Фала ти.. Мн ми е чудно оваа, кашла ко од грло, еве денес нема мрсулче, прскам спреј и обично ќе истечат, сега ништо... Нема тт моментално од 4 сабајле. Не кашла цело време, весела, јаде пие... Ќе видам денес како ќе биде, дома ќе си седи секако неделава.
Дечки , гаден ли е цефалексинот за пиење? За стрептокока пнеумоние во носе да барам цитерал капки? Оти се друго повраќа @duffi помош Сега нема температура , малку е затнато носето, сосем малку. Докторката вика уште едно црп па да видиме дали ќе пие аб. Она мисли сепак штом е добар, весел и јаде да одиме само со чистење на носе.
Ние никогаш не сме пиеле антиниотик кога било само у носе, туку со капки сме лечеле локално. Секако зависи каква е кс. Напрајте контролна и ќе видиш.
И мојот не пиел за во нос. Ни Цитерал. Само диво оригано. Додека излегоа брисевите веќе беше добар и не му дадоа ништо. Инаку мислам дека Цефалексин беше розов со вкус на јагода. Не е гаден. Ова што ми е останато кога сум растварала, ако добро се сеќавам.
Дека црп 20 ка, новата докторка матична смета да одиме со цитерал растворен во оперил , да не давам цефалексин ( малку се покачени и системски гранулоцити) А имам и диво оригано дома , како не ми текна @Цвет88 сега нема ништо. Ни затнато носе. Ама шубе ме фаќа.
На 40 тт не сме пиеле антибиотик. Следи го детето. Што ќе пие џабе ако крвта е ок? Таа секако е досадна и упорна бактерија и нас не фати многу пати. Веќе знаевме дека си е носител после два три бриса, од кој тој брзиот тест(негативен). Прскавме оперил со цитерал, некад и само физиолошки и чистење на носе. А се спасивме после вакцина превенар. Еве ја кашла сочно, мрсулче нема, тт еднаш качи ноќеска 37,6 и цел ден е мирно. После ќе тркнам чисто на гради да ја чуе да не ми е мисла. Дивото оригано е врв..
Женски, дечко од 1.5год подолг период има течни столици,не секоја но 1-2 во денот има. По препорака од педијатар давам waya капки но некако како да нема многу ефект. Секој оброк гледам да е погуст, но штом касне нешто непрепорачливо веднаш има течна столица. Може некој совет за да му помине побрзо? Фала ❤
Ќерка ми со толкаво црп исто само капки за во нос цитерал и имат давано Цело време од градинка ја фаќаше но не и правеше проблем да спушта на гради ,па само со чистење на нос поминувавме.После веќе стана имуна и само мрсоли имаше.
Слушај си доктор И кај нас во моментот беше веќе подобро и затоа локално третиравме со маст, со антибиотик уште толку ќе падне имунитет...
Терај локално... Ќе пројде..кај нас тт траеше по 3-4 дена со мрсули и после тоа... Иначе нас зинат ни дадоа... Малце црвено грло, минимално.
Со цитералот? Добар е сега само затнатко носе. Ептен сум на мисла , веќе шприцнав оперил , да видам сабајле
Терај како што ви кажале, докторката си го следи детето и знае како реагира. Ќе помине.. Јас би ти кажала да ставаш пример физиолошки, една монодоза поделена во двете ноздри остави десет мин и влечи со пумпа. Многу е битно да се вадат мрсулите.