Линекс бејби, јас сум задоволна од овој пробиотик. Имам пробано био гаја, пролајф ама линексот е најдобар
Здраво. Малото ми е 1 година и 5 месеци и денес има пролив и многу гасови. Претходниот пат кога имаше стомачен вирус давав линекс кесички но сега не можам никаде по аптекиве да најдам. Ве молам што користите вие во замена на линекс?
Augmentin sirupot go ima li uste? Vo Zegin mu rekle na mm ne se proizveduva veke pa mu dale Co Almacin nekoj. A Augmentin najvise mu deluvase.
Поверојатно е дека увоз прекинале, не верувам дека не се произведува, Аугментин е на Глаксо, а кај нас често се случуваат застои во увозот. Ко-алмацин е со ист состав, само производство на Алкалоид. Не би требало да има разлика во сирупите пошто генериката е таа, ама веќе ништо не ме изненадува. По антибиограм ви го дадоа? Да видиш во Виола и Бети Аптеки ако го нема во Зегин.
Мајки јас мислам ќе побудалам веќе. Детево има секрет од нос и кашлица, добр аму е општата состојба, но вчера вечерта после плачење к ставање капки цитерал во носето (што не беше прв пат да ставаме) се закашла и исповрати. Ајде реков од плачењето се насобра шлајм поврати. Денес цел ден арен се, вечерва откако капнав пак капки, по 5 минути пак ми исповрати му се слоши. Не се ни закашла па да речам од тоа. Капки му ставив и утрото и поручекта, се буни, се дави од нив секогаш ама не ми поврати тогаш. Само сношти и вечерва. Дали е можно од нив да е повраќањето? Цел ден си беше супер, јадеше пиеше, до пред да поврати си јадеше немаше проблем. Ум немам веќе. 4 години детето ни еднаш не ми повратило, последниот месец како го фати тој стомачниот вирус почетокот на август, после тоа кашлица фати пак ми повраќаше шлајмови и еве сега и оваа настинка. Не се трпи ова веќе. Кажете ми што да направам, да испитам нешто? Се плашам вака не повраќал никогаш
јас како мала често што примање на капки ми се гадеше ми се повраќаше од носот капките ми се слеваат во грло и многу ми беше одвратно. Пробај со спреј. Многу е подобро
Не треба во никој случај да се носат настинати деца во градинка, но така било секогаш така и ќе биде за жал, кога оде дете во градинка недела- две е таму недела -две дома. Имам прваче и баш пред да тргне на училиште настина и првите денови не одеше, а можев да го носам бидејки беше добар само што кашлаше, но сепак имам осет и неможам да ги оправдам родителите кои носат настинати деца во градинка и училиште со изговор дека мораат, но и дома да се настинуваат не толку често, но се случува. Така да битно е да мине со лесно и брзо
Моето повраќа и од спреј и сируп кога треба да пие, не се плаши подобро е да ги поврате шлајмовите. Можеш да му даваш сируп за искашлување и да пие повеќе течности за да се разводенат шлајмовите и побрзо да ги исфрле.
Му се слева затоа. Го иритира, му се гади и повраќа. Јас ги растворив во оперил п. 15 капки цитерал и 1/3 ампула дексаметазон
Давам ацц за искашлување. Еве утрово гледам има малку покачена температура. Не е чудно по 5 дена од први симптоми да покачи температура? Јас мислев ќе оди на подобро, сега ова. Ме фаќа паника, што да правам? Да го носам пак на доктор?
Мене исто добар превентивно ми се покажал и ацидосалусот,само што е поскап.Големава кога идеше во градинка пред градинка и навечер прскав.
Го имам користено и тој, ама ориганово поефикасно ми се покажа, а поефтино е. И оригано по упатство може неколку пати на ден, ама дека секој ден го ставам пред градинка обавезно, а после градинка понекогаш.
Исти сме ние значи Моево после некаде 8 дена од прва температура пак крева, јас и за ковид го тестирав. Ама црп мирно гранулоцити си стојат покачени рече ништо не треба не бил за антибиотик Изгледа им се бори организмот уште
Ако било вирусна инфекција па сега секундарн абактериска може да даде температура. Консултација со матичен и кс со црп би направила
Да направив ми побара матичната еве го резултатот, мислам дека и ние без антибиотик ќе останиме, а ова ептен лошо кашла на секоја минута Температурата сега сама спадна не дадов ништо. @eli25