1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не знам, не ми се верува. Денеска носето за нијанса беше подобро, не кашла, од никаде качи 38.5. Ме радува што сам ја симнува, уште немам дадено ништо. Вирус веројатно, ќе видиме како ќе биде деновиве.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    40.298
    2мл
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Нека мине брзо и лесно.Зимата не дошла,а глава неможе да крениме:doh:
     
    На TeddyGrey и Jana06 им се допаѓа ова.
  4. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Здраво мајки,
    Дали можете да ми препорачате сируп за алергија?
    Ќерка ми има 13 месеци и веќе 4 недели рчи кога заспива. Матичната ни кажа дека се сомнева дека се активирал третиот крајник па да и давам сируп за алергија.
    Кога ја прашав кој сируп ми рече кој било. *се лечиме по вибер

    П.с. знам за лоратадин, летизен...има ли и други поефикасни?
     
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    Ако нема други симптоми, а само хрчи во спиење, јас не би давала ништо. Зошто сируп за алергија? Има алергија? Не ми е јасно како од ракав даваат такви лекарства значи (facepalm) ]:)

    Кога беше син ми 4,5 години исто му констатираа трет крајник оти хрчеше во спиење и многу често се раболуваше, носот му беше затнат нон стоп, температури пеку еден месец, антибиотици, антипиретици, аериус аххх колку шишиња во изобилство има испиено......Не го носев на операција!!!
    Случајно дознав за хомеопатија од една пријателка и еве го пу пу пу, 3 та година по ред како веќе не се разболува никако, не хрчи веќе, крајниците му се драстично намалени, имунитетот му е супер, крвна слика топ, никакви таблети, сирупи, антибиотици се нема напиено 3 полни години и се тоа благодарение на хомеопатијата. Распрашај се, сигурна сум дека ќе ви помогне.
    И ќерка ми која е скоро 19 месеци од раѓање ја имам и неа кај хомеопатката исто така би до сега само хомеопатски лек има земено, ни Парацетамол нема земено никогаш, за антибиотик не станува збор.
    Пробај, нема да згрешиш, верувај :)
     
    На Bupalu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Нонстоп даваш хомеопатски лекови или само кога се болни?
     
  7. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    Не, само кога се болни. Се дава еднаш само и толку :)
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Зашто јас имам искуство од еден месец со хомеопатски лекови и кога прекинав беше уште полошо. Ама тоа беше за друг проблем.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    @Jana06 а да пробаш со нешто што е за подигање имунитет како мултивитамини,пробиотик па ако треба и нешто со Бета Глкукан како Дефендил или Бимунал.
    Нас искрено една зима Дефендил ни беше спас. Се боревме со бактерии, болки во уво дури стигнавме и до таму да престане да слуша од што беше затнат. Дефендилот ептен му го дигна имунитетот.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    18.964
    За од која возраст се овие? Прашував за дефендил ми рекоа само над 7г има за помали ?
     
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Тоа со хомеопатските лекови беше за мене.
    А Дефендил пиеше и стварно не беше болен тој период. Ама премногу читам за бета глуканите колку не било убаво да се даваат и добив грижа на совест. А и јас сакав пак да почнам. Не знам што да правам.

    @Milkiway Има сирупче за над годинка.
     
    На mal.ecka и Milkiway им се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Затоа се дава 2-3 месеци и се прекинува, па после пак се дава.

    Хомеопатски лекови нели се прават од билки?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Така и го давав. Колку време се прави пауза?

    Да, се прават од растенија, минерали.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Да не те лажам прашај си во аптека али 1 месец најмалце знам дека ќе треба во аптека сигурно знаат најдобро.

    Ако се прават од растенија, билки нели не се препорачува под 3 години ради алергии(ова ради матичниот прашувам зошто кога ја прашав за кашлица хербион или нешто такво ми кажа никако може алергија од билки да има, а на кутијата пишува од 1 година па нагоре може да се даде)?
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Логично е ама не би знаела да ти кажам, @Kallias2 сигурно знае. Јас сум ептен скептик за хомеопатски лекови, тогаш еднаш пробав од очај.
     
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    Не, не, не е билки. Еве нешто што извадив од литерарурата:
    Хомеопатијата ги поттикнува нашите одбрамбени механизми да почнат да работат подобро заради чување на нашето здравје. Преведено на јазик на денешниот човек, хомеопатијата е наука која ги согледува во целина симптомите на една личност при лечење, т.е. Хомеопатот ќе ги земе во предвид сите ваши тегоби, без разлика од која природа се ( кардиолошки, хирушки, ревматолошки, инфективни, очни, психијатриски итн). Хомеопатот врз основа на исцрпниот разговор ( само разговор) пронаоѓа лек за секоја личност поединечно. Лекот во тој момент „припаѓа" само на таа личност и не би помогнал на друга личност со слични тешкотии БИДЕЈЌИ ТОА СЕ ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ ПРИРОДИ.

    КАКВА Е ПРИРОДАТА НА ЛЕКОВИТЕ? Лековите се добиваат од природата. Се што се наоѓа во природата може да лечи и да биди лек. Лековите се од билно, минерално и животинско потекло. Тоа се сосема нештетни супстанции, можат без предрасуди да се даваат на новороденчиња и притоа се даваат во минимална доза, најчесто и само една. Лековите се испитуваат на здрави личности (што не е случај во класичната медицина) и се произведуваат по точно утврдени правила усте од времето на Ханеман. Лековите се битно поевтини од класичните лекови, а тоа е една од причините зошто фармацевтската индустрија не сака подем

    ПРЕДНОСТИ НА ХОМЕОПАТИЈАТА:

    Тоа е индивидуален, нештетен, комфорен и евтин начин на лечење.

    Многу добри резултати се постигнати во лечењето на деца.

    Во повеќето случаи се дава само една доза од лекот, а во акутни случаи и повеќе дози, дури не настани подобрување. Тогаш се прекинува земањето на хомеопатскиот лек, бидејќи организмот е поттикнат и да ги употреби своите совршени механизми за зачувување на здравјето. Хомеопатскиот лек може да направи значаен пресврт во нечиј живот, болест, што не може со сигурност да се каже за вообичаените начини на лекување.

    Секој хомеопат внимателно ке Ве сослуша, ќе ја прегледа Вашата медицинска документација, ќе го обработи Вашиот случај и ке даде лек само за Вас.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски

    Тука многу се напаѓаат бета-глуканите (на формуов мислам), ама јас не сум прочитала некоја научна студија која многу ги демонизира бета-глуканите.
    Мене искрено матичната ми рече да давам бета-глукани. Искрено подобро беше да му стимулирам имунитет отколку постојано да го држам на антибиотици зашто на секоја настинка или вирус лепеше бактерија (освен еднаш кога доби ларингит па доби кортикостероиди). Мене искрено побезбедно ми беше да дадам по потреба бета-глукан отколку антибиотици или кортикостероиди.
    Плус нема да го држиш детето цело време по бета глукани. Ќе даваш два-три месеци колку што треба и толку. Ако треба наредна зима пак. Ако нема потреба наредна зима нема да даваш.
     
    Последна измена: 20 октомври 2021
    На mal.ecka и Jana06 им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Значи сепак се од билно, минерално и животинско потекло. Муабетот ми е матичните се скептици за билки и не даваат за деца до 3 години ради алергии, а хомеопатските лекови се прават според потреба но сепак содржат и билки.
    @Jana06 Знам на едно дете дека ептен му помогна конзумираше 3 месеци и му помина маката што ја имаше и никогаш не се врати. Можеби ти требала тебе подолга терапија за да има траен ефект.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Терапевтот или како и да е називот на докторот што лечи со хомеопатија бараше од мене целосно да го сменам начинот на живот. Значи цела година бев веган, пиев некои додатоци за да ги надокнадам протеините, мастите итн што не ги внесував преку сирови овошје и зеленчук, ми забрани било какви лекови, а хомеопатските лекови ги пиев, па ми намали доза, па пауза... Така некако беше. Лечев друг проблем, ми ветуваше целокупно подобрување на организмот вклучувајќи и пцос и навистина се осеќав подобро еден период за кога прекинав да бидам во многу полоша состојба од претходно. За мене лошо искуство.

    @JoyJoy Да, за на форумот мислев и јас. Скроз ти држи вода се што напиша. Ќе се консултирам кога би можела пак да почнам со Дефендил особено сега пред зимата.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    3.824
    Можеби не си го нашла вистинскиот хомеопат, многу хомеопати се кажуваат дека се, а всушност не се.....многу има да се зборува на таа тема, сега не би да дискутираме за тоа, згора на се, секој си има право на свој начин на живот, кој како си одлучува така.
     
    На mal.ecka и Jana06 им се допаѓа ова.