И син ми имаше наод на плуќа па чекаа крвна слика. Таа беше добра и не му дадоа. Само вентолин и физиолошки инхалации. Кога можеш денес тогаш однеси
Мајки да ве прашам , бидејки само сме болни со градинкава се утепавме давајки пари за брисеви крвна с црп, па повтори црп па брисеви, ова навистина ме мачи , па џабе ли здравствено осигурање, козле кога беше супер беше, но го направија ковид центар, јас навистина незнам каде одите освен авицена за овие работи??
Нашава матична не ни правела на секое брисеви, црп. До душа веќе стекнат имунитет имаат и двајцата и ретко се разболуваат овие 2г, ама и пред тоа не ни правеше... Ако некој навистина нема пари за брисеви и црп на секое, како се лечи...
Во биотек ми спомнаа дека може со упат бросеви, јас бев за корона да го тестирам синко и на своја рака и брисеви решив да проверам кога веќе сум отишла. Јас приватно ги платив и не беа скапи брисевите. Со упат се нешто минимално. Плус беа екстремно љубезни и пријатни, ми објаснија се што прашав, со синко беа фини. Матичната на синко не дава ништо без крвна слика и црп. А најчесто и брисеви бара. Јас пиев цела доза антибиотик на слепо и не ми помина. Проверив брисеви испадна токму резистентниот антибиотик да сум го пиела. Затоа подобро црп и брис отколку дете да пие антибиотик на слепо.
Првиот ден кога не примија ептен малце па му дававме Ад највеќе испи 30 мл. Од стресот млекото ептен ми се намали па сега скоро целосно е на Ад. Он реално многу брзо реагираше на терапијата, веќе вечерта почна со градите да дише иначе со стомачето дишеше вовлекуваше.
Душа мала, со помин нека е, што побрзо да оздрави и домичка да си појдите. Ме врати назад 4и пол години... На 5 месеци исто завршиме на болница 10 дена со кислород неколку часа, аспирации на носе и грло,инхалации...И плус на крај стомачен закачи.
Само во Пролече може со упат брисеви на друго место не. Во Биотек одиме не може со упат. И на клиника исто е нешто ситно
@Butterfly1107 Сега те исчитав, како сте? Се врати малиот во градинка? Истото не снајде од истата бактерија, лечено недолечено, Панцеф и на крај Сумамед на црп 140 и помина. Од тогаш ми е на памет за такви пострашни разболувања директно на пулмолог, ептен ни помогна. Додека го лечев кај матичната и приватни педијатри се измачи детето. Инаку, Сумамед се пие како што ќе процени доктор, гледам за тоа сте збореле. Нас првично ни препишаа 3-5 дена, правевме крвна слика и црп секој втор ден за да следиме ситуација и докторката на петтиот ден рече да прекинеме. Од утре стартува во градинка втор обид, коски ми се тресат. Денеска го носев на контрола да го прегледаат после ммр и кс правевме. Хемоглобинот и останатите поважни параметри одлични ама докторката рече дека од нејзино искуство досега ќе имаме пак проблеми. Има само 6 заби и ми вика многу е веројатно често да се разболува зашто имунитетот паднат ќе му е од забите. Му давам матичен млеч, Д, ацерола ќе почнам, Молерс, па се надевам ќе не послужи среќата овојпат.
И јас се трудам да и давам да цица до вчера тешко се закашлуваше и повраќаше. Денес можам да кажам дека е подобра. Поубаво дише, шлајмот е намален. Ми е страв од стресот и јас да не немам доволно сега, а убав ред имавме фатено. Само да оздрави, дали на ад или мајчино небитно. Најбитно здравје. @24.07 фала многу мајка, точно знаеш низ што поминувам. Си го искусила ова. На никој не посакувам вакво нешто.
Добри сме, фала ти што помисли на нас Инаку денес го заврши првото шише, утре почнува со втора доза. Ќе пие до петок па ќе правиме крвна слика. Во градинка ќе почне здравје следната недела среда/четврток. Јас земав боледување оваа недела, а следната ќе го чува мајка ми. За жал и мене сите тоа ми го рекоа, дека до 2/3 години ваќа ќе биде, постојано ќе се разболува. Имунитетот не му е слаб, него едноставено мора да ги помине овие разболувања
Како е др Драгана денес на работа. Малава почна да кашла, мрсулчиња проѕирни ретко. Тт 37,6 ноќеска...