1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    25.096
    Како е? Син ми еве вечерва три псти поврати до сега... И јас мислам вирус дека е.
     
  2. Ena16

    Ena16 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денеска сами сабајле еднаш и еве нема ништо цел ден.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    25.096
    Дали има стомачен вирус, прво со повраќање, па пролив и температура до 38? Колку дена трае?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    25.096
    Нема подобар доктор педијатар пулмолог од Баџакова. Ама за жал, не работи веќе со пациенти.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    7.367
    Пол:
    Женски
    Веројатно има. Моево вчера беше со три од сабајле во 4ч -38 , па во 7ч -39. Со повраќање и плус потечна столица. На болница ја нивната со б6 и уште нешто за да го смират стомачето. Веќе навечер не качи тт, 37,4 беше цело време. Денес е како нова мислиш вчера ништо не и било.
     
    На KuklickaSk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.574
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    Женски, да не има некое вирувче со кашлица и затнато носе, прво едната кашлаше, па сега другава е во екот..
     
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.788
    Пол:
    Женски
    Ако бараш пулмолог, јас сум презадоволна од др. Искра во Ремедика. Малку бев скептик ама немав веќе друг избор со лечено-недолечено и одлично си ја заврши работата. Најважно од се после ова ми беше поддршката што ја добив од нејзе, такво внимание немам добиено од ниеден доктор. Жената отиде на одмор и пак се слушавме два пати на ден, цело време прашуваше како е малиот, резултатите на памет му ги знаеше и не прекина да ѕвони додека не се симна температурата која траеше 5 дена.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    Се јавив во Систина, ми рекоа не се знаело кога ќе се врати докторката од боледување, а не ми кажаа дали работи или не (повеќе) со пациенти, но еве штом така потврдуваш и ти, сигурно не работи веќе.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.604
    Допаѓања:
    25.096
    Ако најави дека ќе се врати, а ќе знам дека лично се знаеме, ќе ти пишам да букирате на време. Можеш кај Кети Обочки во Систина да го однесеш. Исто е педијатар пулмолог, заедно со Баџакова има работено во Козле, врвен доктор исто така.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    4.933
    Пол:
    Женски
    Имам отидено кај Обочки еднаш и никат више! каков арогантен однос боже, колку и да е специјалист таков однос не требаше да си дозволи. колку и да не и бил денот, а денот им беше за 2000 ден да ми наплатат. Бевме веќе во Жан Митрев но ако имаш инфо за Баџакова би те замолила да ми пишеш, ако не заборавиш.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    963
    Здраво :)
    Препорачајте ми добар офталмолог за деца
     
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Здраво,синчето 3.5 год е од среда наваму со постојана температура 37.5-38,нос полн со мрсули и почна да кашла,го однесов на педијатар нема црвено грло,рече само сируп ногрипин 3мл на 8 часа и инхалации со дексазон ,ама и покрај сирупот пак тие некоја температура и приметив како вдлабнатина на главчето и се испаничив,нема црвенило,не го боли на допир,само под прстжти се осеќа блага длабнатина,и се јавив на докторката рече да го однесам утре да го види.ке ставам слика да видите за што се работи IMG_20210808_124626.jpg IMG_20210808_124601.jpg
     
  13. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    520
    Пол:
    Женски
    Ова е знак дека детето е дехидрирано, давај течности многу и ОРС
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.163
    Допаѓања:
    199.880
    Пол:
    Женски
    Ова од косата е... На главата на допир е вдлабнато? Коската?
    Горниот дел на главата на тоа место може да биде малку вдлабната, анатомски е тоа.

    За симптомите, и син ми беше ист од понеделникот, три дена некоја температура од 37.5-38, со кашлица, течење нос и засипнат глас. Ништо посебно не давав, само еднаш парацетамол, прскав капки во нос, и сируп на билна база за кашлицата. Помина вирусот, ама секретот во носот се зголеми и згусти и од денес е со воспалено уво. Се активирала некоја бактерија, среќа што не му правев инхалации.
     
    На mal.ecka и Dikinzi им се допаѓа ова.
  15. ajaja95

    ajaja95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Искуство со бактеријата streptokokus pneumoniae во нос? Постојано, и кога оди во градинка и кога не оди, разболувањата се исти, многу кивање со многу течен секрет кој за неколку дена се згуснува. Дали се од бактеријата? Неколку пати хлоранфеникол мачкаме во нос не помага.
     
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.574
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    Ги однесов пред малце и двете на доктор,нашата матична е на одмор па отидовме кај замената. Големата кашла помалце, слушна малку вибрации на левата страна, и црвено грло, а кај малата ептен малку црвено грло и немаше ништо на гради. Крв им земаа од прсте, рече добри биле резултатите, ама сепак препиша антибиотик. Е сега, не ми се дава антибиотик затоа што пред неполн месец примаа. Им вклучив од денеска инхалации, им давам мед им давам прополис, им прскам спреј од диво оригано во носе, температура немаат фала богу.
    Кажете сируп за смирување на кашлица.


    Малата многу кашла кога ќе легне да спие. Се мачи.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    72.360
    Пол:
    Женски
    Температура?
    Малава ја имаше со температура секогаш. Со орален антибиотик ја решававме.
    Не знам која возраст е, ама мене ми ја препорачаа вакцината Превенар(не сум сигурна за името, за стрептококи е таа)
    Од тогаш не ми кренала температура при растечен нос, а и не сум правела брисеви дали има бактерија бидејќи со 2 - 3 дена солени капки се ни проаѓало.
     
  18. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    3.751
    Пневмококус е Превенар, не е за стрептокока :)
     
  19. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    4.908
    Zemi jabolko i eden kromid vo litro voda i dvete samo izmi.gi i zaseci gi neka vrie se dodeka ne ostane okolu 350 ml.od vodata.Davaj od toa nekolku pati po lazicka , ako pijat moze do 200 ml.da ispijat i ke im se ublazi kaslicata.
     
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.574
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    Правам јас такво, големата си го пие нема проблем, малата не пие не сака ништо такво, и сок да и дадам купечки ќе го лиже цел ден, нема да го надигне, тука е проблемот. Цедам сокови, правам воа тоа,ништо не сака да пие освен вода. И со салеп и топло чоколадо сум пробала, ништо несака.

    Да напоменам, и млеко не пие, ни обично ни чоколадно.