Дете 5 год, уште терапијата за бактеријата во носот не му е завршена тој настина кива од вчера, носето затнано, прскам спреј диво оригано, после го дува носот излегува зелен секрет ама не многу го мачкав со експулмо маст, да не го носам на доктор што да дадам плус,само што почна во градинка,одма бактерија па и настинка, ги носите ли градинка кога се само настинати ? Почнав да давам за имунитет, матичен млеч, плус мед природен си имаме од нас, витамин Ц.Незнам друго што би ? Страв ми е за малото, 2,5 месеци е да не прифаќа од него, сега кога почна со градинката.
Не можеш да очекуваш резултат за 2 дена. Прскаш по два/три пати на ден по едно/две прскања во секоја ноздра. За 5 дена би требало да има резултат.
Мајки на секои две недели сме настинати и со антибиотици сега последно го испи на 04.09 и вчера пак почна со кашлица и температура. Дајте нешто што можам за имунитет да и давам дали можи бронховаксон и киндеримун во комбинација?
Пак јас Да направам апдејт, уште од време навреме повраќа, само течности, храна не повраќа бевме во систина, направено крвна слика, урина, црп, испитување за хеликобактер, вчера и ехо направивме, ништо нема, се е добро а детево си продолжува исто. Незнам веќе што да испитаме, докторката вика не се плаши не е страшно, ум немам више.
Како изгледаат сипаници? Како искачаат, наеднаш или дел по дел. Каде искачаат? Дали е опасно за мене, 7ма недела сум бремена, имам прележано како дете.
Полни со вода треба да се @mariz има искуство со сипаници на малото кога беше бремена.Да не зборувам напразно.
Сипаници се. Бевме на лекар. Грб стомак има. За мене рекоа чим сум прележана не треба да имам проблеми. Душа немам, испаничив.
Синко 4-5 ноќи веќе има сува кашлица. Преку ден буквално ништо (попладне малку зарипнува, но мислам од многу викање без престан му е тоа) ама ноќе во спиење кашла баш силно и суво, со напрегање. Бевме вчера кај матична, гради чисти и уши, но грлото ептен црвено. Доби сируп за кашлица предизвикана од алергија, но не помага. Не ми е јасно зошто само ноќе кашла. Секако планирам на контрола да го носам, но дали можам некако да му помогнам? Искуства?
Свари чај од камилица во тенџере нека испарева во собата да го влежне воздухот, моето кога кашла суво му давам чај од ловоров лист. Ставај му физиолошки во носето и на градите и грбчето мачкај биосепт маст. Незнам колкаво ти е детенцето дали смееш да му даваш сируп од тегавец тој е добар за сува кашлица има на мукоплант за добра ноќ.