Мојата е 3 недели затната, ама почна и мрсули, ко цемент и се, ама со носко ги вадиме. Истата бактерија ја има, педијатарот ми рече не се давал антибиотик ама па веќе 3 недела е ваква, прпбавме сите можни спрејови, и еве од денес со капки цитерал
И мене не ме пече, и малово не плаче кога го прскам. Затоа се зачудив на коментарите. Ваљда кај сите различно
Мoетo плаче на секакви капки така кoга и oд спреjoт ќе ставам нo за 10 секунди се смирува. Да jа пече сигурнo пoвеќе ќе плаче.
И мене не ме печел ацидосалусот, сум пишала и на големата ќерка го давав кога идеше во градинка,ни она не се жалеше нешто,а имавме бенефит од него доста,така да изгледа индивидуално е.
Кога сме кај ацидосалусот, колку време по отварањето може да се користи? И јас му прскав на синко едно време ама само во уста, за во нос некако не ми изгледаше практично тоа цревчето, или пак до мене било, не знам.
Не е практичнo, мм jа држи jас прскам. Иначе мене матичната ми кажа стаj вo фриждер тера мнoгу дoлгo. Еве гo oтвoрив упаствoтo не пишува ништo.
Приметив неколку денови го чачка носот. Поточно, не знае внатрешно, ама со прст го трие надворешно, долж ноздрите. Прскам оригано нема ефект. Се мислам дали е можно да и се заглавило можда нешто во нос.. Иначе затнат е и хрчи во спиење. На педијатар ја носев минатата недела, немаше ништо. Утрово не може прст од нос да тргне. Мислам и самата си го разрани надворешно околу ноздрите. Дојдовме за мк пред неколку денови, воздухот е посув и мене ми се затна нос иначе. Утрово едната ноздра и беше крвава внатрешно и засушена. Прскав оригано пак ама ништо. Да барам педијатар или да прскам нешто појако?
Да потврдам дека и ние поминавме лесно од сирупчево. Му протекува уште носето ама е многу подобар, не качи темп и многу ретко де закашлува. Ваквиот вирус го поминавме во август многу полошо. Уште носот на бебето да го средам и да одморам
Мајки, тие што давале цитерал капки, после колку време имаат ефект? 3 недела и е затнат носот, има бактерија и од вчера почнавме цитерал капки
Кога прв пат ја фати бактеријата му ставав 5 дена и накај четвртиот ден почна да намалува носето ама за неколку дена пак се разболе. Кај нас немаа ефект затоа и сега не го однесов на доктор. Го чистиш носето пред да ставиш капки нели?
Да да, обавезно. Не сакав антибиотик ама 3 недела е затната, со се пробав и не биваше. Ставам синимарим капки, чистам со носко па после цитерал, и ко подобра да е ама ќе видиме. Не бива, не спие навечер од што е затната
Здраво мајки, прв пат се соочувам со ова и повеќе незнам ни како да постапам. Многу се испаничив. Малото наеднаш со затнат нос слаба кашлица, наредна ден му отекоа очите бевме на доктор не прати одма брис од нос и грло, крвна слика и на консултација со доктор за уво, нос и грло.. Малото веќе 3 дена диши на уста цело време носот му е како полн со секрет, ама не му тече неможе ни да го извади. CRP ни беше покачено 7ца, и високи леукоцити 20ка, плус позади ушето имаше жлезда како топче.. .чекаме резултат од брисот ама јас ќе полудам веќе ни тоа ни ние дома не сме спиени 3 ноќи се дави од што неможе да дише навечер. Ни дадоа спреј Риноко, па утре да видиме брисот.. Ве молам некоја ако имала вакво искуство да сподели..
Лично немам искуство,но моја роднина нешто слично и се случи пред 4г малиот и имаше накај 2ипол 3г. Дали ушите се во ред? Испадна кај нив воспаление на ушите дали секретот се натака се слевал искрено не се сеќавам што ми кажа точно она тогаш. Не сакам да те секирам дополнително детенцево периодично уште има проблем со носот... не си зимај на срце не мора да е ист случај со твојот. Они одеа кај некој специјалист во систина и рече доста им помогнач