Ќе се исчисти, само по себе, ден за ден. Ако Друго е се во ред и само шлајм има тогаш не е за терапија, така беше и кај мојата летото, едно сурупче за искашлување и давав само и и помина за 2 недели
многу е мачно со деца посебно со шлајмови. Или мте знаат да дуваат нос па настанува поголем проблем со слевање надолу или не можат или не сакаат да искашлаат за се тоа да се исфрли. Кај нас нема температура само понеделникот ноќта кога случајно забележав и се испаничив. Вчера беше со носето чешма, течно прозирно денес жолтеникаво и погусто. Не го носев на лекар.
Синко е болен од вчера, нос тече и кашла. Денот помина некако не дадов ништо само капки во нос, ама ноќва качи температура во сон. Во 10:30 имаше 37.5, во 12:30 38.2 и околу 3ч измерив 38.7 во уво. Не се будеше да се жали, спиеше цело време. Соблеков вреќичка, го раскомотив ама пак во уво мерев 38.5 а анално 37.9 успеав некако. Не ми е јасно како пониско покажа или ми се измрдал па не сум измерила добро. Дадов чепче 125мг. До која температура ги оставате да спијат доколку не се мачат во сон?
До 38.5 не давам ништо, а ако качи повеќе ставам чепче додека спие не го будам, само го следам. Малку е 125мг, колку кила е?
Јас чувам со тт додека детето се понаша нормално не давам ништо. А некогаш ако е ептен омалаксано не чекам ни 38.5. За твојот случај, јас додека спие и не кемка, не давам ( освен ако не почнам да заспивам и јас).
Околу 10.5кг е, според упатството до 12кг на 6ч по едно чепче од 125мг. Лошо ја поднесува оваа 38.5-8, малаксан целиот
А во ред тогаш, ми текна дека не си во Мк. Овде чепчињата што ги имаме по аптеки најчесто се дозираат 15мг/кг. Штом е малаксан форсирај течности и лесна храна, не е ни толку битно да јаде колку што е битно да е хидриран. Давај ц витамин и носето чисти го цело време знаеш. Со лесно
Ти благодарам Апетит скоро па нула, течности колку толку ќе се напие и цица. Ете го шлајмови повраќаше, дека многу кашла. Докторот прво рече не мора ништо за кашлицата, таа може и две недели да си потрае, ама дека јас прашав па ми препиша проспан сируп. Дали секогаш давате сируп кога кашлаат? Ептен силно и грубо кашлање и се слуша дека има многу секрет
Јас никогаш не сум дала сируп за кашлица ама па и не кашлал нешто многу страшно. Последната кашлица му траеше некои 10 дена и помина. Може и дека носето не му беше затнато туку му течеше и го чистевме. Со затнато носе поголем проблем може да се направи. Однеси го да го слушнат.
Да бевме утрово, гради чисти рече. Носе успевам само маж ми кога е дома да извлечам со пумпица инаку прскам спреј плус капки и форсирам цицање, така барем го голта секретот. Ваква кашлица немал, страшно звучи па ќе пробам со сирупот гледам за ублажување е плус за омекнување на шлајмот
Ако нема ништо на гради сирупот нема нешто многу да помогне зашто му во грло. Кашла од секретот од нос во грло што му оди, а не искашлува шлајм од плуќа. Сирупите се повеќе за искачлување шлајм од плуќа не налепени мрсули во грло. Со други зборови кашла мрсули, не шлајм. Затоа лекарот не сакал ништо да ви даде. Ќе мораш да му влечеш мрсули со пумпица почесто. Не знам колкаво е ама стави го да спие на малку подигнато (не на перница туку стави сролана крпа под душекот каде што е главата) за да се слеваат полесно мрсулите од грлото надолу. Исто така нека спие со сад со исечен кромид под глава. Ги растечнува мрсулите мнгоу ефикасно. Така мојот спиеше од некаде 10 месеци па до 3 години секогаш кога му се растечуваше носот. А моето дете често знае да има растечен нос. И кашлањето баш гадно звучи, се дави, плука, некогаш и повраќа. Ама се додека се градите чисто нема гајле. И јас сум таква. Имам хроничен проблем со синуси и често го чистам грлото од налепи од носот. Никогаш на гради не ми се спуштило. АКо е над година дена можеш да купиш Експулмо и да мачкаш на гради. Ќе ја дише пареата од тоа и ќе му се пушти носот. Или имаше едни лепенки спиранто или нешто слично. Провери тие од која возраст се.
Мајки имате ли искуство со кашлица и инхалации со Атровент и Кортаир? Веќе 15 дена како кашла, почнавме со инхалации со Кортаир, од пред една недела ги вклучивме и Атровент но нема никакво подобрување...ќе видиме утре сме на контрола ,но уште кашла. Др рече не треба кс, ни брисеви, бидејќи нема тт,носот малку потече,почесто се затнуваше,сега некои погусти мрсули има. Во вторникот на контрола др рече има уште шлаем,терајте го да кашла и да пие течности..но нема нешто многу апетит ,ниту е заинтересиран мн за течности... до кога смее да се инхалира?
Jas sum zagrizena. Po ispien antibiotik uste detevo mi se zakashluva, preku den vlazno, a eve nokjeska dvapati kako posuvo. Ne znam vekje sto da kazam I mislam. Mnogu dolgo ja drzi ova, cel mesec. Sovet?
Им се подзатнуваат ли носињата навечер додека спијат на децата ваши? Малава ја слушам како и се затнува една ноздра. Преку ден е ок . Не кашла,весела е . @Annath Нормално ли е ова. Страв ми е да нема шлајм. Беше со растечен нос пред еден месец .
Ќе помине. Моиве знаеле да поткашлуваат така по месец два. Ништо не е, ако нема други симптоми. Навечер е поради греењето.