Здраво мајки Бебе 1г за некој ден. Настина од градинка бевме на преглед црвено му е грлото, полн е мрсули диво оригано не помага. Му течат бели и кашла од што му се слева од нос, на плуќа е добар. Ако до среда не му помине грлото антибиотик. Можам нешто да направам освен течности и капки? Оперил ќе земам денес. Вака весел е пие јаде
За толку мало бебе не е Оперил. Ако нешто земаш на своја рака земи Септаназал. Поприлагоден е за мали деца. Оперил официјално е над 6 години. Тек на 3 години може да се прска пола доза. Спетаназал е за над 1 година. Ќе му помогне малку. Ама и за ова прашај лекар. Инаку за да не земаш „јаки“ капки и да не даваш антибиотик ако нема потреба (а нема зашто нема температура нема ништо детето) кога спие нека спие на повисоко (под душечето од креветчето стави крпа во ролна за да му биде главчето повисоко и полесно да се селва од нос секретот). Исечи еден кромид на ситно и стави му го под креветче (ова ептен помага). И мачкај Expulmo (тој е исто за над 1 година) и е на природна база. Исто како и другите го пушта носот и с емачка на гради. Место оригано можеш за пуштање нос да земеш Синомарин хипертоничен раствор. Јак е прилично и ефикасно пушта нос на бебиња. За над 1 година има и Виранто. Многу подига имунитет и е на природна база. Се дава неколку дена додека се симптомите најизразени. Ако е бебето ептен блиску до година дена (неколку дена или недела/две) консултирајн се и тоа да му даваш.
Фала ти многу ќе земам денес од аптека другово со кромидот и подигнувањето се е направено. Него му тече ама знае и да се закрчи. Плус тројките му ѕиркаат и катастрофа е. Фала
@Milkiway исто би те советувала како и Joy, мислам дека можеш и чај од кромид да му свариш, многу помага за кашлица и за грло. Исто и бел слез ама не сум сигурна дали може од година.
Од забите му е највеќе. Се додека не се зелени, жолти нема некоја бактерија. Пробај со тој виранто што го зборевме давај 2-3 дена и прскај Синомарин или физиолошки ставај почесто за да го исфрла секретот.
Оперил по препорака на педијатар од детска клиника имам давано на 3 месечно бебе, само 3 дена. ако препорачал доктор,може да даде.
Крвната слика скроз ме збуни, очекував поголем хаос. Ај ве молам мислење? Инаку, цела недела може и повеќе е со растечено носе, последните денови зелено, а од вчера има пролив. Планирав на лекар да го носам ама сега не знам. И што да правам во врска со тие изместените параметри во делот Еритроцити? Што значат тие?
Крвната слика на ќерка ми кога е најздрава, 10+++ скоро секогаш е ваква. Кога ќе прашам педијатар ми вика дека е во ред. Дека тоа што некои параметри се изместени малку под или над граница не било ништо значајно. Да не е многу. И на вакцина сум ја носела со ваква слика, ништо не ми рекле. На пример последниот пат кога правевме имаше вирус и се си беше во нормала само моноцитите беа многу покачени. Црп мирно, леукоцити мирни. Повтори ја за некој ден за секој случај.
Да проверите железо. Обично тие одат горе доле поради ниско железо. Мене ми е моментално ниско многу и тие сите ми се хаос. Исто и синчето кога беше со многу ниско железо, хематокрит, mcv mch mchc rdw беа горе доле. Мислам според нив дека има ниско железо... но проверете си најдобро.
Здраво мајки,синко се жали дека го боли многу куренцето и неможе да мокри секоја минута оди во веце по една капка пушта,и се стега од што го боли,можно лие инфекција или нешто бубрезите мие страв,се консултарав со доктор вели утре сабајле мокрача и крв сега блокмакс и чаеви,...кој ќе чека до утре
Уретрит или на мочен меур воспаление најверојатно. Ако има потреба од мокрење често а малку мокри најчесто е циститис и болка печење при уринирање
Голема веројатност да е уринарна инфекција, ке покаже мокрачата. До тогаш што повеќе течности, брусница и вит.ц
Не знам веќе што да правам. Малата е настината веќе една недела. Сега носот и е во ред, ама кашла, денес поготово многу. Крвна слика и црп уредни, пие витамин Ц и Мукоплант за добра ноќ, ама ништо. Совет што да правам. Трипати ја носам на доктор веќе.
@Snowflake92 @Annath Ни се разјасни од што го болеше глава и стомак последните 4 дена.Ете го синоќа крена температура. Нема никакви други симптоми освен 37.5 температура и главоболка.На меше не се жали повеќе.Што може да биде ова? И друго да прашам,секогаш кога има температура потоа го боли глава а од главата му се укочува вратот,неможе да ја врти никако. Снимен е вратот на ехо,нема ништо освен отечени жлезди кои се нормални да ги има при инфекција. Дали на некоја од вас и се има случено со дечињата ова со вратот,чисто да се смирам дека не е само син ми?
Не муе скрос цело отворено уште од бебе такс муе ама сме немале проблем со тоа,крвната слика покажа покачени леукоцити,протеини во урина и еритроцити,утре уринокултура па ќе видиме го боли многу кога мокри се до плачење душаа
Тестирајте го детето, за секој случај. За укочувањето на вратот, немам некое искуство, иако големиот знаел да се пожали дека му е тешко да го врти вратот кога е настинат со температура и омалаксан.
И јас би ти рекла да го тестирате. Ќерка ми кога беше позитивна се пожали на главоболка и кратко имаше тт од 37.4
Koga mokri nema nikako problem ama mn cesto se zali na bolki maticna vika nema nisto + se ispitano eve ovie dva dena ne se pozalil pa ke vidime. Maticna vika na detska na gastro da se proveri
Ништо. Ќе чекаш да мине кашлицата која може да трае и до 1 месец Мноогу течности и некое сирупче на билна база може. Друго ништо нема потреба штом друго е се во ред и носрно е на лекар. Многу споро мине таа кашлица, од искуство