1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Да ве прашам, давам виранто од неделата вечер, до кога да го давам, колку време се дава најдолго? Не сум се консултирала со матичен, засега вака тераме ок не се влоши ситуацијата досега и не го носев на доктор. Малку е и подобро да речам
    И друго гледам вит ц и цинк има и во виранто и во дефендилот така да дефендилот го прекинав дури давам виранто, се плашев да не е преголема дозата. Да не згрешив?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    126.445
    Јас го давав 7 дена.
    Добив совет 7 или 10.
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    @Annath Еве крвна слика скоро правена.
    Screenshot_20211021_222201.jpg

    А во носе мораксела, густ зелен секрет 3 недели, едвај дишеше до пред некој ден.

    Ако се покачени гранулоцитите тогаш укажуваше на бактериска инфекција?
     
    Последна измена: 21 октомври 2021
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Јас го давав додека не го истроши шишето, некаде недела дена. Иако по 3 дена беше веќе ко нова.
    Инаку и јас не би ги давала напоредно двата сирупи.
     
    На SophiaBella и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Буквално низ исти симптоми врвам со ќерката, ама јас сум "понапред". Се појави кашлица од никаде ( овој месец не оди во градинка).
    На лекар ми рекоја инхалирање со дексазон и за ден два како нова ќе биде. Аха, како нова. После инхалацијата дете не можеше да сопре со кашлање, а бе се откорна. А наредно утро ни донесе и температура. Беше викенд, отидов на болница во детско одделение, направив кс, според педијатарот таму, вирус, да не давам ништо, туку да инхалирам со физиолошки само, без дексазон. Се подобри, кашлаше помалку и влажно. Потоа отидов кај нашата докторка, шлајмот веќе долу слезен, ни дадоа инхалации со физиолошки и Вентолин ( се уште нема атб). Деновиве си качуваше и блага тт до 37.7 и сама симнуваше. Утре сме пак на слушање ( секој ден одиме) па ќе видиме дали ќе почни со антибиотик.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.150
    Допаѓања:
    76.033
    Пол:
    Женски
    Мојава којзнае колку време не била болна и без прекин оди во градинка. Ама пиеше антибиотик поради дупната глава пред 3 недели и значи одма и падна имунитет и закачи нешто :doh: Еве ја сега па од кога заспа престана да кашла скроз, ќе видиме во текот на ноќта... Што вирус ќе беше ова така одеднаш...
     
  7. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Лелееее, што е тајната на редовно одење во градинка без болести? :D
    Ние сме крш, овој месец пиеше атб еднаш и реков ај ќе седи дома да закрепне, а таа нов вирус напалка ( или претходно несоодветно лечена можеби, тој матичниот го послушав, а од ракав треси атб).
    Овој пат си ја фатив работата со салам педијатар и се надевам ќе ја поправиме работата.
    Инаку овој вирус сите што зборував исто викаат, почнува како наивна кашлица, а стига до бронхопнеумонија:worried::worried:
    П.С нашата кога ја шиеја кога ја скина устата, не дадов атб, сто консултации направив, на крај еден професор од инфективна пресече, рече не и не дадов.
    Затоа сега надокнадив па:sweat:
     
    На Bupalu, Butterfly1107 и mariz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.150
    Допаѓања:
    76.033
    Пол:
    Женски
    Незнам искрено, 2год немаше пиено антибиотик, болна така повеќе беше тогаш во Козле кога лежевме (пред 2г пред да почне Коронава) и толку, после тоа некои мали настинки само ама ретко. Незнам ств, двајцата 2г се супер, некој стомачен што закачивме сите комплет само, а со друго бевме супер... Ќе одиме утре да ја слушнат, па и крвна една пак, дека викенд да не ја мислам и да не ја носам по дежурни амбуланти... Ни сега други симптоми сега за сега нема, нема температура, само грдава кашлица:doh:
     
    На mal.ecka и BirMelek им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски

    Да, гранулоцити и леукоцити во глобала, плус и високо црп.
    Ова личи на вироза по крвнава слика, а и вирози знаат да дадат густ леплив секрет. Често сме носители на мораксела без да знаеме, децата обично се поосетливи на неа, ама за брзо време мислам дека се навикнуваат, оти ја има многу по градинкиве. Така што секретот може од вирус да бил.
     
    На Mila_Skopje и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Температура немаше? Мојот еве пред 3 дена качи температура до 38 степени, денеска цел ден нема ама почна да кашла по малку. Среќа утре сме на доктор да го слушнат пак, инаку од ова се плашам што те цитирав. Го закачи од стрина му која го зема на гости без да ни каже дека е болна, вчера ми вика имам малку бронхитче. Бесна сум. Се плашам да не му се случи истото, а не сум имала проблем со бронхитис никогаш, ни малиот, не знам како доаѓа до тоа и на што треба да пазам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Јас се зачудив искрено, не знам дали е случајност само или ова вирантото стварно помага, ама од досегашното искуство штом пријавеше симптом со носето, без исклучок тоа завршуваше со кашлици.
    Засега од мене има една голема препорака ова вирантото :)
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.252
    Пол:
    Женски
    5 до 7 дена.
    И јас би прекинала се друго додека давам виранто.
     
    На mal.ecka и SophiaBella им се допаѓа ова.
  13. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Имаше и тт, еден ден до 38.7, а другите денови максимум до 37.7, без сируп ја спушта сама.
    Прво почна да кашла, па после два три дена почна и да качува температура.
    Не знам колку деца со бронхитис начекав по ходниците деновиве.
    Нема што да пазиш, само редовно ќе го носиш на преглед да го слушаат и тоа, не плаши се ( ти велам јас што кревам паники за се и сешто).
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.150
    Допаѓања:
    76.033
    Пол:
    Женски
    А што е вирантото? :)
     
    На mal.ecka и SophiaBella им се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    17.615
    Јас друго се прашувам сега. По колку време може пак да се дава?
    Ете по 2 недели на пр пак има нешто (скраја да е) може пак да се почне? Тебе те цитирам, ама ако зне некој нека каже :D
    @mariz тоа е сирупче на природна база кое почнува да се дава првите 2 часа по појава на симптоми и спречува понатамошно развивање на вируси и бактериски инфекции. Мислам дека ок објаснив. Прогуглајте го стварно е добар.
     
    На mal.ecka и SophiaBella им се допаѓа ова.
  16. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    512
    Annath кога е вироза освен сируп за тт и она класичното течности дали треба нешто др да се преземи?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Па нема потреба, единствено може витамини, Ц, Д, цинк.
     
    На mal.ecka и Panovic им се допаѓа ова.
  18. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Не знам и мене истото ме интересира и чекам да кажи некоја поупатена, јас прв пат давам сега.

    @mariz како што кажа @Luna91 сирупче витаминско на природна база, јас дадов само што го сетив дека е малку како затнат, па си викам дека стварно помогна да не се манифестираат полоши симптоми.
     
    На mariz, Luna91 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ете го со бронхит и мојот :sweat: Ни на крај памет, среќа што закажав пред викенд.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.422
    Едно можеби глупо прашање,бронхитот му доаѓа бактериска инфекција, се пренесува ли на други и таа,како вирусни инфекции?