Здраво. Ќерка ми, 6 год, од сабота почна да кашла, да качува температура, и до 40. Ја одведов на лекар, ларингитис. Проблемот е што не и се смирува кашлицата. Пие амоксиклав и цетиризин, правиме инхалации, и барав да ја боцкаат со урбазон. Две инекции прими, но нема некој резултат, сеуште кашла кучешки. Синоќа пак качи температура 38. Искуство некое? Сабајле ја водам пак на контрола
Не, ништо не рече матичната. Едно девојче заедно што учат ист случај беше, па се мислам да не префатила.
Нека ја види д-р па ке процени дали треба или не треба да се дава нешто. Мојот кога ја фати прв пат (немаше темп. ниту кашлаше само течеше носето) ништо не му даде докторката, само обични солени капки за чистење на нос и јас по моја воља си ставав капки од диво оригано. Му се среди носето за 1-2 недели.
Мојот примаше цитирал капки 5 дена и 5 дена хлорамфеникол маст. Сега е добро носето, ама па не одеше во градинка. Контрола не направив оти исчезнаа симптомите, а сакам да правам, да се оправи од стомачниот прво
И моиве кревале така.Еднаш и толку. Матичната ми викаше да правам кс.И еднаш било доволен знак дека нешто се случува.
Моето синче 5 год, само еднаш крена тт во понеделникот, 37.5 ја држеше таа, ама се познаваше дека не му е добро, утрето правев крвна слика, леукоцити,гранулоцити покачени благо и ЦРП 48. Веднаш знаев дека е бактерија иако не сум медицинско лице, имам роднина што е лаборант па ме упатува.Се јавив на нејзе рече испитај нос,грло,уринокултура, мора да има жариште некое.Звонам на матичната ми вика почекај дојди ке се договориме, јас прво што направив во лабараторија,за брисови, и испадна стрептокока во нос.Ако ја послушав матичната немаше уште да знам што е.а пред 20 ден иста крвна слика, иста состојба, ни препишаа еден антибиотик и најверојатно е била отпорна на него, па пак се појави тт во рок од 20 дена, а и тогаш само со тт, малче повраќање и тоа. Ке видеме каква терапија ке ни напише сега.Што да очекувам? Дете само таа вечер благо крена тт друго ништо, нема никакви др симптоми, јаде, пие течности, весел е разигран.И дали може да ја пренесе на бебе 2 месеци?
Брз совет ми треба! На син ми (2год) почна да му тече носето како вода проѕирно,без др симптоми. Пред точно 10 дена прими Мрп вакцина. Дали е од вакцината или е сосем нешто др? Што да давам за растечено носе? Во аптека на мм му дале вакво некое сирупче,ама нз дали да му дадам.
Јас немам памет веќе... Синко вчера пак температура крена, до 38.8. Два пати дадов далерон, еднаш пред спиење, еднаш во текот на ноќта. Денес исто дадов во 15ч и сега во 22ч. Се јавив кај матичната ми вика нема потреба од преглед. Ако имал темп до понеделник тогаш ќе го види и ќе се прави крвна слика и брисеви. Па јас сум луда или она? Цел викенд детево да гори од темп? Направивме брисеви денес, утре ќе го носам во Систина. Од понеделник барам нов матичен лекар. Дали и вас вака ви прават матичните? Да чекате 3 дена за преглед?
Со помин. Мислам Којиќ ви беше матична. И јас ја сменив кога моето дете прв пат беше болно и со негативен ковид тест не сакаше да го слушне да не спуштило.. бебе од 9 месеци. Не прават сите матични така, смени ја. Да се редактирам, да не е дека само ја критикувам. Во принцип 3 дена се чека за крвната слика да покаже нешто, истата препорака е и од други доктори, ама сепак може да го прегледа, тоа во секој случај да.