Многу е мало да правиш нешто во домашни услови, пребрзо спуштаат на плуќа. Јас не би чекала до понеделник. Однеси го или во козле или во Систина.
Од црвено грло, па ларингитис, и почнала да спушта на плуќа. Цела недела примаше урбазон, а од вчера на дневна болница, сабајле и навечер инфузија. Но не престанува да кашла, детето цела недела е неспиено. Денеска минимална разлика, намали малку, но уште ги корне градитене знам веќе што да правам
Па линкоцин преку инфузии, крвната слика супер, црп 1.Во понеделник ќе стигнат резултати од шлајмчето што и го извадија
Фала ти на одвоено време. Инхалации со вентолин, 4 дневно но всушност 3 пати бидејќи не ја будам, само така би можеле да се изведат 4 инхалации. Но досега не е била толку со кашлање, а само што тргна на училиште.
Да, баш од тоа и се плашам. На братучед ми малата така ја зезнаа од чекање, заврши 7дена во болница. Бевме денес во Систина, ни дадоа сируп Виранто Форте. Нема на гради ништо и грлото е Ок. Целиот проблем доаѓа од носот. Пред две недели кога качи темп му најдоа хемофилус инфлуенца на брисеви и пиеше антибиотик. Очигледно не е доизлечено.
Таман работа. Моментално двете деца ми се така. Од кои помалото е со пневмонија која и ја открија на рентген (136црп и 12 и нешто леукоцити) одбив хоспитализација пие панцеф и инхалација само со физиолошки. По 3 дена антибиотик леукоцити во нормала, црп 41, помалку кашла но има наод. Син ми има наод на слушалки, но кс ну беше ок па вентолин со физиолошки само. Исто помалку кашла. Деновиве ќе провериме пак кс. Чим сега почнало да прима интравенозно би требало да почне и да намалува со кашлање. Дали ковид е исклучен? Алергија?
Ковид е исклучен, да ама првин почна со алергија. Инаку сега подобро е заспа конечно убаво, па понатака ќе видиме. Побрзо нека оздрават сите дечиња
Исто се од носот иде, на приватен нас ни дадоа некоја ампула со септоназалот бимунал имуно и инхалации со кортико мислам се викаше и синомарин, гради о грло добри има морахела во носе и матичниот ни даде антибитик ама не го почнавме и се смири носето од спрејот, уште крчи ама диши на нос сега .. не знаеш више кој да слушаш во исто ден две различни терапии ни дадоа
Здраво, девојчето ми е 3 год. Веќе трета недела како е со затнат нос и хрчи, диши преку уста, кашлаше пред 2 недели и му течеше носот, престана, и пак почна вчера... Температура нема, ма да јас повремено мерам околу 37 се врти и ништо повеќе... Педијатарот освен едни капки морска вода и проспан за кашлица, ниту дава било што друго, ниту да го испитам детево, немало потреба доколку не крева температура ми рече... Купив инхалатор на емед, ама нешто подобрување не гледам. Оди во градинка инаку, ама еве сега дома е три недели, и се така ќе појдеме некаде и детево одма настинува... Овие три недели малце пред зграда и никаде не сме излезени... Некој совет, еве не знам
Да прашам некој со искуство , дете качи темп до 38 со 5, носе тече, кашла страшно како со шлаеми во плуќа, ќе го носам во козле ,темп траеше само еден ден , но кашлањево??
Има посебна направа за ртг. Во козле изгледа страшно врзано на рачињата во пластичн акако цевка, и виси страшно како на колење беше.
Во петокот го доживеав тој хорор. Пострашно нешто немам видено. Едвај ме смирија. Кога ќе ми текне дека ќе треба пак.....
Мојата е 3.5 години и стоечки, јас стоев до неа. А кога беше 1.5 година ја легнаа и врзаа па исправено ја закачија на ченгел и така ја снимија.
Јас се расправав со тој таму му викам абре многу му се стегнати рацете он се прави не ме слуша, и кога го откачи рачињата помодрени дланките он вришти мислам ќе умрев. Не знам ни како сум издржала толку присебна да сум цела недела. За среќа само еднаш го снимија. А пак крв кога му земаа незнам како може да и велат н амајката да го држи ..... Ако е некоја што се онесвестува што правиме.
Замисли моето старо 16 дена кога го закачија Главата во ѕид ја мавав,тоа вриштеше буквално како да го колат.