Антибиотик мислам не. За бруфен не знам. Ако ти е за тт пробај со чепчиња има и со поголема доза за поголеми деца.
Не ми е за температура, за болка во уво ми е. Блокмакс давам според терапија. Антибиотикот ни проаѓа на силум милум некако, после се стиска за бруфенов.
Да се консултираш со педијатар дали можи апче половина или четвртина. Еднаш мојата го плукаше цел сируп и успеав со пола апче тропчкано како прашак со водичка.
Бруфенот повкусен е. Ама добро, има деца што нејќат сирупи. Може да го измешаш со сок, ама не голема количина. Амоксиклав ви дадоа за увото?
Да. Мало воспаление, не крена ни температура, ваљда затоа ако мислиш дека слаб антибиотик... или? Повкусен е ама се зезнав што прво амоксиклавот го дадов.
Детево како да почна да се затнува во носот. Дали одма да дадам виранто? Прв пат давам малку ми е шубе дека е ноќ ќе спие сега. Што да правам? Дали веднаш да прскам септаназал? Како да спречам да се влоши состојбата помош ве молам
Во ред, веројатно дека послаб, па ако немало големо воспаление, може и ќе помогне. Ама имам впечаток дека Амоксиклав веќе за ништо не помага. Моево за воспалено уво си доби панцеф. И тоа 10 дена, оти докторката на ОРЛ ми рече дека нема да помогне Амоксиклав. Ама па јако воспаление беше :/
Добро утро Ние од синоќа кенкави и мрсулави а сабајле со затнат нос. Имам Оперил П отворен пред 2 месеци. Смејам да ги дадам?
za bolka za uvo samo kapki Otol,tesko se naogaat megutoa mn pomagaat,tie se od nase vreme hahha ali definitivno najdobri
Ај малку помош, дете од 12г. стана од спиење и му се вртеше во сомакот пребледе и по 15 минути се смири?
Да дополнам ова се случува неколку пати на неколку месеци, инаку детето беше неколку години на терапија со тегретол. И многу ноќе ми поти па си прам филмови. Ама има докторки на форумот па ако сака некоја да ми помогни.