@Jana06, @Kallias2 тој што ќе вети лекување на ПЦОС е шарлатан. ПЦОС не се лечи. Цел живот се борам со тоа и лек нема ублажување симптоми да лекување не. @Jana06 на форум секој може да истресе мислење од ракав и да удри на емоции за тоа кој колку добар родител е зашто дава/не дава нешто и тоа ич не треба да биде релевантно за ништо. Само лекар може да каже што треба да се прави.
Колку дена најмногу ви имале дечињата температура? Дечково денес му е 5 ден како што крева температура, не е некоја голема до 38 и не ја спушта сам, го држи. Бевме кај матичната скоро секој 2 ден сме таму, грло чисто, гради чисти, носе затнато и густи мрсулчиња и гласот исто му се зарипна, апетит скоро и да го нема, јаде по малце и пие така по малце. Совет од матичен да не примаме антибиотик бидејќи и крвната слика му е супер . Прашањето ми е уште колку да се српам?
Штом му е растечено носето и има густи мрсули, јас би направила брис од нос и грло да не е бактерија зошто температурата е повеќе од 72 часа...плус крвна слика и црп
Не е растечено носето, туку е затнато! Да, уште брисот ни остана да го направиме, веќе пишав дека крвната слика е добра! После 2 дена е направена крвна слика
Не знам зошто ставаш извичници. Бараш совет, така? По два дена ако била добра не значи дека сега ќе биде пак. 5 дена не е нормално да биде покачена тт.
Се извинувам за извичникот Не ми беше таква намерата. Секако дека брис ќе правам, а и сега како што кажавте ќе правам и ковид тест.
И јас би ти рекла да направиш брисеви, а пробавте Оперил за носето? Многу брзо го одзатнува и ноќе е многу полесно.
И јас прскам синомарин и диво оригано ама оперил прскав 5 дена и помина. После што се растече пак е друг муабет, бактерија има и затоа. Ама оперилот многу помогна. Консултирај педијатар прво.
Ако нема знаци на кс за бактерија, нема потреба од брисеви. Друго, од вироза температура може да држи до седум дена. Ковид не верувам дека е, ама ајде исклучете го, ама не со брз тест пошто касно е за таков, може пцр.
Малава почна завчера да кашла, ни нос и течеше, а влажна кашлица имаше. Ни дадоа вчера инхалации со дексазон и сируп од бршлен за искашлување. Денес детево се расцепи од кашлање, особено сега од 18ч навака (инахалација само сабајле правев), но кашла некако суво и буквално на 2м кашла и дури и глас и се фати скроз. Незнам дали да ја правиме оваа инхалација за вечерва што требаше, бетер да не фати да кашла... А бетер од ова неможе да биде Декзасонот е за да ја испровоцира да кашла така?
Јас мислам дека од сирупот кашла Моето кашлаше влажно и имаше наод,па ни рече да го провоцираме да кашла
Не чуди дека мн сува кашлица, како асматичар кашла... Ни шлајм, ни мрсули извадила до сега... Ќе ја носам утре секако до кај матичната дека петок да ја слушне пак. И правам сепак инхалација сега, па ќе видиме..