Моето кога имаше температура се жалеше на болки во врат,матичната рече дека била очекувана реакција ,ништо страшно.
Фала ви за одговорите.Кратко имаше температура една вечер само,сега е подобар,ќе го следам ако има пак нешто ќе го тестирам за ковид или бактерија. Мада ако беше бактерија сигурна сум дека ќе имаше повисока и поупорна температура.
Некој со интолеранција? Веќе неколку дена само наутро 2 обилни меки и смрдливи столици исклучуваме млеко ама ме плаши да не е глутен во прашање
Зошто мислиш дека е интолеранција? Ист е и малиот неколку дена, само од сабајле се случува, а претходно еден ден имаше пролив.
Па така мисли педијатарот, падната е и во килажа. Може рече и од заби да е, ама мн е смрдлива столицата
Исто, само не е паднат во килажа. Кога ќе прдне мислам ја наполнил пелената, а уствари само смрди многу.
Стигнаа резултатите, има мораксела во носе. Ова е втор пат што ја фаќа ама првиот пат беше со температура и високо Црп, па се среди со антибиотик. Знам дека третман не се препорачува без некои потешки симптоми ама еве го 10 дена е со растечено носе и повремено кашла, претпоставувам секрет му се слева. Прскав диво оригано и прекинав дека немаше подобрување, чистам со Синомарин и 5 дена прскав Оперил. Што да правам, како да прекине носето? Да го носам на доктор?
Моракселата не си отишла, тука е цело време, ама не е страшна и не треба за тоа терапија. Знам дека има поделени мислења за ацидосалус, ама ние откако ставаме, супер му е носето (пу пу)
Па му правев брисеви после антибиотикот и ја немаше (или може не ја покажало ако била намалена присутноста). За ацидосалус прочитав да ама веќе не знам кои спрејови колку време може, што како. Плус дека печело многу, веројатно еднаш ќе го прснам и нема да дозволи повеќе. Уф не знам веќе, ќе го пробам и тоа ако не намали. Го вратив денеска во градинка дека помина проливот, ги прашав негователките дали смее со растечено носе, ми рекоа нема проблем секако сите се исти како него и ги носат.
Од ориганото не можеш да имаш одма резултат, сепак не е антибиотик. Треба да се прска бар 1м за да видиш рез
Како го поминавте проливот? Колку дена не го носеше во градинка? Ми се јавија сега од градинка да го земам, имал пролив. Секој ден му давам линекс, вчера ко за беља заборавив. Треба нешто друго да земам од аптека? За јадење да давам ориз, банана?
Јас мислев дека е од неделата ама си го вратив филмот дека во петокот видов во ранче 3 бодиња лом направени од протечена пелена,само што од градинката не спомнаа ништо. Саботата му беше така помека, а од неделата баш она течна столица. Никакви други симптоми немаше освен многу гасови со страшна миризба. Му давав пробиотик, Линекс, пробав електролити, чаеви ама не сакаше ништо освен вода и му давав само компир, банана, ориз, бисквити, морков... Знаеш таква исхрана. Прашував и јас во некоја од темите ми пишаа смекта и Пролајф пробиотик од шишенца, подобар бил. Го однесов денеска во градинка зашто вчера беше подобар.
Пролајф јас претходно давав, воопшто не бев задоволна. Фала ти идам да испазарам и го земам. Спиел уште
И jас пoчнав сo ацидoсалус, прoбав на мене и не пече нештo мнoгу. Мoрам да jа заштитам тoа е. За ефект ќе пишам. 3 ден денес вo градинка.
Браво што не те пече. Мене лом ме направи. Уво почна да ме боли од што ме печеше. Упорна бев додека не почна да ме боли увото. Се ме печеше. Мислам дека проблемите што ги имам со синусите ми се активираа заради спрејот. Веројатно не е од тоа, ама мене ми беше многу трауматично псракњето ацидосалус. Детево урлаше кога му прснав. Сега дома имам две шишенца прснати неколку пати и толку. Не можам ни да ги подарам зашто се користени.
Нашите исто минат Првиот пат моксарела со висока температура ,секрет,кашлица и црвено грло. После 3м пак зелен секрет ,матичната одма цитерал даде претпостави дека е пак она проблемот.Третата ден и се среди носето ,ама сега и јас се тестирав пошто имам исто густ зелен секрет ,ваљда си ја подаваме.