Ќе споделам лично искуство, ама може да бидам осудена.Како мала страдав од трети крајник и дури сум оперирана.Мајка ми ми ставаше маслинки искршени со семки на шал и спиев цела вечер.Многу помагашаше.Може да јаде и маслинка на пола со неколку капки лимонче.Одговор за медикамент не знам Со лесно
@snegulkata лижавчиња со жалфија, јас ги пробав ко ме болеше од малово, само тоа имав ноќта и ми помогнаа, ми омекна грлото. Друго ако знае да прави гаргара со сода и лимон, ама да не голта, не знам за мало дете дали смее. Спреј со хијалуронска киселина има за деца за болно грло, без рецепт, ја обновува слузокожата, само заборавив како се вика, го немам моментално дома.
Син ми од 18 месеци има лимфопатија, и не само зад уше туку и под пазуви и на препони. Носен е секаде, и овде и во странство, правеме годинава ехо, пред месец дена и на хематолог. Таков му е имуниот систем, на секоја мала настинка отекува. КС е одлична. Така да не се плаши. Син ми после рота и вирус имаше буквално насекаде, и зад главата. Реагира организмот. Ако КС е ок, не е страшно.
Утрово син ми се разбуди со вртоглавици и скоро без рамнотежа.Прима антибиотик веќе 7ми ден,дали може да е од него? 3 дена Лендацин,4 дена Зинат.
Мајка ми кога фаќаше пневмонија ја пиеше истата терапија и после Зинатот, исто, вртоглавици. Пролетта и јас пиев и имав ама не толку многу.
Мајки син ми имаше два дена температура. Денес е весел и јаде малку за разлика од претходните дена само вода пиеше. Е сега се жали дека го боли увото. Досега се нема пожалено за уво. А нема температура веќе. Можно е да е инфекција на увото? Не ми се носи на болница ич овој период, плус таму нема ни крвна слика да му направат, а плодност не работи во недела немаат педијатар. Совет? Ќе морам да го носам ако продолжи да се жали, тешко до утре да издржиме.
Ако можиш да издршиш не го носи. Ние кај 11 бевме за инфузија за малата над 20 деца чекаја во ходникот.
Ако му беше затнат носот може да се има пренесено таму шлајмот. Во Плодност доаѓа педијатар на повик, ама скапо е многу, порано беше 3000 само да дојди, не знам сега дали имаат поскапено. Јави се кај матичен ако имаш телефон, ако сакаш ќе ти пишам броеви од педијатрите од Бт што имам во лп.
Е од тоа не ми се носи таму, сега вели дека не го боли. Ќе видам во текот на денот како ќе биде. Фала ти.
Е можи затнат му беше носот. И опасно е тоа за да чекам? Тој по малку и го повраќаше шлајмот ама нешто и голташе. Се јавив плодност па не ми кажаа за педијатар дека имаат на повик. Слушнав дека го укинале тоа, колку е точно незнам. И за крвна слика не работеле денес. Билјана Мишиќ ни е матичен. Да и се јавам неа.
@Верче4 можи од тоа да е да. Можи имаат укинато, немам одамна прашано, ко бебе еднаш само. Ако не е многу јака болката и ако не се жали повеќе, можи и ништо да не е, инаку е многу јака болката во уво. Прашај ја за секој случај, јас имам број од Аница од Плодност и од Александра што е во зградата на Систина, што работеше кај Вангел, ако ти треба ќе ти пишам.
Сега вели дека не го болело, ама ќе видиме. Јас плодност кај Аница го носам ама па немам број од неа. Може да ми пишеш.
Имам пишано скоро дека малата се жали на болка во уво. Затнат и беше носот пред тоа 2 дена и имаше секрет. Во сон плачеше ноќе, дадов далерон една доза и заспа. Повеќе не се ни пожали. Ако не е нешто сериозно, а верувам дека не е штом не го боли константно, почекај и пробај со далерон. Ако и тогаш не помине носи го на лекар. Ова бидејќи има епидемија, во случај кога нема јас ја носам на лекар одма.
Женски ај малку помош. Моево дете е поголемо,ама пак е дете. Има многу висока темп,му дадов Бруфен пред 3 часа,ама пак е висока,до 39 падна после 3 часа. Кога го комбинирате Бруфен со Парацетамол,на 4 часа е растојанието од еден до друг лек,така? Не сум давала до сега два антипиретика,знам теоретски како се даваат,но за свое дете памет немам. Сте давале ли вака?Каков бил ефектот? Многу ми е страв од хипотермија,затоа и ве прашувам.
Ставај чепче на 6 часа,повеќе делуваат од сирупите за толку висока тт.Ако и тие не симнуваат под 38.5 оди да го боцнат,не оставај долго време да чека.Туширај,масирај со алкохол.Па и на матичен за преглед не е лошо да си појдете утре. Терминот не е хипо,туку хипертермија.Не се плаши.