ама па многу е топло се поти неможе да не му пуштам клима
Не јадеше ништо што би можело да биде расипано вчера. Не поврати веќе после тие 3 пати едно по друго, значи од кај 4 сабајле наваму, 9 саати е добар не повраќа, се надевам дека нема да повраќа штом досега е добар. Дури и дома се вративме и патот го истера некако. Се слушнав со докторката, давам чај нане, орс, аквамента против гадење, пробиотик. Добар е дури за јадење праша, па ќе пробам покасно нешто суво, бисквита, грицки, банана по малку. Инаку има скоро 4 години. Фала Подобар е после 9 саати без повраќање се надевам дека се смири и нема веќе да повраќа. Давам орс. Вода малку се напи бараше, исто голтка по голтка. Прв пат фаќа стомачен вирус и мене ми е ново и ептен стресно го доживеав. Фала ти
После 30 саати без повраќање, денес пак поврати. Вчера дури и почнав да давам по малку бисквита, двопек, банана. Добар беше Утрово цело време како омалаксан, како да сакаше да спие само, испи вода, јогурт, од двопекот не сакаше, и кога дадов од акваментата исповрати. Ова кај 10 и пол утрово. Досега беше супер свеж, цело време бараше да јади, му давав по малку од истите работи. Сега еве пак заспа како да омалакса. Се плашам дека пак ќе повраќа. Дали е нормално вака да се манифестира вирус, после 30 саати пак да поврати? Ептен се плашам не знам што да правам, го носев на доктор ми рече ќе се среди дадов б6 и тоа е тоа. Не е за инфузија свеж е. Совет?
И син ми страшни нагони имаше од акваментата. Кај некои обратен ефект има изгледа. Инаку и ќерка ми кога имаше стомачен пред две недели исто, цел ден добра и по 24 саати отприлика без повраќање поврати уште еднаш. Ама толку беше, заспа и не поврати веќе. Затоа пролив ја искина цела недела После неа фативме сите. Давај само редовно електролити и штом пие течности не е за инфузија.
Да истото ни го кажа и докторката за акваментата. Не давам веќе. Се надевам дека последно беше ова. И дома лом направивме не знае да кажи. Наеднаш изгледа добива нагон. Коса ми се крева кога ќе помислам дека пак можи. Со најлон го чекам цел ден Си пие чај голтка по голтка. Електролити имам растворено ама послабо пие. Пролив немаше досега воопшто. Ти благодарам
Мајки да прашам, поголемата керка 5 год беше со некое вирусче , најпрво течење на носе потоа болки во грло и шлаеми еве после 10 дена да речам е оздравена , потоа ме фати мене но ептен еве цела недела сум со шлаеми и течење на нос ,пиев далерон и масло од диво оригано за грлото за разлика од малата и помина само со едно лижавче за грло, е сега помалото дете 2 год почна еве трет ден да крева темп на секои 4 часа, а нема никаков друг симптом, мислам дека носето му е затнато, помислив да не е бакт направивме брисеви но излегоа чисти , крвната слика му е ок само црп 14 и педијатарот ми дава оспен сируп ,во дилема сум дали да давам јас веќе дадов една доза но после рез од брисеви се мислам , дај ве молам совет или да давам некои 3 дена па да видам дали темп ке се смири??
Добро, како земате мокраќа кај женски деца ? Од вчера не знам колку неуспешни обиди, ептен е терсене , дали со 5 капки ќе се успее да се испита? И ставам ќесенце, и само се изместува ..дали ја не го местам убаво кој знае..
Мајки синко настина, 3ти ден денес. Вчера бевме на доктор, гради чисти, уши не се воспалени, грло малку црвено. Од симптоми има, затнат нос, многу честа кивавица, му солзат очите, и синоќа качи околу 38,3 (во уво мерев). Сега пак одеднаш малакса мерев 37,5. Ми дадоа само сируп за температура (над 39 да давам) и капки за нос. Очите додека солзеле без леплив секрет не било страшно. Ме интересира дали сируп/чепче се дава константно на 6 часа или само доколку има температура? На пример синоќа дадов сируп пред спиење, спушти и цела ноќ не качи се до пред половина час. Значи ноќва не пиеше ништо за темп Дали 2 часа вкупно спиеше цела ноќ од што не може да диши... Носот течи како водичка прозирно, па затоа не ни влечам со пумпица, како позади ми е затнат Совет некој ве молам
Сируп за температура само ако има температура, не постојано. За 3 дена треба да пројде температурата ако е вирус. Ставај капки од оригано во носе, а ако е затнато можеш и оперил капки за деца два пати на ден,максимум 5 дена.
Здраво, пред две недели се јави повраќање 3-4 пати во текот на ноќта, бевме на лекар, качени леукоцити го буцнаа, другиот ден пак контрола на крвна слика и се е во ред. Препорачано само пробиотик. Во средата поручекта пак поврати неколку пати, си легна и заспа и немаше ништо. Четвртокот сабајле пак на лекар, со крвна слика сите параметри во ред. Докторката вика може да е вирус. Вчера цел ден нема ништо весел, расположен за од сабајлево пак да поврати еднаш и неколку пати само нагони за повраќање. Стварно памет немам, преплашена сум. Има ли ваков вирус? Инаку 4 години е.
Тие ќесенца се за никаде, јас минатиот пат исто така неуспешно 3 пати и 4 пат само што и го ставив се измоча. Го залепив убаво и претходно вода и давав со лажиче намерно, за да се измоча побрзо, оти тие ќесенцата до пола саат се валидни само, ако не се измочка во рок од пола саат ајде 40 минути највеќе, треба да го смениш, да ставиш ново. Јас и го лепев убаво само на пелњна ја оставав и она штом се измоча гледа надолу и знаев дека моча и 4 пат беше успешно, пола ќесенце беше со мокрача и одма и го извадив и го пратив маж ми да го носи на микробиологија.