Мами, какви капки користите за носе? Ќере е 2год и 5месеци,3дена беше во градинка и 5дена е со мрсули еден тон. Почнаја како чиста вода сега се погусти, од прв ден и се слеваат вгрло грчи се дави, кашла.Ја однесов на педијатар чисто на гради, грлото не е црвено да прскам само синомарин.зедов и плус капки од диво оригано. Ама вечерва е хаос, неможи да спија се гуши, се дави, кашла. Шо да прскам незнам
Оперил П или Мералис може да користиш за навечер да спие убаво, а преку ден нонстоп да го вадиш секретот, ако знае да дува носе, уште поубаво. Досадна е таа кашлица од секретот што се слева во грло, ама ќе помине.
Дечкото денес во градинка кренал температура 37.4, па појдов да го земам и го однесов кај матичната, рече дека нема ништо, ниту на плуќата ниту му е вцрвенато грлото и не ни препиша ништо. Да напоменам дека му течат мрсулчиња ама проѕирни се и како водести, ставам синомарин. Прашањето ми е што со студените ноџиња, а притоа морам да го расоблечам бидејќи има сеуште температура која е 37.6...Дечкото е 1година и 6 месеци и воедно и уште цицаме
@duffi kolku vreme otvoren moze da stoi acc sirup,pise na upatstvoto 18 dena, ama nekako ne mi e verno
Ако му се ладни стапала и дланки значи уште ќе крева температура, ќе го разладуваш и ќе симнуваш температура откако ќе се стопли детето.
Не треба да го расоблечеш. Да се стопли треба детето. Плус при вистински висока темп и сируп моите деца побрзо симнуваат кога ќе ги покријам и убаво ќе се испотат.
Навистина ми е итно... Што може да дадам за печење на мочни патишта? Ептен кенка цел ден, изгледа ешерихијата пак се активирала.
3 години. Утре прво што ќе направам е уринокултура и со резултат кај докторката. Пиеше антибиотик во мај мислам, па на контрола бактеријата беше во нормални граници. Во меѓувреме едино што ми паѓа на памет е чај и многу вода (од базната Пролом вода) за да моча почесто. Има некој искуство со искоренување ешерихија кај деца?
Китен, најпрво денес дај сируп Утисан (брусница). Уринокултура ќе чекаш некој ден резултат, направи утре и обична урина додека чекаш, ќе ти јави и на обична дали има нешто. Детски нефролог имате ли посетено? Доколку се повторува ешерихијата можно е да има застој или рефлукс (ВУР). Ако е ова случај, ќе си бидете на профилакса, ама ајде прво испитајте дали е тоа случај. Брзо и лесно опоравување
Правевме брис на грло, испадна ешерихија коли.... во грло?!?!?!?! .... некој искуство?? 2ипол години има малата....
Уф и тоа ли ве снајде Многу е гадна за искоренување.Имаше едно девојче со Б во градинка кога идеа имаше проблем со неа,беше и во болница,ако сакаш да прашам што пиела. Мене што ми текнува чај од брусница и сок од брусница еден го има во аптека да го пие.
Син ми 4 и пол години, кашла во легната положба, продуктивно, исправен одвреме навреме. Пред 10 дена му течеше носот и кашлаше. Бевме на матичен рече се слева од носот и кашла, ни рече инхалации и сируп за искашлување. Од вчера пак почна поинтензивно да кашла но легнат, и дневната дремка, а и сега во спиење кашла, но не му тече носот. Совет? Да го носам на матичен пак? Да испитам алергија? Искуство?
Дааа, ја влечкаме уште од февруари, откако почна во градинка Земав од тој сирупот од брусница што ми го препорача @*Ench@nted* па во среда чекаме резултат од мокрачата.
Да ти го пофалам Утисанот.Јас сум презадоволна и со него ја искоренивме Ешерихијата на малата.Само не престанувај да го даваш.Јас давав може 3 месеци секој ден. И сега ако ја приметам да моча почесто или ако ми каже дека ја пецка,одма давам и носам мокрача за анализа. Само упорност и ќе се среди.