Немаме одено поручек е за брзо ќе одиме. Температура мерев сега 37.1, најмногу измерив преѓе 37.6, сама се спушта. Ама кашлањето е катастрофа денес има нонстоп нагони за кашлање, а не можи да искашла.
Има да пишав и погоре, многу е затнат, насекое дува, му капев цитерал капки ама од нив изгледа му се гадеше на два пати ми исповрати, му ги прекинав по 5 дена. Цело време има нагони за кашлање а не можи, не знам дали да му направам една инхалација со физиолошки да му олеснам дури одиме, се жали вика сакам да искашлам а не можи
Ако има бактерија во нос, со инхалацијата да не ја разнесеш кај што не треба. Никогаш не инхалирам деца, ептен ептен зорт ако било, ама да речам во овие 11 години еднаш или два пати ако сум го инхалирала големиот. За кашлицата може некој сируп, од боквица сум давала, ептен е ефикасен.
Па може од тоа има нагони за кашлање од секретот што се слева во грлото. За инхалации не знам јас не биж почекај д авидиш што ќе каже докторката
Каков е тој сируп и од која возраст може да се пие, моето е 2ипол не знам више шо да и дадам уште кашла суво гласно некогаш ко куче и инхалации дадоа со дексазон ама џабе и јас од нејзе фаќам... не кашла цело време ама на моменти кога ќе почне мислиш ушите ќе ти ги дупне
На природна база е, го има по аптекиве. Јас го земам по препорака на матичната докторка, советувај се прво дали може да го дадеш. Ама ако е алергиска кашлица, не верувам дека ќе го смири, мислам дека нема ефект во такви случаи. Не те чини ништо да пробаш, ама сепак не ти го знам детето, а се работи за сируп од тревки, не знам дали би му одговарал.
А не можам алергиска да испитам така ни кажаа додека не се смири и да не прима ништо бар недела дена мислам беше... и никако не можам да и помогнам.. и со кашлањево страв ме фаќа да не е нешто друго недајбоже
Летизен има пиено само.... спомна матичната и тоа да и дадам и давав неделава ама не секој ден..некогаш мм рано ќе ми заспиеше и не ја начекував ... ама не знам дали има промени од него...ќе пробам пак не знам што друго
Аериус е повеке за алергии..летизен е повеке за реакции од убоди од инсекти..кај моите деца забележав дека кашлиците им се смируваат кога им давам аериус.Педијатарот ми препорача дури да давам цел месец значи подолгорочно..загадениот воздух си го прави своето
Јас синоќа 38.1 измерив и дадов зошто си легнувавме. Цела ноќ ништо сабајле 37.5. И многу е чудно, го пипкам топол за 10 мин , ништо. Сега гледам и потечна столиц има најверојатно ради шлајмовите , па матичната ми рече и прибиотик да вклучам.
И мене матичната прво линексот ми ги препорача ама ги немало по аптеките оддамна Купив пролајф , во флаконче се , како сируп , земав неколку за да видам дали ќе му одговараат
Кај нас денес кога го зимав моето,една цуцка од група како се раскашла влажно кај него у фаца...мајката со негувателката си зборуваше дали помалку кашлала денес(значи имало и повеќе кашлање..) и после ќе бидат болни,епа ќе бидат...
Боквица даваше нашата екс матична. По неа можеше и за сува и за влажна кашлица. И го користев и за така и за така. Не беше лош , имаше ефект