Мајки што имате искуство со дете со спуштен инфект на гради, да споделите некој симптом? Син ми два дена хрчи на гради, влажно кашла, не го носев на педијатар, мислев дека е вирус, бидејќи пред два дена направивме кс, покачени моноцити, а тој често си има проблем со нос, но еве сега ме фати паника, многу забрзано ми диши некако.
Под влажно кашлање мислиш со шлајм искашлува така? Син ми е така на гради е чист тоа што ти крчи може да е и од носот. Вирус е некој еден куп деца се со кашлица. Симптом за симнување на плуќа е температура висока тогаш е спуштањето како што ми објасниле. Како и да е сепак вие консултирајте се со доктор.
Не му е прв пат вака да хрчи, затоа не го однесов, многу паничи премногу се вознемирува. Мене ме загрижи забрзаното дишење. Иначе три вечери по ред има блага тт, до 38 максимум и самата паѓа, сируп не сум дала. Со шлајм кашла, влажно да. Веќе не можам ова со болестите да го поднесам веќе, ми треба одмор од градинка сериозно.
Носи го на дежурен. Да не те плашам обично таа температура кога ја држи до 38, често знае да е симптом на пневмонија. Оди нека го слушнат, ќе плаче ќе се смири.
, Отидов! Градите чисто, кашла и хрчи од носот, ама пуста паника. Му препишаа алмацин кој секако нема да го дадам без консултација со нашиот педијатар и тоа. А, да и многу убаво и сочно предавање ми одржа докторка оти детето (1 г и 10 месеци) уште цицало, ама не било тоа виновно туку јас што го малтретирам.
И синко исто кашла, утре брисеви ке се готови. Грло не е црвено а на плуќа чист. Прва и втора фаза спуштено не се слуша со уво, само со стетоскоп. Трет фаза веќе се слуша кај свири. 2 г и 2 м и уште цица.
Со стетоскоп.го слушаше, секогаш така го слушаат секаде. Грлото му е црвено на мојот, ама за антибиотик ќе видам со педијатарот што го води.
Знам, кажувам зошто кога кашла се слуша како свири и како родител мислиш готово спушта на плуќа. А тоа свирење било од нос и грло.
Јас отидов и подалеку, гледав видеа оди т.н стомачно дишење и готово, се облеков, зедов дете и сестра ми и отидов
Ау демек криминал е што цица? Не можам да ги сфатам па педијатриве со вакви ставови! Па сигурно нема само на цицка да го оставиш, без храна. Безобразлук
Имаме бактерија во носето s.aureus ни препиша педијатарот сируп и спреј за во носето. Дали сте имале искуство со оваа бактерија? Ќе му помине ли после 7 дена пиење антибиотик? Кога да направиме контролен брис? Не можам веќе да го гледам две недели ми тече носето, не остава убаво да му го исчистам, кога спие се слуша како да 'рчи од што му е полно носето
Детево ноќеска, 37,7 спушти, до сабајле до 10 ништо па почна да качува еве сега мерев 38,7, дадов сируп. Нишо друго нема, само тт. Весела е бајаги, цело време на нога и бамбори, не се пожали на ништо.
Мами што давате на деца 2ипол години за кашлица? Прв пат кашла, до сега немам ништо давано. Пред 2недели од градинка се врати со растечен нос и од секретот кашлаше ама таа кашлица се среди од ко се исчистија мрсулките, и еве денеска се врати со кашлица ама некако досадна кашлица, направив чајче ама ништо.
Се дава за кашлица?Други симптоми нема ништо Виранто капсули имам јас за настинка пијано, ама на дете немам давано