Нема на што. Му давав на синко сега и ептен му помогна. И цената е пристојна. Не е како останати по 1000+ денари.
Здраво мајки. Синчето ми е скоро 2 и пол години. Горните забчиња почнуваат да му се ронат, тоа страшно ме загрижува.... Се повеќе и повеќе... Дајте ми совет, кажете искуство што се презема околу ова? Ми се "врти" во глава кога ќе помислам 3 години да е без забчиња додека никнат новите...
На малиот мој така му се сронија скоро цели горни единици. Го носевме на стоматолог, ги исчистија и му ставија фасети(да се заштити тоа што остана и да има со што да гриза).
Од синоќа нема тт... Др вика нема ништо. Ама се жали на меше доле ниско лево. Ваљда дека не е искакана. Можно ли е од тоа да е? И што можам да дадам освен пробиотик и течности?
Да, и кај синко само носето му течеше. Сега кашла затоа што мрсулите вп грло му се спуштени. Ама помага.
Фала, сега пиеме антибиотик бидејќи му најдоа бактерија во носето ако не му помине ќе пробам со виранто.
Кај синко е обратно. Грлото не е црвено а брисеви чисти. Само му тече и кашла. Антибиотик не дадоа. Само виранто давам и диво оригано прскам ама јас си прашав, матичната кажа ништо не треба само солена вода.
3 дена како носот пројде, јас се прерадував и еве ја денес пак затната, а од дома не сме излезени. Топло е во станов ама го пуштив навлажнувачот, не знам дали е од тоа. Аман веќе!
На парно. Затоа и навлажнувач ставив, мислев од тоа и е, нема логика друго, дома е, не иде во градинка, ставам цитерал во нос и 3 дена беше топ. Почнав да се нервирам веќе
Вечерва приметив дека на синко(16 месеци) јазикот му е бел, а што јазикот е бел него и горниот внатрешен дел покрај грлото има бели флеки. Инаку е добар, пие, јаде, нема проблем... Што може да биде ова? Не сме во Ск, плус продолжен викенд...
Малата ми имаше бели флеки како авти кога беше може годинка така исто... ми препорачаа ова- со газа мала ја потопував во сода со вода растворена и ја чистев колку што можев да фатам и се исчистија.... освен ако не е нешто друго ама обично ноз цела уста авти се појавиваат некогаш и од шишињата за пиење цувли, почесто вриење стерилизација
Ако некоја се соочила со мојот проблем нека помага. Скоро 2 месеца има како ќерка ми се нешто е болна. 14 месеци е и примаше терапии, бевме и в болница. Е сега скоро 3 недели како крвната слика и е во ред, брис од грло во ред, грлото не и е зацрвено, на градите е во ред. Велат има само секрет (ларингит) и само инхалации и витамини и препишаа, а таа еден до два дена неделно ми качува темп. Еве вчера ја носев во ре медика и рекоа се е во ред а денес цел ден темп има. Да напоменам ова е вака веќе 1 месец
Нешто габично или кандида... Син ми еднаш беше со бел јазик и бело по крајници и мислевме дека е гној на ангина, ама веќе долг период не поминуваше па бевме на уво, нос и грло и кажаа дека габично нешто и ни дадоа еден спреј. Со спрејот прскавме и му помина. Можеш превентивно да му ја плакнеш устата со сода додека не помине викендов... А и оние капките како беа за кандида (нистанин мислам?).. Сликај на матична, јас така си правам...
Малиот, 5 години, од вторникот е со вирус (кашлица, првите два дена тт, вчера цел ден дувавме нос, полн е со мрсули) Ноќеска фала богу спиеше мирно, не кашлаше. Но кога стана почна да се жали на болка во увото. Што можам од дома да направам? Некој лек? Каде да го носам?
Дали е нормално дете од 4 години да се пожали дека го боли главата ? Се испаничив ,нозе ми се пресекоа. Вели дека го боли и покажува позади над вратот тој дел.
Искрено не знам, јас сум од мала со тие главоболки ама не знам точно од колку мала. Моето девојче има 3 год и пред некое време на повеќе наврати се жалеше и знаев дека нема шанса да лаже. Еднаш и дадов далерон зошто баш се жалеше дека ја боли. Престанаа не се повториле од тогаш. можеби и вратчето му е укочено па почнало и таму да го боли