Кога има температура само туширање, без главата. Вода со температура приближна на телесната. Еднаш дневно се дава.
Не јаде од температурата и е многу нормално, така е кај сите деца па дури и кај возрасни, тебе кога не ти е добро, јадеш ? Не форсирај храна туку течности и само течности. Бањај го секогаш кога ќе качува Т, за да ја симне, со млака водичка по целото тело, само главата не.
Синко е 2 год и 8м. Од понеделникот е со терапија Цефалексин, инхалации Кортаир со физиолошки. Имаше и темп повремена. Од денес се влоши кашлицата, матичната смени инхалации со Вентолин и физиолошки, а да го продолжи Цефалексинот до крај. Плус му даде сируп за искашлување Хербион од бршлен. Рече има спуштено на градите, и мн шлајм позади кај грлото. Од носот скоро ништо не можеме да извлечеме секрет. Сега на спиењето го слушам како хрчи од градите, и страв ме фати голем. Кашла, ама на празно, не е раскажана шлајмот за да искашлува нешто барем. Утре пак ќе го носам секако. Што се дава во ваква ситуација? Сабајле кога ја прашав за пијам атб, вика нема потреба, нема го допие Цефалексинот. Немам целосна доверба во неа, па затоа знам колку и кога да и верувам.
Исто и кај нас со јадењето, симна 300гр кога беше болен Гледај да му нудиш нешто вкусно што сака да го јаде веднаш кога ќе ја симне температурата, пример после еден саат од сирупот. Моево барем течности пиеше (освен 2 дена кога буквално ништо не сакаше и тогаш ми се одби од цицање). Гледај електролити да пие и бистра супа ако сака, навистина нема правилен совет туку треба да го погодиш правиот момент кога ќе отвори уста.
Имате ли искуство со ваков осип? Консултирани педијатарот и 2 дерматолози, сите имаат различни мислења
Се прават пликчиња со вода после црвенилото? Брис да земите од пликовите, да не е molluscum contagiosum, иако тој осип не е баш ваков, ама пликчето ми заличе на тоа.
Значи готова сум веќе со живци, готова! Тргнавме фино лепо на одмор во Албанија, за неќна малата да ми стане и цела вечер да ми повраќа! Абе се истури од повраќање! Другиот ден се чинеше подобра ( вчера) и не повраќаше, арно ама како почна да качува температура од вчера сабајлето, еве до денеска тргни застани е, ќе се симне и за кратко пак ќе се качи. Прееска бевме до амбуланта во Валона, се решив да и пуштат инфузија, вриштење пиштење не попушта, едвај и најдоа вена, па и кога завршија работа за 2мин ја извади. Се откажав, ни препишаа нешто лекови, и право назад. Финтата е што не соработува со нас, и нудам вода зорле, електролити и бутам зорле, витамини некои ми дадоа и тие зорле ги давам. Изморена и кенкава е цело време. Прееска спушти температура и пред малце пак качи. И излегоа овие по рачињатаи ножињата.
Има некој буден? Два дена синко има температура 38,5, еве сега има 39 и гори. Кога поминува дејството на бруфенот тогаш крева температура. Не кашла и нема затнато носе. Има чести, но не течни столици. дали треба расоблечен или треба да се препоти?
Нека биде расоблечен никако да го топлите да се препотува, од бруфенот сам ќе се поти кога ќе намалува. Намокрени чорапи со оцет или сенф, може и рендан компир, туширање со не многу топла вода ако е висока тт и направете крвна слика утре да видите што е.
Исто, син ми е 1г и 9 мес. Направивме кс, црп покачено, правевме и Ковид за сигурност ма да малово го прележа на 10 месеци. Испадна негативен. За 2 дена тем. помина, сега почна да поткашлува и му се растече носето. Зедов Проспан, Пролајф и пробав инхалација со Кортаир и физиолошки. Како им правите инхалации, не остава почнува за заоѓа од плачење.
Не ми изгледа како алергија. Повеќе на убоди од комарец. Види дали има нешто на деловите каде носи алишта.
Човек со деца да не е раат. Големиот (8ипол години) петокот вечерта крема тт 38 саботата и денес ништо не му е.
Мајки летово е полно со вируси,на почетокот од месецов со кашлица температура и пиевме антибиотик,две недели не одеше во градинка,само што почна оваа недела,од сношти крена повторно температура без никакви други симптоми 38.8,бевме денес на дежурен ја прегледа не е црвено грлото,утре упат за микробиологија и ккс.Цела ноќ со тт,денес исто.Дали има некој вирус само со тт?