Далеронот (парацетамол) можеш на 4 часа, независно дали си дала бруфен или далерон / парацетамол претходно. Бруфен на 8 часа, максимум три пати во денот, а јас добив совет повеќе од два пати дневно да не го давам. Туширај, мачкај со разреден медицински алкохол, лесна облека, оцет на чорапи. Со лесно.
Терминот е точен,се плаши давајќи го антипиретикот нагло да не ја спушти температурата и да доведе до хипотермија
Ааа јас мислев дека се плаши од високата температура. Инаку,да те прашам кога веќе ме цитираше имам нуспојава вртоглавица од Зинат кај малиот 2,5 години е. Да го прекинам веднаш или не е страшно?
Прекини го, знае да даде таков несакан ефект, и гадење и стомачни тегоби. Јас би го прекинала, утре консултирај се повторно со матичниот, со што да продолжи понатаму
Некој да ми помогне во дозирањето на блокмакс, ја прашав матичната прееска за далерон ми кажа од 8,5до 10. А за блокмаксот заборавив....инаку има 4 год. и 17 кг. @Alishan30 ?
@pilenka и моето е од прилика толку, 16 и пол кг. Далерон му давав 7.5 или 8 мл, а блокмакс помалку- 5 мл, се плашам од нагло спуштање. Кај нас делува и вакво дозирање. Можеш 8,5 далерон.
А ако сум дала во 21 часот парацетамол за четири часа може блокмакс....а потоа на 8 часа. Или 8 часа и од парацетамолот треба да помине?
Од парацетамол за 4 часа ако има висока температура можеш блок макс, а од блок макс до блок макс треба да чекаш 8 часа и само ако има над 39 температура давај блок макс.за пониска температура можеш далерон
Мајки како да ги исфрлиме шлајмовите Нема ништо на гради не тече нос моментално ништо Пред 2дена имаше тт висока го држеше околу 5дена еден ден му потече нос и потоа почна да закашлува Преку ден е ок не кашла му давам сируп за полесно искашлување но навечер се дави се гуши неможе да спие само голта кашла голта му доагаат нагони за повракање ама не повраќа Мислам да поврати ке му биде полесно ама вака само се мачи Некој совет/искуство би ми помогнале многу во оваа ситуација
Само педијатарот може да ве посоветува. Тоа е мој најдобронамерен и искрен совет. Се надевам вчера или денес сте биле на педијатар да го слушне да не спуштило на гради, ама ете викаш нема ништо на гради. Кај дечињата за многу кратко време може да се спушти на гради. Најдобро со педијатарот да се консултирате што да даваш за исфрлање на шлајм чим другово што го даваш не помага. Моето вака беше па мислев ништо не е па за среќа чисто на контрола го однесов и оппп почнал на гради да спушта. Среќа што го однесов. Затоа со ова нема чекање и барање мислење од форум извини на искреноста. Педијатрите викаат дека кога тече носе така се чистат и полесно е и со пумпица да влечеш.
Tri dena bevme so temp, primi inekcii I se smiri pa.pocna da kasla, sega kasla nekako razvodneto I. Sega pak kaci temp.. taman pomjsliv deka se oporavuva... sovet?
Да.Незнам веќе кој пат да го фатам.Од 11 дена само 3 е без температура.Осум дена примаше антибиотик,црп 2,леукоцити 4 па ми го стопираа. Од болница можно е по втор пат да закачи нешто,па си продолжи боледување.Не ми се верува ова да е истото.Два дена беше добар и после пак одново веќе толку,11 дена.А во болница не смеам да се појавам заради морбили ме бркаат,лечам дома симптоматски,оти нели крвната слика е океј сега. Се надевам веќе ќе привршува,искинав живци.
Дефинитивно не е истото. При самото вклучување на антибиотик параметрите треба горе долу да си дојдат при себе максимум за 3 дена иако до крај си се прима терапијата (во зависност колку ви рекле, дали 5 дали 7 дали 10 дена) Дефинитивно сте закачиле уште нешто. Ако не прима веќе терапија јас би кс и брисеви. И обична стрептокока на паднат имунитет можно е ова да го прави.
Мора да почекам за кс и брисеви,бидејќи вчера правевме крвна слика а и тек вчера прекинавме антибиотик. Од вчера е таа крвната слика,црп 2 леукоцити 4,5. И решив веќе да не го носам по болници најискрено штом е крвта добра,подобро ми е дома да чекам отколку да закачи уште нешто па да му се продолжи уште толку,многу е нежен.Едно лечиш,друго фаќа.Се измалтретира детето од боцкања и плачење.
апсолутно. што и да е ако е од типот вирус бактерија би требало да се подсмири за ден два до три. е сега дека имунитетот е крш можно е да се пролонгира.
Не да е крш имунитетот,цел месец има по нешто.Прво стомачен вирус,па крајници,па сега ова,што и да е. И сега ова трето ако е и нема сила веќе организмот. Давам дома се што треба,ама ништо не пие од крајници, тоа и ни беше првичната дијагноза,грло немаше.Тешко му е да голта.И затоа инаетчијата ќе си трпи и ќе си чека.