@V.odolija мојот до сега се пожалил 2-3 пати на болка во глава.После тоа обавезно крева тт Го оставам дали ќе помине ако се жали му давам парацетамол.
Синко (2+) веќе две недели се мачи, првата недела носот му течеше,после почна да кашла суво како ларингит,тоа траеше 3 4 дена,па почна со шлајмови да кашла. 3 пати го носам на лекар,ми вика не му е ништо штом нема температура ќе му помине, му давам лоратадин навечер, пред два дена почнав и коалмацин да му давам , правиме инхалации, не знам веќе што да му дадам на детево . Вака си е весел,цел ден си игра,ноќе спие, си јаде убаво,не делува како да е болен(нема ни тт,ни малаксаност ни ништоо) . Прашав дали треба брис или алерготест, ми вика не треба. Совет некој што да му давам и што да му испитам,бидејќи веќе 2 недели трае.
Кашлица може и до три недели, па и месец дена да трае. Ќе пројде, не мора ништо да даваш, ако е детето добро. Еве моево кашла, ништо не му давам, само мед насабајле. Не знам зошто антибиотик ако нема ништо друго, антихистаминик исто, освен ако не е докажано алергиско потекло на кашлицата. Ни инхалации не се потребни, евентуално некој сируп на природна база за смирување на кашлицата.
И јас морам да прашам, како му даваш антибиотик на своја рака кога докторот 3 пати потврдува дека нема ништо?
Ми го препиша антибиотикот уште на првото носење на лекар кога кашлаше суво,ми рече ако почне со шлајмови да му давам антибиотик,до сега ниеднаш не сум му давала и ова е прв пат што пие антибиотик. Му го давам зашто се загрижив бидејќи никогаш толку долго не кашлал,всушност прв пат кашла со шлајмчиња.
Самите шлајмови, односно преминот од сува кон продуктивна кашлица значат дека телото само се чисти и оздравува, бар од искуство со моите деца. Ама добро, ако ти рекол лекар да дадеш антибиотик, ок. Само, зошто и антихистаминик ?
Врска нема докторот што ви кажал дека ако кашла со шлајм треба антибиотик, значи докториве се Грешка што си почнала да му даваш, ама мајка, не знаеш, си се загрижила и нормално е. Шлајмовите знаат да се досадни, т.е. кашлицата да е досадна и до 1 месец да трае, со тоа се чисти плуќата, се исфрлаат со кашлањето и ден за ден се помалку и помалку ќе кашла и ќе мине без НИШТО. Ако сакаш можеш некое сирупче на природна база да му даваш да ги исфрли побргу, т.е.да ги разводни. Инаку за шлајмови само мнооогу течности да пие, нуди го нон стоп и ќе ги исфрли, бавно е знам ама ќе мине. Ова паталац ти пишува, да знаеш. Не му се секирај штом детето е весело, јаде, пие, си игра и нема температура, ништо не е, ќе мине кашлањето лека полека
Има ли дежурен педијатар во Ремедика да одам утре, може ли брисеви и крвна слика да се направат таму?
Може крвна слика и брисеви, има и дежурни педијатри ама само др. Искра прегледува болни деца, а таа е втора смена понеделник и четврток. Јави се од сабајле за секој случај да не имаат промени заради празникот.
Мами ај ве молам за ваш совет. Ќере ја однесов сабајле на педијатар 2ипол год.Од петокот е со кашлица досадна, мрсули полна и давав Виранто, синомарин. Сношти ми крена темп 38 и дадов далерон, се спушти и поќе не крена.Крвна слика денеска леукоцити 15,црп 4.4 матичната ни даде зинат сируп. Сама си побарав упат за брисеви, ми даде ама ми рече давај го сирупот па после 7дена пауза направи ги брисевите.А кога ја прашав за грлцето и за на гради дали е добра па ок е ми вика. И сеа некако не сум на чисто со сирупов, јас одма ја однесов за брисеви и направив ама резз стасуваат во четврток. Дали на оваа крвна слика би требало да го почнам, скептик сум. Пред 3недели исто беше со мрсули и послаба кашлица ама со инхалации и синомарин помина. Инаку прв пат оди во градинка еве 1месец.извинете на долгиот пост
Не сум баш адекватна поголемо ти е детето ама ако не кашла многу јас не би го дала антибиотикот. И малиот се разболе од градинка, носето 10дена не прекинуваше, кашлаше повремено, ме фати и мене. Тој оздраве скроз само со Синомарин, оперил и 3 дена зиртек, не кашла веќе. Мене носот ми прекина, а кашлицата ми се намали. Ама пак ако докторка ти препишала не можам да ти речам не давај, ако не е страшно почекајте ги брисевите.
Ти благодарам, и јас за тоа не го почнав одма сабајле.Реков да видам како ќе биди со температура ама еве нема кренато денеска. Сакам и јас да ги чекам резз, ама еве ќе следам ситуација. Не е баш како здрава ама не е ни нешто посебно малаксана, дури денеска мислам дека и помалце кашла спрема претходниве 3дена.инхалирам, давам Виранто па ќе видам како ќе е утре. Вечерва не почнувам
Дали може да се комбинира ацц јуниор со летизен? Летизен давав до сношти и мирно си спиеше. Денес матичната го слушнс нема спуштено, но ми рече да давам ацц. Кашла од што му се слева позадински. Дали да му дадам и летизен, има некој комбинирано?
тоа се думав да прашам.... Дали и зошто ако има шлајмови и секрет даваат антибиотик?? Еве малово ноќеска не спиеше добро. Едно време кај 4 сатот гледам топол се испаничив мерев температура немаше, 37.2 денес е со растечен нос како чешма и солзави очи. Јаде нормално не е кенкав весел е игра не е нерасположен омалаксан.... Чистам нос со пумпица побрзо да се исчисти капнав еднаш капки диво оригано и давам вит. Ц. Не знам дали да го носам на лекар сабајле. Може да е настинат или од промена на времево....
Не знам стварно.. денеска бевме пак на лекар ни даде лекоклар и вентолин за инхалација, дете супер а полно шлајмови ,не знам веќе што да му правам да се излечи. Не сака ни да кашла,со сила го терам полн е шлајмови...