Zdravo. Deteto mi e 2 god i vo kakata ima kako sluz. Pred nekoj mesec imase isto taka sluz napravivme koprokultura, ne pokaza nikakva baktetija. Sekoj sovet e dobredojden
И се затна носето на ќерка ми, сопругот земал Виранто форте, дозирањето како е 5 мл.два пати на ден? 6 год има малата
Шлајмот го исфрла преку каката. Не е ништо страшно. Не знаат да искашлаат и така го исфрлаат шлајмот.
@Mila_Skopje Како сте? Има подобрување после цитералот? Кај малиот помина носето и кашлицата ама еве го пак растечено од вчера со густ и ептен зелен секрет, не знам дали да го носам на лекар стандард петок го фаќа. Само што ќе го исчистам одма му се полни, аман. Знам дека е мораксела ама не знам што е паметно да преземам. Некоја да ми каже после колку време пак можам да му прскам Оперил?
Кај си ти таму и ние Дома седеше и наеднаш зелен секрет,а пред две недели ставав цитерал.Матичната веќе ми рече остави ја не ставај ништо. Еве веќе 5ти ден со мрсоли сами се намалија и обелија .Исто ми рече не секој зелен секрет е бактерија
После еден ден од цитерал носот се одзатна и без мрсули, ама по 3 дена закачи од мене вирус, се затна пак, но траеше 2-3 дена и сега знае да истечат бели мрсулчиња, но дише без капки и навечер е без проблем. Пуштам и навлажнувач зошто сме на парно и мислам тоа и помага. Искрено дадов цитерал затоа што беше 3 недели загната скроз и не помагаше ништо освен оперил. Ако се чистат мрсулчињата, стануваат бели, само вади и ги, земи го носко вади се од синуси мислам и е предобар, и можеш синимарин ама не спреј туку вијалите како капки, нас мн ни помогнаа. Зборев со Сајковски, ми рече дека до пролет нормално е да биде вака, создава имунитет и да не давам антибиотик освен ако ептен е нужно. Цитералот го дадов по негов совет бидејќи ми рече чим 3 недели е така има опаснпст да направи отит.
Хахахха ние заедно сме цело време во маките Брисеви правевме затоа знам дека е бактерија ама не го носев на лекар зашто немаше други проблеми. Од оперилот мислам се среди и еве пак, едвај дише на нос.
Малото 1 година, од вчера со температура 38.5. Му расте ново запче ама не верувам дека е од тоа. До понеделник дур го однесам кај матична ако крева уште температура да не е многу за чекање? Нели секогаш се мора за време викенд да бидне.
Ако е само температура, над 38 давај му сируп. Пред тоа знаеш туширање, ладење, нас матичната обавезно не советува при температура електролити за надохната на течности и тоа е. И да не е викенд, јас не носам дете одма.Не дај Боже нешто полошо ќе го носиш на болница
Мене една докторка ми рече ако е само зелен секрет не ја третираме бактеријата ,телото да научи да се боре со неа.Незнам колку има врска ова ама мене ми е проблем од аспект на тоа што треба да оде во градинка ,а со зелен секрет каде..
Да, па заради тоа и не го носам на лекар, знам дека ништо нема да му препишат евентуално цитерал, а не ни помогна првиот пат и да не давам џабе пак. Мојот од вчера е вака ама веќе од понеделник ќе треба да тргне во градинка, што викаш како така да го пратам... Уф, не знам веќе. За оперилот пак да прашам после колку време пауза можам пак да прскам? Му ставав до скоро не знам колку има, 10 дена мислам.
Го имам користено и 2 пати во еден месец на неколку дена пауза.Го имам и 10 дена без прекин прскано ,се по совет од педијатар .
Јас го користев пред две недели еве сега пак. Седеше дома за празникот и еден ден проѕирни мрсули и нареден ден зелени. Направивме брисеви чисти се нема никаква бактерија. Али настинат е за сите пари цел ден кенка стварно не знам како да му помогнам веќе.
Со физиолошки и шприц, јас така чистам, по неколку пати се додека не почне да излегува само водичка, тогаш знам е исчистено носето Ич не е страшно, а нема поубаво чистење на носе од овој начин