loj od guska, balsam od eukaliptus vidi ako ima po aptekite tamu navecet mackaj na gradi ili med pomesan so brasno na hartija ( sano poslednoto da be ja mackas kaj srceto).
Нема малата ништо сега за сега, само сува кашлица, иначе имам лој од гуска, ама тоа е за ептен ако има спуштено на гради, а ги мачкам со Балзамико од неќна. За да се смири кашлицата на малата мене ми е, само што ќе заспие и почнува да кашла, и саат време не може да се смири. И среде ноќ може епизоди од кашлање да ја фанат. Од неќна е вака, ќе почекам уште некој ден да видам дали ќе помине, ако е вирусно џабе антибиотик ќе давам.
Здраво ми треба совет за детенцето денес се разбуди малаксано цел ден е поспано само леже несака храна ни вода носето по малку му тече кажете како да постапам загрижена мајка
Ноќеска во 3ч крена тт 38.6 гореше, ставив чепче и му се спушти, кашлање цела ноќ, на доктор бевме нема ништо, крвна слика ок
Ќерка ми од петокот е со растечено носе,тт 37,2 до 37,7 и кашлање влажно,црвено грло,пие алмацин,крвната слика и е добра,црп во граница,веќе почнувам да се загрижувам 5ти ден.Иначе е весела игра јаде,матичната вика дека е ок штом е активна...јас мн се грижам
Само што се вративме од доктор ги слушна немаат ништо на гради, црвено грло малку оти кашлале надразнето било, температура немаат, и ми рече да дадам антибиотик оти разводнети биле шлајмовите, а правам инхалации и давам сируп и чај од слез, шо да оравам појма немам..
Значи стварно не ми се верува како даваат така антибиотик како бонбони да се, стварно не ми е јасно Ете и претходната членка пишува пие алмацин-антибиотик нели е тоа? За растечено носе? Тоа само во Мк го има изгледа....
Тоа не е температура. Од носето и се слева секретот и ја дразни да кашла, па станува влажна. Тоа е добро, ќе ги исфрли шлајмовите, нема да и се лепат на градите. Ја слушна ли доктор? Ако е чисто нема ништо, тогаш нема потреба од антибиотик. Уффф како се само нервирам што ви даваат толку лесно антибиотик значи
Антибиотик за превентива да сум дала оти разводнето било да не им се комплицирало. Ами јас не сум доктор, ама знам одприлика кога се дава антибиотик, ама ајде де..
Штом е разводнето ќе се исфрли со кашлањето, треба време, може и до 3 недели да кашлаат и постепено ќе се намалува и ќе се исфрли секретот, не се секирај. Досадна е многу кашлицата, јас ем возрасна и кога бев трудна и првиот месец штом се породив ми траеше цел месец тоа кашлање. Што ли не пробав и траеше и траеше, аууу прекин немаше, на 3 лекари бев и ништо на гради и плуќа, се чисто, а шлајмови кога кашлав мислеш се откинува нешто од мене. Затоа многу ги разбирам децата кога кашлаат и досадна е стварно кашлицата и бавно минува. Ама мине, не се секирај. Ете инхалации им правиш, давај и чајче од слез за кашлица и други билки има сеа не ми текнуваат кои беа, со мед и лимон, ако пијат, со лажиче им давај ако не пијат, колку толку, помага многу. Ќе мине, не паничи.
Витамини се за превентива. Јас испив доза антибиотик без брис. Грлото никако да престане да ме боли, брис направив испадна резистентен баш тој антибиотик. И уште една доза. Тие се антибиотиците и докторите ги уништуваат сите надежи, ги прават балтериите отпорни и на најјаки антибиотици.
Не ми е за паника,више нервоза ми е и мене, штом ќе легне веднаш почнува да кашла, саат време и фазла не може да се смири, плаче ќенка..пробувам со се и пак не бива..далерон и давам пола лажиче да се смири..
Од денес попладне синко почна да се фаќа кај курето кога мочка. Не плаче. Само прави некој звук како ссссссс, се држи таму преку пелена и ќе се измочка. Ова се повтори неколку пати, скоро на секое мочкање. 2 опции ми паѓаат на памет. -да кажува дека мочка да станал свесен за процесот -инфекција До завчера ми беше болен со висока температура, му проверувавме мокрача и беше се во ред. Исто ми паѓа на памет и нешто да не запамтил од кесичките за мокрача што му ги ставав:/ @Annath @duffi @Septemvri како се манифестира уринарна инфекција ? Ќе пуни 2 за кратко.
Болка при мочкање, често мочкање и печење после мочкање, ама дете колку знае да објасни... Може и температура да крева. Види да не му е отечено куренцето, може да е баланитис, не мора да е уринарна инфекција.
Исто и јас. Баш трудна тогаш, грло ме боли ме убива, нос тече, кашлам како некој пушач, а не пушам и антибиотик пиев цела доза, не помина, после 2,3 дена од завршениот антибиотик мислам повеќе ме болеше грлото, ај друг ми дадоа антибиотик, тука па во Гр брисеви не прават, научна фантастика е роа коа ќе прашаш Е не го земав другиот антибиотик оти трудна бев и не сакав ни првиот ама не минеше 2 недели никако и го земав од зорт и пак не помина. И пиев чаеви со ѓумбир, мед и лимон, чај од слез, сируп со билки на природна база испив 2, гаргара праев со што ли веќе не, на ОРЛ бев ништо немав со камера ми гледаше и грло и нос, на обичен лекар бев ништо и тој вика,ќе мине и тек после месец дена ми помина. Значи хаос. Најмногу ми беше криво што џабе го пиев антибиотикот.ете како даваат без веза ама ај.
Ти објаснила Ана. Обично плачат при мокрење кога ги боли. Прати го и денес. Ако е баланитис ќе биде отечено и црвено. Можеби е само свесен дека мочка.