Закачил нешто плус, паѓа имунитет ептен од ММР. Нека поседи некој ден домче. И ја веќе 3 недели дома го чувам и работам. побудалев.
Женски, знам дека малата 5 дена ништо не јадеше ради стомачниот, ама овие 2 дена ненормално бара да јаде. Само што ќе се најаде нема ни пола саат и плаче за јадење. Нормално ли е ?
Ако мислиш да не ти настане, недела дена е доволно. После неа нормално шетање, јадење, гледање со најблиските, помалку дружење со деца. После мрп им паѓа имунитетот, одма закачуваат нешто, барем 2 недели по вакцината, После најнормално.
Што давате за сува кашлица? Некој домашен лек. Му давам мукоплант тегавец, но да му направам плус нешто бидејќи многу кашла.
Колкаво е? Мојата е две години. Матичната рече само две инхалации да направам и се пушти да кашла сочно. Сируп ми рече не за кашлање да не и направи беља бидејќи се мали и незнаат да искашлат. Консултации со педијатар за вакви работи. Мене ми е многу страв од опструкција
Мајки што да дадам на 5 год дете, два дена се жали од мешето, има течна столица, еднаш е како пролив еднаш така потечна. Од време на време вика ме боли стомак, игра, весел е си јаде, само стомаков како да го опрајме?
Сакав да прашам, од што може еве цела недела да го боли малото мешето и го тера на одење вц, многу често како една капка вода помешана исфрлува со гасови. Првично мислев некоја храна е сега почна да ме вознемирува ова. @Alishan30 или било кој што има искуство? @Annath
Да се утврди пролив треба да се види колку пати оди во вц во текот на денот. Ако е повеќе од три тогаш е пролив. Некогаш одреден вид на храна и алергии прават течна столица. Давај пробиотик, превриена вода нека пие сега за сега, леблебија, крекери, јогурт, ориз, може и алвоген. Ако се подобрува состојбата избегнувај храна која поттикнува течна столица. Следи внимателно да не се појави покачена тт, тогаш консултирај лекар.
Дајте совет како да помогнам на керче да искашла полна е со шлајмови дури и се задавува од што неможе да искашла ме преплашува искрено , има наод билатерално пие панцеф 3 ден денес е, правиме инхалации совет некој имате? Кога да очекувам подобрување од антибиотикот?
Колкаво е детето? Многу е досадна кашлицата и шлајмовите исто така. Штом примате терапија ќе мине ама треба време, колку се помали толку им е потешко оти не знаат да искашлаат и се мачат. До 3 недели па и месец може да трае една кашлица кај дете, од искуство Со помин нека е само.
@elcezelce прави и супи, пие ли кравјо млеко, ако пие тогаш млеко со прегорен шеќер и 1 мало лаж маслиново масло и ако имате воведено мед, ако не лажиче шеќер, или исто ова ако не пие кравјо млеко само со вода. Супа. Сируп од бршлен ако смее да се два на таа возраст, чај од босилок нас мнооогууу ни помагаше и сеуште ни помага.
Мами, ќере 2год и 4месеци пред 6дена е вакцинирана за мрп. Сабајлево ми повраќа цело време, не е јадена ништо од сон се разбуди за повраќање, ама вода што ќе испија повраќа.Други симптоми нема. Сигурно е некој вирус закачено ама пак да прашам дали е можно нешто од вакцината? Кај вакцините ми рекоја од 7ми до 14ти ден да очекувам реакции ако има