Молерс може да направи алергија? Пиеше порано со вкус на лимон, па тие како гумени бомбони му дадав сега нарачав молерс од јаболко му дадов околу 3 мл плус нешто плукна и во рок од два саати почна да се чеша и се вцрвени на вратот, кога го соблеков под пазувите исто големи црвени кругови има и се чеша. Се јавив на матичен во 5 треба да сме таму. Само прашањето ми е зарем може да е од молерсот? Само тоа беше ново денес.
Летово ние имавме доста интензивна и упорна кашлица (пишував и тука), додека да се утврди дали е алергија или не поминаа можда месец два не се сеќавам точно, бидејќи симптомите знаат да се слични. Најдобро педијатар да каже. Кај нас повеќе одеше кон тоа дека станува збор за алергија, така да направиме алерго тест, испадна алергија на домашна прашина и некои дрвја но незначително во однос на прашината. Примаше терапија месец дена и фала богу од тогаш е ок. Инаку не знам колку сирупи и што се не пробав бидејќи многу кашлаше.
Може, алергија на риба, ама па нема логика претходно да немал никакви проблеми и ова одеднаш да се појави. Да не е нешто со составот на Молерсот, ако има промени, додадени ароми и конзерванси.
Синко е 2год и 10м, 13.8кг. Од вчера е со температура, сабајлево измерив 39.2. Имам Блокмакс и Далерон дома. Од искуство, Далеронот кај него на вака висока темп не делува, па сакам да дадам Блокмакс. Во упатството пишува за деца 1-3годони 2.5мл 3-4 пати на ден или 5мл 3 пати на ден. Од што зависи дозата? Знам дека ако дадам Блокмакс, после 6ч најрано може Далерон (од кој давам 7мл), па од Далеронот после 4ч пак Блокмакс ако има уште темп, и така најизменично. @duffi @Annath help?
Јас би одела со 2.5 мл, сепак нема три години. Пет сум давала на моево што е пет години. Блокмаксот знае нагло да симне температура, па не би давала голема доза.
Ама не иде бруфен според килажа, иде по возраст. На моиве им симнувала и таа доза, ама ако е вирус, тогаш оди потешко. На малово му давам 5мл сега откако направи 5 години, пред тоа 2.5-3мл, 17кг има. На големиот 10мл оти има десет години, баш пред месец му давав.
Моето со иста килажа, полни 3 години, ме искара докторката зошто сум давала 2.5мл, ништо не сум правела така, не доволно за да симне, а после неколку саати не можам ништо да давам...
Мене докторка во Јане Сандански ми рече можам и 4мл кога имаше 40 температура. Инаку, давам по 3мл и после 4 саати давам Далерон. Има скоро 17месеци и 10.5кг.
Епа не знам она така ми кажа и така и правев, баш сега кога малата имаше пневмонија и пак таа доза не и симна за брзо
Може и до детето е, не знам. Само знам дека парацетамол се дава според килажа, бруфен според возраст. Така и правам.
Така и пишува на упатство, ама прво другарка ми го кажа ова ама јас не најдов како да израчунам, па после матичната ми израчуна. Па и до негде е логично, некое дете на 3г има 12 кила некое 18
Можно е, не велам не. Јас така малку повеќе се плашам од нагло симнување температура отколку од самата температура, затоа сум претпазлива со бруфенот.
Кога испитавте алергија.... мене ми рекоа мора да не прима ништо недела две а кашла и има само инхалации со кортео друго ништо не ни даваат
Дадов 2.5мл Блокмакс, му ја спушти темп за 45мин. Ќе следиме како ќе помине денот, матичната вика веројатно е вирус од градинка.
Мајки, после колку време од антибиотикот може да се дава антипиретик за температура? Во 7 дадов антибиотик колку да чекам за парацетамол?